Стеф редовно ги читам твоите мислења и совети во овој подфорум и мислам дека многу ми помагаат.Секојдневно минувам низ љубовни потешкотии,но благодарејќи на твоите совети успевам да пројдам полесно.
Може ли некој совет за "корпите" да ми дадеш,мислам дека многу тешко ги доживувам.
Ти благодарам,однапред.
Корпите се дел од животот,исто како успехот треба секогаш да го прифатиш тоа и да го надминеш тоа.
Прво нешто што ќе ќе те прашам е што е проблемот со корпите?
Страв од одбивање?
Не си доволно добар за неа?
Се плашиш од својата сексуалност?
Тие прашања и твојата потсвест тргни ги на страна.
Потсвеста твоја е најголем алат за успех во било што дали е жени,дали е работа што сакаш да ја добиеш и позитивното мислење кон себе е правилниот начин на гледање на работите.
На крајот на денот секоја корпа што сум ја добил ми кажала дека таа личност не е за мене или дека мојата енергија не е како што јас мислам дека е.
Е тука е бељата а жените се суптилни суштества можат се да те осетат што сакаш,во рок од 5 секунди.
Тие се движат од емоциите и колку и да сакаш некоја да ти биде твоја без ти да се сакаш себе нема ништо да успееш.
Можеби си млад но сепак ќе доживееш поголеми разочарувања од некој корпи,а тоа ти е како тест за издржливост,на крајот на денот барем ти направила услуга со тоа што ти рекла не,да не си го трошиш времето на неа.
Како да го преминеш тоа е многу долг процес на учење и исклучување на емоциите кога се пушташ на некоја,биди си најнормален и се што ќе каже девојка не си го ставај при срце.
Емоциите не се за давање и тие треба да се заслужат.
Тоа што би ти препорачал е градење на личноста ти и да не слушаш многу совети од секој.
Pick up artist се многу манипулативни работи и дел од нивните работи ги користам,дел не зашто не се што ќе прочиташ функционира.
Почни со себе:
Погледни се во огледало и кажи си ги сите позитивни работи за себе и за таа девојка што сакаш да ја имаш.
Замисли дека секоја девојка те посакува и ти си баран човек,ако не си ти препорачувам да најдеш некоја работа што ја сакаш и да почнеш да се отвараш према сите луѓе.
Потоа запиши си на лист што сакаш од некоја девојка:
Каков карактер,како треба да изгледа,што прифаќаш кај една девојка,што нема да прифатиш и биди маж кога ќе ја премине таа линија биди спремен да ја замолчиш и да ја казниш со тоа што ќе се тргнеш и ќе и кажеш дека нема да ги трпам твоите драми и кучкести понашања,јас сум тој што ја води ситуацијата и јас одлучувам што ќе биде со нас,не обратно.
Работи што треба да ги подобриш:
1.Самодоверба
2.Хумор
3.Комункативност и луѓе
4.Статус
5.Да имаш барем 5 другарки што имаат добро мислење за тебе
6.Да си добар љубовник
7.Амбиција
8.Лидерство
9.Изглед
10.Стил
Последно нешто што ќе додадам е прави си ти како што си замислил и прави го тоа што сакаш,на патот на успехот ќе зграпчиш нешто.
И не се срами од тоа што си,но секогаш подобрувај се во секој аспект.
Тоа е мојот совет