The Following

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
The Following е нова трилер/крими серија која ќе почне да се емитува во 2013 година на FOX Телевизија. Сега засега нема некои многу големи информации за серијата но се очекува да биде доста добра со оглед на актерската екипа и приказната. На IMDB има ранг 9,8/10 што е неверојатно добро имајќи во предвид дека серијата сеуште не почнала да се емитува на телевизија. Секој што ќе дојде до повеќе информации нека ги постира на оваа тема.

MV5BOTc5OTc4MzM0NF5BMl5BanBnXkFtZTcwOTgyNzA4Nw@@._V1._SY317_CR2,0,214,317_.jpg


 
Ќе започне од 10 септември 2012 во 21:00 на FOX а сигурно следниот ден ќе може да ја симнат оние кои немаат FOX. :D
Повеќе инфо околу актерите имате тука
 
Kevin Bacon!!!!!!!!!!! :cuc:
 
Серијава ќе биде врв.
Или ќе биде страшно промашување како многу други.
Ќе се гледа во секој случај, па ќе видиме до каде ќе стасаат.
 
Или ќе биде страшно промашување како многу други.
Ќе се гледа во секој случај, па ќе видиме до каде ќе стасаат.

Не ми се верува да биде промашување. Актерската екипа е топ. Супер глумци одбрале.
 
fffca92f-63c3-43b0-8dc4-bd3d671a2906.jpeg
The Following е нова серија пордуцирана од FOX. Вчера беше емитувана првата епизода, која доби добри рецензии и моментално е оценета со 7.5 на IMDB.​
Серијата има извонреден ансамбл на актери. Во главните улоги се Kevin Bacon, James Purefoy, Natalie Zea и Shawn Ashmore.​
За што се работи:
Брилијаниот и харизматичен професор Joe Carrol ( Purefoy ), опседнат со делата на Едгар Алан По, станува еден од најопасните и најбарани сериски убијци од ФБИ. Тој го следи мислењето на По, односно верува дека смртта е највисокото ниво на уметноста и дека неговите убиства се всуштонст уметнички ремек дела. Во последниот обид за убиство, тој се покажува како невнимателен и е уапсен од агент кој го посветил својот живот на случајот.​
Пензионираниот федерален агент Ryan Hardy ( Bacon ), човекот кој го уапси Carrol и ја спаси неговата последа жртва, е повикан повторно да работи со Бирото, како консултант, со надеж дека неговото лично искуство и врската со Carrol ќе им помогне да го најдат.​
Мое мислење:
Првата епизода многу ми се допадна и мислам дека серијата има вистински потенцијал да прерасне во омилена серија на љубителите на хоророт. Има некои моменти кои ќе ве стресат, има и бруталност која не би ја очекувал од серија на FOX, глумата е прекрасна и има добар развиток на ликовите.​
Eве ви и два трејлери:​
Ви ја препорачувам да ја гледате и се надевам дека сите импресии/критики ќе ги пишувате овде.​
 
Изгледана епизодата и... (y)
Ќе ја гледам, ми се свиѓа ваков тип серии, а оваа мислам дека има потенцијал.
 
Ветувачка пилот епизода, ќе видиме како ќе се движи дејствието натаму(y)
 
Од една епизода заклучок не се носи. Да речеме дека пилотот беше солиден и можеби ветувачки.

Chucky, Декстер е сериски убиец кој убива други убијци. Тука најверојатно ќе имаме група на убијци која расте и која следи култ на еден психопат. Плус, убиецот овој пат нема да ни биде миленик како што е/беше ситуацијата со Декстер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom