Kurtlar Vadisi - Долина на волците

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
И сител не беше нешто и таа беше таква само што таа ги делеше на 2 дела епизодите од 5-тата сезона беа помали, но оваа од 6-тава беа од 90-120 мин. Исто и со следнава 7-ма сезона ќе биде поделбата на 3 дела.

Незнам дали ќе се сложите со мојава идеја знам дека некој од телевизииве на форумов ја чита оваа тема па би му предложил следнава сезона да одвојат термин од 21 часот до 23 часот за долина на волците и цела епизода да даваат поарно е во сабота и недела да даваат цели епизоди да нема делење поарно викенд да се чека, а не вака 5 дена и баш на најочекуваниот момент кинат со реклама и плус викаа продолжуваме останете со Канал 5 и после даваат следно во наредната епизода погрда работа од тоа нема. Па како можат во турција во четврток игра секоја епизода цела колку што си е да е даваат а кај нас да не мамат со израстоци на серии кога една сезона викаат во турција е една тоа значи една а не три дела, и една сезона има 33 епизоди а не 79 како што направија со 6-тава сезона. Јас сум ЗА ЦЕЛА СЕЗОНА од серијалов Долина на волците - Замка (или Заседа кој како му одговара) во викенд издание целосна епизода. Толку од мене засега.
Повеќе пари праат од реклами ако ја даваат секоја недела плус им го пополнува просторот, пошто нашиве телевизии без серииве немаат што да даваат
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Па пробаа со ставање во сабота и недела, па поради жалби од гледачите ја вратија од понеделник до петок. И не смее да се дава пред 22 часот зошто е за лица над 16 години.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ова ќе биде како Бурни времиња....
Не смее ме да брзаме,да не го видиме крајот пред Турцијааааа
Е ај ќе успориме малку:facepalm:
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Не,оваа последна серија навистина беше последна од 6та сезона така исто завршува како што даде канал 5 немаа скратено ништо јас ја гледав епизодата на интернет. Само што секоја епизода трае точно по 120мин а овие од канал 5 ја кратат и прават по 80 епизоди од една сезона. Ама искрено готово веќе нема да е тоа тоа во новите епизоди без еден главен лик џабе им е подобро да не прават повеќе нови серијали зошто ке ја изгубат славата ке станат досадни
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Мислам досега од трејлерите и коментарите кај што сум видел задоволни се од 7-ва сезона, сепак Мемати им фали на многумина но тоа е ... Но ќе има доста нови ликови во оваа сезона и така...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Новата сезона на Долина на волците е најгледана во Турција, погледана и од Величествениот.
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Кај нас дури почнат да ја даваат ке дојде 2019год. Само да не ја откупи пак канал5 катастрофа се
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Кај нас дури почнат да ја даваат ке дојде 2019год. Само да не ја откупи пак канал5 катастрофа се
А бе не да се катастрофа Канал 5 се ненормални 40 мин даваа од серијата со 3 блока реклами од по 4-5 мин во кој последниот блок им беше за никаде и да тие си ги делат епизодите како им одговара нив според времето од премногу ‘‘ЈАКА‘‘ програма има што да се гледа на телевизијата немаат време за една цела серија да даваат која јака програма се на тинтарено е како во зоолошка градина серија до серија од сабајле до сабајле поврзано те репризи те реклами те нешто глупости истото е и со другата телевизија која ја даде 5-тата сезона само да се тура во термини и во серии наместо да смислат некоја идеја а да таа идеја се плаќа но газдите несакаат да платат на идејата сакаат парите кај нив да си стојат да спијат мирно малку излегов од колосек во темава но така ми тргна муабетов лесно и навлегов во друг ресор ај се читаме понатака пак за муабет со темава.
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Има уште една сезона 7-ма по ред во фаза на снимање е досега се прикажани 17 епизоди од новата сезона во Турција.
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Информација за финалето од седмата сезона е најавено за 6 јуни 2013 година... Сигурно на есен ќе започне кај нас прикажувањето до тогаш ве поздравувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom