Постои ли објективен суд за квалитетот на уметноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата King B
  • Време на започнување Време на започнување

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
- - - - -

943774-nature-morte-aux-tulipes.jpg

"Nature morte aux tulipes"
Picasso

Сликата е продадена за 41,5 милиони долари.​

- - - - -

The%20power%20and%20the%20Glory2.jpg

"The power and the glory"
Ray Caesar

Далеку помалку познато дело, продадено за многу пониска цена.​

- - - - -

Постојат ли критериуми во уметноста кои можат да убедат едно општество истата да ја поддржи? Има ли објективен начин некои дела да се оценат како супериорни над останатите?
Постојат ли одредени спецификации според кои можеме да оцениме каде едно дело се наоѓа на таа хиерархиска скала на квалитет?

Дали е потребно делата да поседуваат некакви естетски алатки со кои би ги манипулирале нашите емоции со цел да предизвикаат симпатија или можеби нешто друго..?

Кое е вашето мислење на темава?

Ако сметате дека постои таков објективен суд, кои фактори влијаат врз позитивната оценка и вреднување на делото?
Ако не, како ќе ја објасните разликата во успешноста на различни уметнички дела?

Напоменувам дека темава се однесува на сите видови уметност; музичка, филмска, ликовна, драмска и така натаму..
Повелете :)
 
Не постои
Ван Гог за време на својот живот, продал само една слика
Бах, ќе беше наполно заборавен, да не беше Менделсон

И кој знае уште колку уметници се заборавени низ вековите што поминаа
 
Не постои
Ван Гог за време на својот живот, продал само една слика
Бах, ќе беше наполно заборавен, да не беше Менделсон

И кој знае уште колку уметници се заборавени низ вековите што поминаа
Тогаш, зошто одредени уметници се попознати и поуспешни од другите? Што имаат тие што толку ја освоило пошироката публика? Мора да исполнуваат Некаков критериум врз чија основа се одвоиле од остатокот :)
 
Oд истите причини од кои што некои сулуди религии опстанале и ја обликувале историјата на човештвото, а некои многу пологични и порационални исчезнале во заборав. Се работи за игри на случајот, политички одлуки, а во случајот на уметноста и бизнис одлуки.
 
Мислиш на мецени и спонзорства што придонеле кон популаризација?
 
Мислиш на мецени и спонзорства што придонеле кон популаризација?

И тоа. Денес и медиумите играат голема улога. Ако некој има интерес нечие дело да биде прогласено за ултимативна уметност, а при тоа има контрола врз медиум, многу лесно може да го постигне тоа.

Уметноста генерално е ќор сокак, пропаднат проект на човештвото... ;)
 
Се согласувам, иако сметам дека барем на уметноста треба да и се даде простор сама да им прозбори на луѓето и да се подложи на општа критика, наместо само на општа согласност :)
Инаку зошто пропаднат проект на човештвото? :icon_lol:
 
Мислам дека се е до вкусот на поединецот кој ја конзумира таа уметност.
 
Квалитетот (или неквалитетот) на страна, дали некој уметник ќе добие име често зависи од случајност, богатството на колекционерот или мецената како и среќата некој да те подбутне во прав момент и на вистинско место. Спротивно ќе си умреш непознат па после твојата смрт (евентуално) делата ќе ти постигнат милионски суми и ќе богатат некој колекционер кого го интересира твојот потпис на делото а не самото дело или некој музеј кого исто го интересира пред сѐ твоето име за да попуни колекција.

Ова важи за визуелните уметности(сликарство, вајарство, графика итн.) за музика и останатиме уметности е сепак малку подруг криериум и без разлика што пак се бараат среќа и контакти (и вистински мецена) квалитетот е некако померлив и поевидентен :) .

Што и да правиш ти требаат вистински контакти, талентот е битен ама е сепак секундарен :).
 
Oд истите причини од кои што некои сулуди религии опстанале и ја обликувале историјата на човештвото, а некои многу пологични и порационални исчезнале во заборав. Се работи за игри на случајот, политички одлуки, а во случајот на уметноста и бизнис одлуки.
Не е баш игра на случајот. Како и религиите, и уметноста е миметички паразит во културата. Има точно одредени причини зошто извесни мимеа опстојуваат и се размножуваат а други не. Ако измислиш религија што ја прави жената машина за раѓање деца, ќе завршиш со религија што упорно штанца дронови и се самоодржува, како исламот денес, или христијанството пред 500 год. Нешто слично е и со уметноста.
 
Ќе ти одговорам, но прво кажи ми што мислиш, која е целта на уметноста? Зошто воопшто постои уметност? :)
Според мене, целта на уметноста е да користи како јазик или медиум за човековите мисли и емоции.. Постои затоа што луѓето едноставно сакаат да ги споделуваат истите :)
 
Не е баш игра на случајот. Како и религиите, и уметноста е миметички паразит во културата. Има точно одредени причини зошто извесни мимеа опстојуваат и се размножуваат а други не. Ако измислиш религија што ја прави жената машина за раѓање деца, ќе завршиш со религија што упорно штанца дронови и се самоодржува, како исламот денес, или христијанството пред 500 год. Нешто слично е и со уметноста.

Многу е комплицирана темата за ваква чат пат дискусија. Прво мора да го дефинираме поимот уметност. Мора најпрво да видиме што и дали нешто воопшто им е заедничко на една книга на Достоевски и на некоја вазна од Минг династијата. Мислам дека терминот уметност нема толкава носивост да ги носи на себе сите оние човечки артефакти што милуваме да ги нарекуваме уметност. Еднаш од кога ќе го дефинираме поимот, можеме да зборуваме за објективни и субјективни критириуми во одредувањето на вредноста на едно уметничко дело.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom