Значи Какви се Глупости Ќе Изјават
Само Првата Реченица што ја прочитав се Изнервирав
:nerv::nerv:
Некогаш постоеше верување дека станува збор за појави на НЛО, а денес најновата студија покажа дека чудните дупки кои се јавуваат во облаците настануваат кога низ нив, во вистински момент, ќе помине авион.
Тогаш водените капки во облаците експресно се претвораат во снег, така што зад себе оставаат кружни пукнатини во облакот.
Необична дупка во облаците
Чудните формации на облаците можат да бидат енигма за научниците и по неколку децении, а дупките во облаците ги мачат научниците уште од 1940-тата година. Мистеријата во врска со чудниот облак над Москва, кој беше проследен од сите светски медиуми, кој беше поврзан и со можноста за појава на НЛО, всушност настанал со дејствување на авион, иако тогаш тој механизам на дејствување бил непознат.
Поранешните истражувања сугерираа дека авионите на пропелерски погон можат да предизвикаат паѓање на снег, со лет преку суперизладени облаци, каде што капките остануваат во моменталната состојба, и покрај температурите под нула. До неодамна, вистинската врска помеѓу небеските дупки и авионите не беше позната, но тим научници кој ја проучува атмосферата тврди дека успеал да ја најде поврзаноста. Студијата е објавена во овомесечното издание на списанието Bulletin of the American Meteorological Society.
Прекопано : 900

Моментално замрзнување на суперизладените облаци
Ендру Хејмсфилд од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања, заедно со колегите летал со пробен авион низ снег кој е произведен од дупка во облакот, западно од меѓународниот аеродром во Денвер во 2007 год. Нивниот авион бил опремен со инструменти за проучување на ледените формации во облаците, а радарот на земјата забележал чуден одраз зад нив, кој индицирал необично обликувани снегулки. По направениот преглед и извештај, Хејмсфилд и колегите дошле до заклучок дека дупката и снегот во облаците биле направени од два комерцијални авиони на турбопропелерски погон и кои полетале час порано пред нивното истражување.
Сателитски снимки на феноменот “дупка во облаците”
„Движењето на суперизладените капки вода преку пропелерот на авионот доволно ги изладило за да можат во смрзната состојба да паднат на тлото на земјата во облик на снег“, изјавува Хејмсфилд. Инаку, на снегулките или на дождот им е потребна каква и да било мала честичка во воздухот, покрај дел од прашинка, околу која би се формирале. Но, суперизладената вода може моментално да замрзне ако доволно брзо нејзината температура се спушти на -37 степени Целзиусови. За да го потврдат заклучокот, научниците ги споредиле снегулките од средината на дупката со оние од крајот, па така дошле до информација дека оние од средиштето на дупката се со значајно поедноставен облик за разлика од оние од околните облаци, бидејќи овие од краевите сè уште раснеле, полнејќи се со капки вода при својот пад. Водата во средината на дупката или испарила моментално или замрзнала, па научниците дошле до заклучок дека снегулките создадени во средината на дупката не собираат други капки околу себе при паѓањето на земјата.
Феноменот ретко се појавува
До ист заклучок научниците дошле и кај млазните авиони, но истакнуваат дека тоа не значи дека при секое поминување на авион низ облак може да се генерира снег. Се работи за површина на облаците на планетата од 7,8%, кои се наоѓаат на вистинската висина за појава на овој феномен, а авионите главно не летаат на тие височини, бидејќи тие облаци се наоѓаат пониско, па авионите можат да ги пробијат и да направат дупка само при слетување или полетување. Научниците додаваат дека овој феномен не може да влијае на глобалната промена на климата, но дека може да предизвика зголемено паѓање на снег на локално ниво.