Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Некои ефикасни вежби за тренинг за сибирска хаска бидеејки почнува да излегува од контрола.. до сега имам го дресирано само основните вежби (седни,легни,дојди) ама почнува да ги игнорира мојте наредби,морам да го ставам во контрола..
И некоја храна како да можам да го поправам малце бидеејки малку ослабна (вештачка) или нешто природно да му подготвам
 
Колку е старо кучето? Истрчај го ептен што се вика јазикот до земја да му падне па после удри дресура и секако со награда за добро извршената работа.
За храна погледни во темата за храна за кучиња ќе најдеш доста корисни информации.
 
Тоа е проблемот што јас сум од кочани нема место каде да трчаме.. не смеам бес синџир да го шетам, оти нешто станува агресивен со други кучиња.. Инаку е стар 1година.. и некои вежби за дресура ако знаете да ми предложите(видео или текст како да го дресирам)
 
Ако станува агресивен или немал социјализација или брани територија и се чуствува доминантно. Тогаш на точак и така трчај го зашто рече дека е една година старо или некој затворен парк рано сабајле, покасно навечер.
За дресури и слично побарај низ нетов има милион работи исто гледај го и Цезар Милан неговите совети се доста корисни и навистина наоѓаат примеан во пракса. Има по торенти видеа и слично од него може да се најде.
За крај пробај сам биди упорен ако видиш нека не иде а работите бегаат од контрола барај стручна помош т.е. искусен дресер.
 
Тоа е проблемот што јас сум од кочани нема место каде да трчаме.. не смеам бес синџир да го шетам, оти нешто станува агресивен со други кучиња.. Инаку е стар 1година.. и некои вежби за дресура ако знаете да ми предложите(видео или текст како да го дресирам)
На Гоцева Шума, далеку е ама таму е најдобро. Пензионерите не прават проблеми освен ако кучето не оди кај нив.

И да, и да не е агресивно кучето, во урбана средина не се шета без поводник.
 
дали знае некој каде може да најдам добра маска за мојот пит, не пластична како оние портокаловите што насекаде ги има -.-
 
ЛУЃЕ ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ШЕТАТЕ И ШТО ДУШКА ИЛИ ЈАДЕ ВАШЕТО КУЧЕ!!! НАСЕКАДЕ ИМА РАСФРЛАНО ОТРОВ!
 
Очекувано ... зимскиот период е период кога најмасовно се трујат кучињата скитници.
За жал поради отровот кој што е наменет за уличните кучиња, настрадуваат и домашните кучиња, а може да се случи и некое дете да се отруе ... и како што е вообичаено во нашава држава никој нема да сноси одговорност.
 
Па има случај го даваа и на алфа, со отров за малку детенце не се затровило.
 
Денес кога се враќав накај дома, на автобуска станица во Скопје видов мало кутренце од расата Jack russell terrier, пријавив во станицата што е во железничка затоа што не можев да го земам со мене, не примаат животни во автобус или воз :( нити па бев во можност овие од анима мунди да ги известам во тој момент. Полицајците ми рекоа дека ќе го земат кутрето и дека ќе се распрашаат ако некој го изгубил сигурно ќе пријави негде.
Епа еве и јас да ви кажам ако некој знае или ако некој од сопствениците го прочита воа да знаете да се обратите во станицата што се наоѓа кај железничка за да ви кажат каде они го оставиле. Кутрето имаше црвено ремче околу вратот али не видов да пишува никакво име на него нити број... се надевам сопствениците ќе си го најдат...
 
дали може на пит стар година дена да му се дадат телешки коски? значи убаво исечени и сварени поголеми парчиња. мајка ми нејке да му дада да не се ":задавел" , "тврди" биле коските, па сака само сршта да му ја извади и даде!! ( ги свари коските)
 
Телешки коски можеш да му дадеш да јаде, пилешки е страшно да му дадеш да си ручка.
 
дали може на пит стар година дена да му се дадат телешки коски? значи убаво исечени и сварени поголеми парчиња. мајка ми нејке да му дада да не се ":задавел" , "тврди" биле коските, па сака само сршта да му ја извади и даде!! ( ги свари коските)
Слободно дај му ги коските ... нема ништо подобро од варена телешка коска, а воедно и забите се чистат и добри се за вилицата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom