Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.319
- Поени од реакции
- 12.336
Не знам што да ти речам... сите јогини советуваат тишина, одморено, опуштено кое со текот на асана добива крутост итн итн...
Ако некој полуди од тишина, неков проблем, нека си се врати во бучавата слободно. За постигнување Самади треба волја, работа, контрола на умот, здивот, телото, светот околу тебе за да не ти смета ништо во твојата и само твоја работа.
Не знам јас како ти би изведувал пранајама со изморено тело...
Тоа ти е како да си трчал 4 километри без престан и веднаш да си пробал да пиеш вода од шишенце! Така ќе го контролираш здивот (пранајама е гранка за контрола на здивот и праната низ телото и + уште нешто)?
Јога значи единство, заморено тело со одморен ум не бидува, мора и двете алатки да се одморени

И точно, ПатанЏали би се чудел на „инвентивноста“ на луѓето чија цел им е да му ги избегнат „стапиците“ за постигнување Самади, преку осумте гранки на јогата, во која медитацијата е 7-та по ред гранка...
И така... јас си стојам на ставот дека за до медитација треба да се усовршат претходните 6 гранки за да не го заморува човекот ниту минатото, ниту сегашноста ниту телото, ниту умот, да се урамнотежи животната енергија, да се концентрира силината на умот во една насока и една точка... па потоа да се собере и искористи целото тоа искуство во 7-та гранка (дијана = медитација) за да се контемплира целиот тој универзум за да се постигне Самади. (не раскажувам сказни какви се импресиите, постигнувањата при различните пракси низ седумте гранки на Раџа Јога на Патанџали, бидејќи такви книги има милион, и голем број на луѓе трчаат да ги читаат тие книги, можеби за да добијат брзо резултати, и дозволуваат намерно или не, умот да си игра со нив и да ги лажи дека ги имаат истите тие искуства. Наместо умот да биде послушен, човекот станува роб на сопствениот ум и умот почнува да фантазира и да бега од задачата која сакате да му ја дадете. Умот е многу мрзлива работа кај човекот. Воопшто не сака да работи. Ќе ви измисли цели светови само да не мора да работи (како на пример пробајте ги праксите за дарана - 5та гранка од Раџа Јога).
Јас не знам кој е главен, кој е битен дел. Сите гранки од Раџа Јога се битни за мене бидејќи тоа е ланец кој ако една алка е слаба, слаб е целиот синџир и човекот само ќе се фрустрира, ќе забегува наместо да дојде до таа точка да медитира и да се стреми со контемплација да постигне Самади.
Такви има премногу... фантазијата и контемплацијата не се многу далеку една од друга. Праксата покажува кој е што: јогин или фантазер. Друг лек, нема за да се препознае вистинскиот.