Ни еден од Тореро, Манџукч, Пизаро и Гомез не е врвен напаѓач.
Гомез затоа што е веројатно психички најслабиот професионалец на планетава. Мора да му биде погодено каде игра затоа што ако го играш надвор од позиција губи самодоверба, ако го извадиш затоа што не му е денот губи самодоверба, ако купиш друг напаѓач што може да му го земе местото пак губи самодоверба...
Самото тоа што Ван Гал не го сакал Гомез треба да ти биде индикатор какво ќе му биде мислењето на Пеп за него. Ван Гал има огромно влијание врз размислувањата на Пеп како тренер.
Иначе да. Виља може да изигра уште 2 сезони. Под услов да не игра како крило затоа што веќе нема кондиција да трча 50 метарски спринтови при секој напад ама во Баерн покрај Рибери сигурно нема да игра по левата страна.
Како централен напаѓач е добар како и секогаш. Дај му топка било каде во и околу шеснаесетникот и чекај. Моментално ни е втор најдобар стрелец сезонава и покрај тоа што нема изиграно ни една цела утакмица.
Многу работи не можам да ги сфатам во твојов пост.Како прво кај виде или пак кај осети дека Гомез е психички нестабилен.Мислам дека Баерн си го гледал само кога играле против Барса.Гомез дојде како големо засилување и платија за него во тоа време вртоглави 30милиони евра за Бундеслигата.Потоа Ван Гаал доста често не го играше во прва постава а ги форсираше Олич и Клозе.Тој си работеше и стрпливо си ја чекаше шансата.Замина Ван Гаал а Гомез за две сезони даде вкупно за Баерн Минхен 80голови.Нешто не се поклопува со твојата теза дека не бил добар напаѓач.Единствени играчи што го сакаа Ван Гаал беа Робен + Милер и Бадштубер бидејќи ги направи респектирани фудбалери.Немам замерка за Ван Гаал кога почна бидејќи направи доста со просечна клупа и играчи кој не би играле ни во Хофенхајм но последната сезона тој ги изгуби конците како што Мурињо ги губи годинава во Реал.Истите срања почна да ги прави а Мурињо е наследникот на Ван Гаал па се гледа кој му е туторот.

Добри тренери но големи егоисти.
Гомез никогаш не се побунил досега во Баерн кога го изваѓаат од терен или кога не стартува од првата минута.Тоа е точно во случајот на Робен,Рибери па и Швајнштајгер но Гомез е работник кој не се буни никогаш.Еве годинава ист ќе биде случајот.Имаше долга повреда и сега може да се рече дека му е резерва на Манџукич но стрпливо ќе ја чека шансата.
Еве ја ти тврдам дека Гомез ќе биде класичен напаѓач во тимот на Пеп и сигурен сум дека Пеп повторно ќе проба како во Барса со Ибра.Е сега дали ќе му успее ќе видиме но шансите се поголеми бидејќи Гомез не е тип на Ибра кој не го боли стапот за ништо.
За Виља можеш само да се надеваш дека може да изигра уште две врвни сезони.Ова исто ми звучи како јас да се надевам дека Робен ќе жари и пали.Не викам дека не можат на неколку натпревари да одиграат врвно,но контстанто во цела сезона може само да се надеваат да играат како во минатите години.Реалноста е таа но треба да се прифати.
И за крај само ќе ти речам.Гомез е тип-ин напаѓач кој си чека топка во петерецот но иста така за својата височина и тежина и тоа како е брз и агилен и може да издрибла но примарната цел му е да си чека шанса во петерецот.Никој не треба да го споредува со Меси,Виља,Кавани,Фалкао,Бензема итн бидејќи тие иако се напаѓачи, играат поповлечено и можат за око да се убави со дриблинзи,пасови итн но не треба да се рече дека Гомез не е еден од најдобрите напаѓачи на денешницава.Не може да се спореди со Меси,Роналдо,Фалкао но ретко кој друг напаѓач би бил нешто подобар од Гомез.Исто можам да речам еве Роналдо прави дриблинзи и некои глупости но Меси е ѕвер за него,не треба да се глупира бидејќи ефикаснота е битна.Ти може да си веруваш во што сакаш но статистиката си говори дека Гомез е најдобриот напаѓач во Бундеслигата во 21-ви век а ништо полош не беше ни во Лигата на Шампионите во последните две години со 20гола од 20 натпревари.