Да додадам:
Тифарет се гледа само ако си во Јесод, гледајќи го Средниот столб. И до таткото мора да се помине и Мајката! Христијанските мистици се ежат од моќта на Жената! А и кој не би се исплашил од Големото црно море на Бинах? Кој не би му испарила крвта од Бабалон?

А се дрзнуваат луѓето да одат да го спознаваат Богот!!!

Страшно...
А, да... дури и да си во Јесод, дали и тогаш ќе се види нешто, бидејќи Средниот столб не е насочен нагоре, ами надолу! Да бидеме на јасно.
До Кетер (Круната), последната пречка до Трите Превези на Ништото кај евреите(од кои е создадено Се), се доаѓа преку Алеф или Будалата!
Ама претходно се раскинува Превезот пред Бездната наречена Знаење (оние што се во Тифарет и постигнале Иницијација знањето не го гледаат како Даат, ами како Тет - Змијата која прва ја иницирала Жената во мистериите), се постигнува Разбирање, и ако има мудрост и доволно знаење, ќе може да се стапне на таа луда патека наречена Алеф од евреите.
Другите не знам каков начин нудат до Богот.
За оние што се во Малкут и зјапаат кон Новото Сонце (кое треба да е Sol Invictus, a не жртвено Јагне, како што е разбрано од христијанските мистици), потребно е да го поминат Превезот помеѓу Ашијах (материјалниот свет) и Руах (интелектуалниот) и да направат добра врска без многу мешање на нивната материјална основа.
Ова му доаѓа како јога: јама и нијама!
За оние во Малкут, нека си гледаат работата на Земјата и нека работат, не се повикани по се изгледа во управувањето на Земјата и неможе да дефинираат и зборуваат за Богот.

Ќе направат хаос. Неспремни кога грабаат од Бездната на Знаењето прават само неред и глупости!
Бидејќи секој сефирот во себе содржи едно цело Дрво на Животот, нека спознаваат, има време!
И, што е бог? Дрвото на Животот во целост (целиот универзум - она што е и она што не е? Само Аин (Ништо) е Бог? Трите превези се Бог? Се во едно е Бог кај евреите? Грмушката која што гори е Бог? Пламенот Шин е Бог? Дали сето ова се само аспекти на едно нешто, како кај египетските мистерии? Хм?
Сето ова има бесконечно одговори кои ниеден не е точен, бидејќи неврзан Руах со Нешемах дава искривена слика на Реалноста!
Тоа не е дадено да се знае под Бездната. Сето тоа е само бладање на Разумот во Руах! Дури и оние кои се во Тифарет, ако не се стремат кон надминување на Руах (а Тифарет е центар на Руах), ништо не постигнале.
П.С. Сигурно сум пропуштил нешто, ама ми се виде многу ова, а има многу за да се доизјаснам за да не настанат компликации. Во иднина можеби ќе допишам нешто што сум пропуштил или не сум објаснил.