Келнерите низ локалите

Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Во последно време незнам што им е на келнериве низ кафичиве.Нарачувам кафе и нигде вода не ми носат освен ако сам не си побарам.Изгледа почнаа и на вода да штедат:)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.051
Во последно време незнам што им е на келнериве низ кафичиве.Нарачувам кафе и нигде вода не ми носат освен ако сам не си побарам.Изгледа почнаа и на вода да штедат:)
или изгледа треба флаширана да бараме, или пак фала да кажеме кога ке ни донесат.:rolleyes:
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Одам во диско во ванила во скопје и на 10 пијачки не ми врака кусур хахха
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
.......................
Да, јас си ја најдов работата, али вие шо седите по локалите може да бидете малце пофини!!
Во локалот каде работеше ти, дефинитивно има најлоша услуга во цело Скопје. Иако е место на кое редовно одам кога има сонце, само не во шпицот, зошто тогаш можеш само да се изнервираш. Во тој локал има 2/3 келнери на 50 маси, невозможно е да стасаат и дадат услуга како што доликува. Затоа муштериите се нервозни и викаа по вас, зошто навистина за едно кафе да порачаш ти требаа 20 мин, додека го донесат кафето уште 20 мин и после имаш 30 минути бркање на келнер за да платиш. Вода ако сакаш е тогаш си се заебал начисто. И така изнервиран ќе си заминеш.
Газдата е толку скржав на келнери што од авион се приметува. Страшна услуга има и сите оние кои се побуниле било во право со сигурност. Иако не си веќе таму, уште се очајни :)
Во Ли ми се најпријатни дечките, кога има гужва може и да почекаш 5 минути, но ништо страшно. Во круг исто така се фини и во коктел барот. Не експериментирам во последниве години со други кафиќи, знам каде ми е најубаво.
Но неможе да ме извади од такт келнер, колку што може тоа да го направи гостин. Имав една сцена со еден пријател седиме на кафе, доаѓа дечкото да не послужи најкултурно ги носи кафињата, насмеан, фин без забелешка. Во меѓувреме заборавил дека пријателов сакаше макијато со ладно млеко, леле кога се напали човеков, посакав земјата да се отвори и да ме снема. Викам полека бе човек да ти го турам у кафето, имај осет малку каде се наоѓаш и како се обраќаш, демек во грло ќе ти застане ако е со топло млеко. За што луѓето реагираат погледнете, за млекото во кафето. И еден апел до сите вие што пиете некакви измислени комбинации, од типот мало макијато во голема чаша, макијато со ладно млеко, макијато без пена и незнам уште каква не глупост немам чуено на маса, би сакала да ви кажам дека сте напор жив!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
демек во грло ќе ти застане ако е со топло млеко. За што луѓето реагираат погледнете, за млекото во кафето. И еден апел до сите вие што пиете некакви измислени комбинации, од типот мало макијато во голема чаша, макијато со ладно млеко, макијато без пена и незнам уште каква не глупост немам чуено на маса, би сакала да ви кажам дека сте напор жив!
Лесно е да се прогласи некој за удав, ама има добра причина и информиран си е човекот за реакцијата со млекото. Тој делот на кафематот на кој се загрева млекото, во огромен дел кафулиња не е воопшто исчистен како што треба, дури и згрутчени траги од млеко на истиот се чести остатоци, потоа ѓезвето со не знам колку пати претоплувано млеко, на лето стои отворено на 40+ Целзиусови, чест случај е и инсекти да долетаат во него, ама и тогаш не се фрла млекото, туку удавените инсекти... И да, на истиот тој дел се ,,мати,, пена за капучино и сл.

Не се сметам себеси за досаден и напорен гостин, ама па на некои нешта поврзани со хигиената и здравјето секако дека ќе одреагирам, повеќе отколку на време на чекање на услугата, ама секој со приоритетите...
 
Сум била келнер, знам колку и како стои млекото. Затоа ќе си порачате друго кафе, наместо макијато кое знаете како се прави, без да мора да дигате паники во кафичи.
 
Зошто да порачувам друго кафе, кога едноставно барам директно од тетрапакот да ми биде турено млекото, наместо да биде затоплувано? Ни барам некаква посебна услуга, ни малтретирам некого, напротив временски побргу се изведува мојата нарачка...

И од каде ти е чудната идеја за паника фактор, ако човек си има точно специфицирана нарачка :confused:?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зошто да порачувам друго кафе, кога едноставно барам директно од тетрапакот да ми биде турено млекото, наместо да биде затоплувано? Ни барам некаква посебна услуга, ни малтретирам некого, напротив временски побргу се изведува мојата нарачка...

И од каде ти е чудната идеја за паника фактор, ако човек си има точно специфицирана нарачка :confused:?
Твојата нарачка најлесно се заборава, бидејќи се памети само кафето. Повеќе специфицирани нарачки, повеќе грешки, повеќе грешки повеќе реакции, итн. Никој не ти забранува да порачуваш било што за свои пари, само реакцијата при грешка да биде културна. Ако е топло млекото во макијатото не треба да разберат и на северниот пол.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Твојата нарачка најлесно се заборава, бидејќи се памети само кафето. Повеќе специфицирани нарачки, повеќе грешки, повеќе грешки повеќе реакции, итн. Никој не ти забранува да порачуваш било што за свои пари, само реакцијата при грешка да биде културна. Ако е топло млекото во макијатото не треба да разберат и на северниот пол.
Види, сега се фати ти за реакцијата, никаде не реков дека оправдувам бурни реакции, јас го коментирав повеќе делот околу тоа дека типот на нарачката не секогаш е од каприц, туку може да е чисто практичен, а во секој случај, иако повеќето мислат дека келнер може секој да работи, сепак добриот од лошиот келнер се разликува токму во капацитетот на меморијата и доставувањето на правилните нарачки...
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
А зошто во последно време келнериве во Скопје не враќаат кусур?? За месец дена двапати. :eek:
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.051
Паметниот памети, глупиот пише.
веке у последно време мислам оти Скопјено е модерно или? нема ли ,,хенд-ови? па да си куцат директно?

леле па Скопје е држава како така? на лист и пенкало? срамота
 
Kajgana Shop

На врв Bottom