Како напреднуваа “Житисе“ и “Мкинфо“, го оправдувате ли тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Black-man12
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јуни 2012
Мислења
29
Поени од реакции
8
Возраст
35
Се почесто сме сведоци дека на Фејсбук лесно се собираат кликови на смешни портали, со смешни содржини. Но, факт е дека тоа вродува со плод. По принципот на ГРИД, сега 90% од моите пријатели на Фејсбук читаат “Жити се“ или пак „Мк инфо“, кога прочитате информација од овие протали, таа автоматски се објавува на вашиот ѕид и пишува во ваше име, како “Неверојатно, спиела со 140564 мажи“, па сите кликаат и сајтот ем собира лајкови на фејсбук, ем има читаност. Најпрво, што мислите за овој начин (знам дека не е добар), дали е ефективно ова, и доколку имате веб-сајт, знаете како се средува тоа, дали би го направиле истото. Ме интересираат сите одговори, истите се добредојдени.
 
идиотска работа, краткотраен ефект дури не се научат сите да ги избегнуваат таквите
 
Така е, во право сте. Ама до тогаш на Фејсбук би собрале над 60000 фанови, подоцна ваквата апликација би јаповлекле и само би споделувале таму, ако се знае дека барем 10% ќе ја видат објавата (6000), значи сепак добар бизнис
 
И што ако сум му кликнал лајк, кога не го читам, ќе го отворам само ако видам клип како коњ вози БМВ и толку... Што вика членот погоре, не се придобиваат фанови на сила.
 
Ама за жал, малкумина се тие кои така постапуваат. Повеќемината кликнуваат, пред се поради “интересните“ стории
 
После дузина години онлајн, имам малку превисоки критериуми за тоа што ќе читам на интернет, но за жал малцинство се тие како мене. Доминираат де4иња и roditeli кои сеа имаат конечно интернет па кликаат и кај треба и кај не треба.
 
Исто е и со press24mk, ама ако те интересира статијата кликаш like, од која ќе ја прочиташ кликаш unlike. Има многу такви fan страници што се купени од овие so-called медиуми и спамираат, едно unlike и ќе завршиш работа. Like не е за век и векова :)
 
Не ви текнало ако толку ве интересира статијата да направите copy на насловот и paste на google?
Страшно дебилни ми се тие сајтови, подебилни статии немам видено, баш ниеден наслов од овие новите не ме заинтересирал да кликнам.
 
Мене ми се смешни, па барем поинтересни реченици за да се појавуваат со веста да измислеа. А не, наслов “Температурата ќе биде -19“ и ако го кликнеш излага “леле мајко ќе измрзнеме“. :pos:

Спамери прва класа, не ми доаѓа на памет ниту да ги кликнам, ниту ништо, напротив, кога ќе видам via жити се или другово, знам дека НЕ треба да отворам, што значи дека предизвикале контра-ефект.
 
Чим видам дека треба да притиснам „ми се допаѓа“ за да прочитам нешто, веднаш го губам интересот за истото.
А дали постои некоја можност да се блокираат овие апликации да не ги гледам воопшто? Секој ден сум бомбардиран со веста за смртта на нашата позната пејачка!
 
Кур да му никни на тој шо го измислил :D
 
И доколку сакате да ми одговорите, ако започнете со сајт сега, немате доволно кеш за добра реклама. Дали би го сториле истото? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom