Прво и основно, никој не го обожуваа крстот, оти крстот не е бог, па тоа да биде причина за негово обожување. Обожувањето на крстот би било школски пример за идолатрија, каде наместо Бог, се обожува замената за тој бог.
Крстот, како предмет, е симбол на христијанската вера и верните во таа вера, а ја симболизира победата Христова над смртта, оти Христос, иако беше распнат на крст, токму на крстот ја победи смртта, воскреснувајќи по Своето распетие.
Крстот е симбол и на простувањето: доброволно распнат, Христос ги зеде сите човечни гревови на Себе и со тоа, Он ни‘ прости се‘ што може да им се прсти на луѓето и на нивните/нашите/моите гревови.
Воедно, крстот е сила од која бегаат демоните па не случајно постои „онаа„ народната: „...Бега како ѓаволот од крст....„.
Крстот е знак со кој се осенуваат православните верници, исповедајќи дека се следбеници Христови.