Фан клуб - РК Металург

У некој паралелен универзум Лино за некоја година ќе ја превземе репрезентацијата, со далеку подмладен и талентиран состав, кој ќе биде фер избран врз знаење и способности.
 
ЗА КРАЈ НА 2012-ТА: ДАРКО СТАНИЌ – ЧУДО ОД ГОЛМАН
metalurg-zagreb-banskoliev_(21)_resize1.JPG
Дарко Станиќ е еден од најомилените ликови во македонскиот спорт. Блесна минатата сезона, но целосно завладеа со симпатиите на нашите фанови во текот на оваа година. Сите знаеме што значи добар голман за една ракометна екипа, а Дарко е повеќе од добар – Дарко е најдобар. Ретко харизматичен, скромен како човек, кога е во елемент вреди колку половина екипа. Неговите одбрани го уништуваа моралот на противничките ракометари и, не ретко, токму тој беше посочуван како најголема опасност за нашите спортски противници. Имал Дарко и слаби денови, но секогаш кога навистина е потребно тој станувал несовладлив. Неговите одбрани го потхрануваа моралот на нашите ракометари, кои преку него ја стекнуваа потребната сигурност во одбраната.
333489_510019399028917_1399744098_o.jpg
Во неговата кариера 2012 година е најдобрата година, но и најнапорната. На прсти се бројат неговите слободни денови во текот на годината што е на заминување. Натпреварите од Лигата на шампионите ги замени со репрезентативните настапи на ЕП 2012 во Србија, а пак нив со настапите на Супер Глобе (светското клупско првенство). Потоа дојдоа квалификациите за влез во групната фаза во новата сезона на Лигата на шампионите, настапите во групната фаза, СЕХА-лигата итн. Наскоро ќе ѝ се приклучи на српската репрезентација, со која ќе се подготвува за СП 2013 во Шпанија.
458636_510020269028830_1718801542_o.jpg
Станиќ е миленик и на српска спортска јавност. Неговите настапи на ЕП 2012 го однесоа до насловот најдобар голман на првенството, а српската репрезентација до сребрениот медал. Набргу е прогласен и за министер за одбрана.
sp-stanic-rukomet_620x0.jpg
Настапувајќи за тимот на Ал-Џаиш, Дарко Станиќ до последниот ден беше убедливо најдобриот голман на Супер Глобе-турнирот и само несфатливата одлука на тренерот (кој реши да не го соблече на последниот натпревар) му ја одзеде и таа титула. Станиќ оствари 57 одбрани, две помалку од Хомбрадос и шест помалку од првопласираниот Примож Прост.
481503_510027359028121_1481227437_n.jpg
Сепак, своите најдобри игри Станиќ ги одигра во дресот на Металург.
Во Лигата на шампионите тој настапи на сите 12 средби во 2012 година, пет во сезоната 2011/2012 и седум во сезоната 2012/2013.
Еве го неговиот ефект: 176 одбрани на 12 натпревари (просек 14.7 по натпревар)
Сезона 2011/2012 Сезона 2012/2013
Против Цимос Копер 18 одбрани Шамбери 12
Висла Плоцк 21 Горење 14
Хамбург 13 Силкеборг 22
Загреб 10 Санкт Петербург 14
Пак Загреб 13 Киелце 8
Пак Киелце 18
Шамбери 13
456766_510027752361415_916704322_o.jpg
На двете квалификациски средби за влез во групната фаза на Лигата на шампионите тој оствари вкупно 35 одбрани (Алпла Хард 17 и Хаслум 18).
476525_510028209028036_252244351_o.jpg
Во СЕХА-лигата Станиќ настапи во само 14 средби, и тоа со многу помала минутажа од вообичаеното. На тие средби Станиќ оствари точно 150 одбрани.
Мала минутажа имаше и на натпреварите во домашното првенство и Купот. За обележување се неговите три настапи против екипата на Вардар ПРО, два во првенството и еден во Купот, на кои одбрани вкупно 47 удари.
337210_510028489028008_830368507_o.jpg
 
Дејан продолжува, Мартин стартува во Металург
1A7E8FCC94C6F74381DAAF1C04AB3709.jpg

Дејан Манасков (20 г.) ќе биде член на македонскиот ракометен шампион Металург до јуни 2015 година. Младиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните леви крила во Европа, го продолжи договорот за уште две години, пред истекот на стариот кој има важност до јуни 2013 година. Во исто време својот прв професионален договор потпиша и помладиот брат на Дејан, Мартион Манасков (18), кој игра на позицијата лев бек. Мартин Манасков се обврза на верност кон Металург, четири години. Дејан и Мартин Манаскови се синови на прославениот Пепи Манасков, веројатно најдобриот македонски ракометар на сите времиња. Матин досега играше во вториот тим на Металург затоа што и тој потекнува од школата на овој скопски клуб. Ова е втората двојка браќа во најдобриот тим на Металург. Наумче и Златко Мојсовски исто така се браќа.

Обајцата браќа Манаскови, изразија задоволство што ќе ги бранат боите на Металург и понатаму.

- Голема чест и задоволство е да се продолжи договорот со спортски колектив како што е Металург. Се надевам дека во иднина ќе ги надминеме успесите што досега ги постигнувавме и се обврзувам дека ќе дадам се од себе тоа и да се случи – изјави Дејан, кој игра значителна улога во успесите на Металург во Лигата на шампионите. Мартин исто така е среќен.

- Ова е многу значаен момент за мене. Се надевам дека ќе одам по стапките на татко ми. Ќе ги следам упатствата на тренерот Лино Червар – изјави помладиот од браќата Манаскови.

Според зборовите на Левче Kитевски, директор на клубот, ова е само почеток на потпишување серија договори со млади македонски ракометари, кои потекнуваат од школата на Металург.

- Работата со Дејан Манасков начелно беше договорена пред два-три месеци, но оставивме да се потпише договорот кога ќе имаме време. Инаку, набргу ќе следуваат уште договори со млади надежни македонски ракометари од школата на Металург. Нашиот колектив е вистински професионален погон. Покрај тоа што постигнуваме значајни резултати, се трудиме и да создаваме ракометари – изјави Kитевски. Тренерот на Металург, Лино Червар се согласува со оваа стратегија.

- Ние играме со наши деца. Ако Македонија сака да има ракометна иднина, мора да создава ракометари, а Металург токму тоа го прави. Ги учиме нашите деца да бидат врвни спортисти, но и изградени личности. Тоа е перспективата на македонскиот ракомет. Во Металург играат и странци, но основата е од македонски ракометари – изјави Лино Червар.

Металург потпиша тригодишен договор и со Игор Мандиќ, ракометар кој играше за Борац Бања Лука.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FBFDABBB8E77CA4FA4A8C490A670D4F3

Е ВАКА СЕ РАБОТИ!!! СЕКОЈА ЧЕСТ!!! :cuc:
некои други кои само какаат по металург, треба да се огледаат на овој клуб!
 
ПОЧНА “НОВОГОДИШНИОТ ТУРНИР“ НА МЕТАЛУРГ ВО МИНИ-РАКОМЕТ. ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ.

Објавено на : 22/12/2012 19:11
Текстот не е лекториран
DSC_0001_resize.JPG
Во салата “Автокоманда“ денеска почна “Новогодишниот турнир“ на Металург во мини-ракомет. Настапија екипи од генерацијата 2002/3, во машка и женска конкуренција.
Резултати:
1. Девојчиња, 2002/3:
Кемпа - Дуферко 16:10
Канаан - Факом 6:15
Макстил - Факом 1:19
Дуферко - Ре Медика 11:4
Макстил - Канаан 5:3
Ре Медика - Бетон 5:17
Дуферко - Бетон 8:12
Кемпа - Бетон 18:4
Кемпа - Ре Медика 18:1
Утре во 14.30 часот се игра финалната средба меѓу екипите на Кемпа и Факом.
2. Машки, 2002/3:
Бетон - Факом 12:9
Дуферко - Репро 21 11:15
Бекстејџ - Макстил 14:10
Бауерфајнд - Рено 15:6
Кемпа - Репро 21 5:14
Макстил - Стоби 12:11
Бетон - Рено 18:16
Кемпа - Репро 1 6:17
Бекстејџ - Стоби 9:11
Бауерфајнд - Бетон 15:8
Дуферко - Кемпа 7:8
Рено - Факом 13:6
Репро 1 - Репро 21 16:18
Утре се играат полуфиналните и финалната средби.
Полуфинале:
13.30 часот: Бауерфајнд - Стоби
14 часот: Репро 21 - Бекстејџ
14.30 часот: Финале
http://www.rkmetalurg.mk/storija/3461
 
Металург мажи годинава првио натпревар во Скопје кога го играат ?
 
На Станиќ му ја „скршија кичмата“: Бараме човек што ќе ми го намести прешленот на ’рбетот
Голманот на Металург, Дарко Станиќ, кој ја чува мрежата на српската ракометна репрезентација на мундијалот во Шпанија, ја обнови повредата на ’рбетот. Неизвесен е неговиот настап на последниот натпревар од групната фаза против Словенија, кој решава за првото место. Но, уште пострашно е што тоа е стара повреда на Дарко Станиќ, која сега е обновена и би можела да му прави големи проблеми на голманот на Металург и во натамошниот дел од сезоната.


Металург го очекуваат големи предизвици во Лигата на шампионите, а Дарко Станиќ е една од главните алки во системот на Лино Червар. Но, во моментов тој е во Шпанија, со репрезентацијата на Србија.


„Не е добро, многу ме боли, во долниот дел од грбот. Тие проблеми ги имав и порано, потребен ми е добар киропрактичар. Ако тој добро ја заврши работата, би можел и брзо да се вратам на голот, во спротивно, нема да биде добро. Бевме кај една жена овде, но уште имам големи болки“, вели Дарко Станиќ за српските медиуми.


Тој вели дека не склопил око цела вечер.


„Ме боли додека седам, додека лежам, не можам да се наведнам. Цена ноќ немам спиено. Утрово ми беа потребни 20 минути за да станам од кревет“, ја објасни својата мака, Дарко Станиќ.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=14252:pos::pos:немој да браниш кај нив они се будали гони ги у пичку матер ! :ROFLMAO:
 
Будимир ќе помага Металург да ја зачува титулата

Како тргнале, и меѓу женските екипи ќе се развие јако ривалство:)
нема теорија за такво нешто се додека на клупата на вардар е ристо ФИНТА магдинчев :D
тој со финта рпво сам се заебува, за после да нема потреба да го заеби противникот... :pos:
 
нема теорија за такво нешто се додека на клупата на вардар е ристо ФИНТА магдинчев :D
тој со финта рпво сам се заебува, за после да нема потреба да го заеби противникот... :pos:
Индира е на клупата на Вардар :)
 
Добро е што сите здрави се вратија од првенството,во Сабота против Брест ќе биде добро загревање за со Горење.
 
Не го посакувам Металург во четврт-финалето во ЛШ!

Металург е добра екипа, со многу искусни играчи, квалитетен тренер и знае да направи извонредна навивачка атмосфера во Скопје. Сето ова вели дека ќе биде тешко да се игра против нив, констатира голманот на Шпанија и на Барселона, Арпад Штербик

VM_H_ndbold__Spansk_514985a.jpg


transparent.gif

АРПАД ШТЕРБИК, РАКОМЕТЕН ГОЛМАН НА БАРСЕЛОНА И НА ШПАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Ракометната репрезентација на Шпанија вчеравечер се бореше во финалето на 23. Светско првенство во ракомет, кое се играше во Барселона. Еден од најзаслужните за ваквиот успешен настап на „црвената фурија“ е токму нивниот последен одбранбен бедем, голманот со унгарско потекло Арпад Штербик, роден во 1979 година во Сента (Србија), освојувач на бронзи од СП во 1999, 2001 со СФРЈ и во 2011 со Шпанија. Со Сиудад Реал е освојувач на три првенствени титули, ЛШ во 2006, Суперкупот на Европа во 2006 и 2007 година. Во 2005 година е избран за најдобар ракометар според ИХФ. Разговорот го водевме ден пред големото финале.

- Секако дека сум задоволен од резултатот, а пред сѐ од фактот што еден од двата голмана на Шпанија успешно можеше да помогне. Првенството беше долго, траеше две недели, а најважно е еден од двата голмана да биде добар, бидејќи без добар голман тешко е да се игра, нели - вели Штербик.

За тоа кои репрезентации им задавале најголеми тешкотии овде, Штербик има свој коментар.

- Во нашата група тоа беа селекциите на Унгарија и на Хрватска. Потоа подмладениот тим на Германија, како и Словенија, која овде прикажа добар ракомет. Последниве две беа многу опасни бидејќи играа и поопуштено - објаснува шпанскиот голман.

Тој дури во финишот од СП почнал да верува дека е можен медал.

- Пред СП некој да ме прашаше, немаше ниту да спомнам дека ќе освоиме медал, а не дали во финалето ќе играме токму против Данска. Едноставно треба да се знае да се игра едно вакво првенство, а ние знаевме. Игравме натпревар по натпревар, почнувајќи од својата група. Откако влеговме меѓу четирите најдобри, веќе почнав да размислувам за медал - коментира Арпад, не сакајќи да го прогнозира резултатот од финалето.

На борбата со најголемиот конкурент во првенството Атлетико Мадрид и во Лигата на шампионите гледа оптимистички.

- Имаме три бода предност, но лигата е многу долга. Прво треба да видиме како кој ќе се врати во своите клубови по СП. Ете, Рутенка, кој е главен двигател на играта, има проблеми со коленото. Но јас сепак сум оптимист. Во ЛШ, пак, би сакал да дојдеме до фајнал-форот, односно да бидеме први во групата, а потоа ќе видиме како ќе биде таму. Сѐ зависи од моментната состојба, односно како ќе тргне денот... - објаснува тој.

На прашањето дали би дошол да игра во некој македонски клуб, даде дипломатски одговор.
- Прво имам четиригодишен договор со Барселона, а второ, проблем е и тоа што Металург има многу добар голман, како што е Дарко Станиќ, така што за мене нема место во Металург - низ насмевка зборува Штербик.

Ниту тој не сакаше да го пропушти позитивното мислење за играта на Кирил Лазаров.

- Кирил е страшен играч. Многу ми е тешко да бранам против него, бидејќи тој е врвен ракометар, шутер, кој со својата игра ја влече напред целата репрезентација. Многу шутира, но и соработува со својот пикер, ги проигрува крилата. Токму затоа кога го спомнувам неговото име, мислам како комплетен поединец – вели Штербик.

Даде коментар и за тоа што ја одликува сегашната шпанска генерација.

- Шпанија како репрезентација е многу квалитетна. Токму и затоа што имав многу пријатели се решив да дојдам во Шпанија. Сите заедно како целина дејствуваме многу компактно. Немаме некој голем притисок кога играме, ако победиме добро, ако не успееме, тогаш сме немале среќа и сметаме дека ќе биде многу подобро во следниот меч - нѐ уверува Арпад.

Тој бил убеден дека Македонија може да ја победи Германија.

- Во Белград беше поинаку. Македонија играше како на свој терен бодрена од своите навивачи, па постигна историски резултат. И тука игравте добро, се боревте до последниот здив и затоа ви честитам. Пред дуелот со Германија се слушнав со Лазаров и му реков дека сум сигурен дека ќе ја минат Германија во осминафиналето. И тој ми одговори дека исто размислува, дека сите имаат голема желба да слават. Балканските селекции секогаш добро играат против Германците и затоа ми е многу жал што Македонија загуби и со тоа не го направи својот најголем чекор во настапите на СП - објаснува Штербик.
Штербик ја цени играта на Металург, но и посакува да не игра против него во ЛШ.

- Лично, не би сакал да се сретнеме во четврт-финалето со Металург, бидејќи е добра екипа, со многу искусни играчи, квалитетен тренер и знае да направи извонредна навивачка атмосфера во Скопје. Сето ова вели дека ќе биде тешко да се игра против нив. Јас повеќе би сакал да дојдам во Скопје и со некои тамошни пријатели да се напијам понекој пијалак и да каснам нешто од домашната кујна – со насмевка вели Штербик.
Хрватска освои бронзен медал
Ракометарите на Хрватска го освоија третото место и бронзениот медал на 23. Светско првенство во Шпанија. Во утешното финале пред околу 8.000 гледачи, „коцкестите“ ја совладаа репрезентација на Словенија со 31-26 (14-13) и третпат во низа на големите натпреварувања (ЕП во Белград 2012 и ЛОИ во Лондон) се закитија со бронзен медал. За Хрватите ова е вкупно 13. медал на големите ракометни натпреварувања, односно петти од СП - едно злато во 2003, три сребрени во 1995, 2005 и 2009, и една бронза, во 2013.
Најефикасни во редовите на победникот беа Иван Чупиќ и Домагој Дувњак, кои постигнаа по осум гола, а кај поразениот, Вид Кавтичник со четири. Голманот на Словенците, Примож Прост имаше 16 одбрани, седум повеќе од хрватскиот Мирко Алиловиќ, но и тоа не беше доволно.
Претходно, во полуфиналните дуели европскиот првак Данска ја совлада Хрватска со 30-24, а домаќинот Шпанија беше поуспешен од Словенија, 26-22.
Најмал, а највисок во својата генерација
Па и јас самиот не знам зошто станав токму голман. Можеби затоа што тренирав со постари ракометари од мене, а пак бев многу повисок од останатите играчи од мојата генерација. Бидејќи бев и физички послаб, постарите ми рекоа да застанам на голот. И сѐ така почна - се присетува на своите почетоци, денес еден од најдобрите голмани во светот. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12813742255&id=22&prilog=0&set
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom