Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој инфо за демографија на испит?! Знам дека е лесно, ама вака дали е на пишување/заокружување и што се паѓа најчесто?! :)
 
Лесен беше испитот денес бе, бар групата од 11 часот, од 8 гледам потешки малце ствари според мене. :)
Е што ви се падна во 11 часот? И дај колега прати ако имаш задачи што се паѓаат со решенија.
 
Лесен беше испитот денес бе, бар групата од 11 часот, од 8 гледам потешки малце ствари според мене. :)
Абе аjде... интеграл даде кретенот, и биномна вероjатност. Во групата од 8 имало топчиња :(
 
Сакам да прашам дали некој ако отиде на испит и извади поголеми бодови ќе има поголема оценка од некој што извадил помалку на колоквиум? Т.е зборот ми е дали имаат некој бенефит оние што положиле на колоквиум од оние на испит?:)

Немаат друг бенефит сем тоа што го полагале на 2 пати и со помалку материјал...Некогаш е поголема веројатноста на испит да добиеш повисока оценка отколку на коловиум. Тоа е тоа :)

Неточно. На испит можеш да извадиш повисоки поени и да добиеш пониска оценка од некој што имал пониски поени на колоквиум.
Многу професори не ги признаваат семинарските на испит, ниту пак списоците за редовност. Со други зборови, ако има вкупно 100 поени и си извадиш 86, ќе имаш 9ка.
Друг студент можеби ќе извади 40/50 на првиот колоквиум и 42/50 на вториот, и ќе има вкупно 82 поени. Ама ќе добие поени од редовност и/или ќе изработи стручен труд за дополнителни поени (најчесто 10) и ќе добие 10ка.

Тоа е разликата, што најчесто не се признаваат семинарските, поените од активност и редовност на испит. А, тежината на материјалот (200 =/= 400 страници) е друго прашање.

Ова го зборам во глобала, се зависи од предметот. Некои професори немаат никакви дополнителни поени, па ти е сеедно дали ќе одиш на испит или на колоквиум. Други ги признаваат и семинарските на испит. Ама најчесто е како што пишав погоре.
 
Е што ви се падна во 11 часот? И дај колега прати ако имаш задачи што се паѓаат со решенија.

Па имаше веројатност што според мене е доста полесно од што дал извод и интеграл заедно во групата од осум. Јас имав интеграл, но не го решив, и матрица имаше систем равенки лесна беше таа. Амортизациониот план беше гола вода, исто и веројатноста за 2 минути се решаваше. Што знам од шест три ипол решив ваљда сум поминат.

Се падна од збирката иста К8-3 од 2009 збирката што е, другите не ги запамтив. А бином беше кажано дека ќе го нема, а ете дал во првата група. Интеграли исто кажаа дека поретко се паѓат но имаше.
 
Има ли резултати по Економски развој кај Гоце Петревски ??
Ако знае некој, нека пише.
--- надополнето: Jan 21, 2013 8:15 AM ---
Има ли резултати по Економски развој кај Гоце Петревски ??
Ако знае некој, нека пише.
 
Тие што се запишавте оваа година... дали ви даваа цедиња со студиска програма?

Јас имам едно цд дома, водич низ студиите, само не ми текнува дали ми го дадоа кога се запишав или го земав кога беше саемот на книга

Иначе дајте некој совет постарите што да земам изборни предмети втор семестар, кои се најлесни?:icon_mrgr:
 
Дали ќе има казнена сесија у март/април?
 
Некој ако знае што е скратено по претприемништво ве молам пишете.
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 00:24 ---
Дали ќе има казнена сесија у март/април?
Се надевам.
 
Има ли резултати по Економски развој кај Гоце Петревски ??
Ако знае некој, нека пише.
--- надополнето: 21 јануари 2013 во 09:15 ---
Има ли резултати по Економски развој кај Гоце Петревски ??
Ако знае некој, нека пише.
Има резултати кај Гоце можно е попосле да идам да ги сликам.
 
IMG_20130122_142834.jpg

Еве резултати економски развој.

Не знам зошто ја дава вака превртена сликата.
 
Има информација некој колку прашања ќе има економија испитот?
и
дали знае некој каде да одам утре да прашам зошто ме нема на список за полагање? :D
 
Колеги може ли да ми кажете дали професорите по меѓународна економија и интернет маркетинг бараат присуство?
 
Некој да сподели искуство со предметот УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ? Лесен/тежок ... вреди да се земе за изборен ? ФАЛА
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 23:21 ---
Колеги може ли да ми кажете дали професорите по меѓународна економија и интернет маркетинг бараат присуство?

Интернет маркетинг не бара присуство, има ако сакаш да одржиш презентација за плус 10 бода и тоа е тоа.
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 23:21 ---
Некој да сподели искуство со предметот УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ? Лесен/тежок ... вреди да се земе за изборен ? ФАЛА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom