За лоша економска состојба неможе да бидам јас виновна, Железара или Југохром. За лоша економска состојба во земјата е виновен оној кој ја води државата. Пред 15 години е виновен еден, денес е виновен друг. Тој пред 15 години изналупа во администрација и ќоро и сакато за гласови, денес овој ја дуплираше. И тогаш беа со книшка и денес се, тогаш со врски и денес исто. Ти гласаш програма и ете ти ја програмата во фаца. Неможе Јанко и Петко да се криви за цела економија во државата. Јанко може да биде крив за Јанко Дооел, а Петко за Петко Дооел.
Вие адмнистративците ккао мислите дека се делат плата? Како кај вас? Спиј цела недела и имаш плата? Најозбилно знаете кога се дели плата, кога ги покриваш сите расходи па плата или како кај вас плата па ако има пари ќе им платиме на фирмите? Што е со фирмите кои се заглавени и банкротираа од државата, реновирање на канцеларии, клими, златни вилушки? Кој е крив што они банкротираа, Железара?
Тој што работи за мене зема плата колку што заслужил и има за плати. Плата од небо не паѓа тоа само во администрација. Овде се работи, има бонуси и казни. Плата колку што ќе извадиме, немам јас буџет кој ми го полниш ти и трајанка од бирото, буре без дно па јас да вадам и давам колку што ќе посака некој.
Вие се раните од се, буквално од се. Види како сте почнале да размислувате Џонсон Контрол ве ранел, вие ситниве не ве ранат

Отворете прозор во канцеларија да ви влезе свеж воздух.
Ти го цитирам ова мислење дека последно.
Ај реално да зборниме. Ме познаваш лично, сме седеле, претпоставувам колку толку имаш некое мислење формирано за мене. Знаеш дека сум економист, знаеш дека „волонтирав“ една година за да му го полнам џебот и да перат пари преку мене во невладина. Знаеш дека пред некој период те прашував за увоз, значи сакав да отворам бизнис. Не отворив оти „добронамерно“ бев советуван дека нема да ми се исплати. Од друга страна и пријатели што почнаа а не лижат газови како што кажа ти ги затворија бизнисите ради казните што ги попијаа. Значи гледаш дека се трудам, барам начин да можам сам да почнам да егзистирам и не седам само по форуми да се плачам. Во Прилеп на една рака се бројат фирми што вработуваат, и таму со амин од градоначалникот се влегува.
И сега јас кажи ми што да прам? Да кренам раце од животов, и ко некој погоре шо кажа оти не викале македончиња наместо Македонци, вака поарно че умрам одколку вака да живеам?
Не бе Леандра. И мене ми се крева притисокот ко че видам некој неписмен во администрација втеран во место што го измислиле за него. И си викам, ебаго овај ко можи да стаса на вакво место јас ебан во уши сум да не можам? И шо прам. Вадам книшка партиска, се истакнувам меѓу полупростите, одам нагоре хиерархиски, и на крај или че си почнам бизнис кај што нема да добивам „пријателски“ совети дека нема да ми тргни. Или крај краева че му го земам работното место на тој шо го спомнав погоре неписмениот, и нема да имам ни грам грижа на совест, оти знам дека повеќе го заслужувам. Партиски сум го зел? Да. Има друг начин? Не.
И јас се залетував така, дека можи да сменам како функционираат некој работи. Еве и пример че ти дам. Знајш дека сум ДЏ. Во градов има 10 ДЏ-и. Знајш дека имав сигурна работа. Малку пари, ама сигурни. Ајде да се напрам арен, ги собрав сите 10 души, се договорив да си ја качиме значително цената, со тоа што че откажам јас и уште еден другар од најдобрите кафичи во Прилеп, да се ослободат местата, и да биди за сите 10 души убаво. Ем за сите да има, ем да ни биди платен трудот. И шо се случи, од 10 души, колеги, другари, 5 ме заебаја. 2 ни ги фатија местата за дупло помалце пари, 3ца ни туркаја цена. И тоа ова во првите 3 викенди. И на крај јас најмногу ебан.
Зошто го кажав примеров. Општествово ни функционира така. 10 души не можат да се договорат, камоли 100 000.
И јас се помирив со фактот дека така функционира општеството, и се адаптирав на него. Истиов јас, да сум на друго место нема вака да функционирам, ама пошто овде општеството е такво, така ќе функционирам и јас.
Еден живот имам. Планирам да си го изживеам убаво. Ако единствена можност за да стасам до тоа ниво е партија, партија нека биди.