- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.120
- Поени од реакции
- 14.270
Чувство на гадење.
Истите луѓе се реизбрани на истите позиции. Италијанскиот фудбал тоне во море без дно. Клубовите се заглавени во 90тите, никој не појавува ни минимум желба за одење напред.
Клубови стартуваат со минус поени, навивачи прекинуваат натпревари, се тепаат тренри и играчи, се пцујат судии, Претседатели организираат бунга бугна журки, се местат натпревари, не се почитува локална власт и забрани, се даваат службени бодови, се игра на неутрални терени. . .
Ништо не се менува, очигледно времето застанало во оваа лига. Лигата паѓа на официјалниот ранг, а места по европските купови се губат секоја сезона!
Ако во нивно време се случувале сите овие скандали, тогаш и понатаму ке продолжат да се случуваат.
Врти ја како сакаш, тука постои конфликт на интереси.
Ај вака... Каква е твоето несогласување со Галијани? Со кои негови ставови не се сложуваш? Дали е во право кога ги детектира проблемите во италијанскиот фудбал?
Во која лига не се пцујат судии? Чекај, во Англија имаше истрага и казни за расизам против фудбалери... Како бе, јас мислам негативни работи има само во Италија?! Што може да направи федерацијата освен да ги казни тие фудбалери? КАко и што ги казнува... Барем повеќето, Мирко може да пцуе и без да биде казнет.
И мешаш кои работи треба да ги направи државата, кои федерацијата, а имаш и куп глупости.
Околу безбодноста на стадионите најмногу треба да се гледа кон државата. А нели и мерките кои што беа превземени против навивачите станаа главен проблем за проблемот во кој се најде италијанската лига? Еден куп такви статии се изначитав.
Околу инфраструктурата повторно најмногу треба да се бараат поволности од владата и од локалните заедници. Дали преку намалување на даноци, кратeње на давачките кон градовите, поволности при купување на добри места на кои би се граделе нови стадиони и сл.
А дека ти е целта да мрчиш за Милан, а демек ти е до муабет за фудбалот во Италија се гледа и од муабетите за Берлускони.
Демек некој претседател на италијанска федерација може да влијае на тоа каков секс ќе има и со кого Берлускони? И демек тоа влијае врз квалитетот на фудбалот во Италија? Ако престане Берлу да има секс, фудбалот во Италија ќе процвета... Добро, може ако ти веруваш дека Берлу парите што треба да ги вложи во фудбал ги фрла на курви, па така пати фудбалот во Италија. Но, и така губи само Милан, имаш други претседатели кои слабо се сексаат, па не гледам дека имаат повеќе успеси од Берлускони. А бе него цел живот го пратат афери, а во Италија неколку пати победува на избори и тие немаат проблем да им ја претставува државата, а ти тоа го набројуваш во први пет проблеми во италијанскиот фудбал. Замисли некој да напише дека најголем проблем во италјанскиот фудбал е тоа што има претседатели кои се пијанчат!? Знаеш за кого зборам.
Стварно постои конфликт на интереси. Интересниот сексуален живот на Берлускони е во конфликт со фудбалот во Италија. Што повеќе секс има Берлускони, толку квалитетот на лигата опаѓа.
Треба да го средат даночниот систем, да бидат земја погодна за инвестирање во спорт, да направат поволности за градење/обновување на стадиони. Тоа се работи за кои треба да се разговара, а не за тоа кој кого пцуе и кој кого дупи.