Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,1%
  • Не

    Гласови: 458 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.192

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Сумериски записи, митологии, библија ..
нешто шо тебе не ти е логично не значи дека важи за секого ..
патем кога велиш логично ... шо уствари е за нас логично .. и шо би било логично за раса/цивилизација која има технологија да патува на такви далечини .. релативна работа е логиката .. многу нелогични работи во минатото денес се логични ... како шо пишав погоре

ОК, можеби за некого не е логично. Да се разбериме, јас само прашувам, согледувам нелогичности и прашувам, што не значи дека мора да биди така.
Сите овие теории се дадени од луѓе колку што знам јас. Луѓе од кои најголем дел во последните години. Затоа прашувам каде е логиката во сето тоа, бидејќи теориите се дадени од луѓе. :)

--- надополнето ---

Да имаат кажано. Јасно кажале дека суштествата кои ги посетиле од сириус биле амфибии, живееле во водена средина. ги има и на цртежи.
Ова ми е логично. Интелегентен живот во вода. Знаеме дека животот на Земјата настанал во вода, па голема е веројатноста да постои и таков интелегентен живот.
Него, каде се тие доказите дека ги посетиле вонземјани? :)
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
ОК, можеби за некого не е логично. Да се разбериме, јас само прашувам, согледувам нелогичности и прашувам, што не значи дека мора да биди така.
Сите овие теории се дадени од луѓе колку што знам јас. Луѓе од кои најголем дел во последните години. Затоа прашувам каде е логиката во сето тоа, бидејќи теориите се дадени од луѓе. :)

--- надополнето ---

Ова ми е логично. Интелегентен живот во вода. Знаеме дека животот на Земјата настанал во вода, па голема е веројатноста да постои и таков интелегентен живот.
Него, каде се тие доказите дека ги посетиле вонземјани? :)
Сигурно не очекуваш да ти приложам бродски дневник.
Еве како е прикажан Номмо посетителот од Сириус
Nommo.jpg
 
S

skywalker12

Гостин
Сигурен сум 99,999999999999999999...% дека постојат вонземјани на други планети ...
Ама сигурен сум 100% дека немаат дојдено на Земјава...
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Сигурен сум 99,999999999999999999...% дека постојат вонземјани на други планети ...
Ама сигурен сум 100% дека немаат дојдено на Земјава...
хахаххахаха од кај си толку сигурен?
 
mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Дури и Скуби Ду, знае дека непостојат :)
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Значи Какви се Глупости Ќе Изјават :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Само Првата Реченица што ја прочитав се Изнервирав
:nerv::nerv:
Некогаш постоеше верување дека станува збор за појави на НЛО, а денес најновата студија покажа дека чудните дупки кои се јавуваат во облаците настануваат кога низ нив, во вистински момент, ќе помине авион.

Тогаш водените капки во облаците експресно се претвораат во снег, така што зад себе оставаат кружни пукнатини во облакот.

Необична дупка во облаците

Чудните формации на облаците можат да бидат енигма за научниците и по неколку децении, а дупките во облаците ги мачат научниците уште од 1940-тата година. Мистеријата во врска со чудниот облак над Москва, кој беше проследен од сите светски медиуми, кој беше поврзан и со можноста за појава на НЛО, всушност настанал со дејствување на авион, иако тогаш тој механизам на дејствување бил непознат.
Поранешните истражувања сугерираа дека авионите на пропелерски погон можат да предизвикаат паѓање на снег, со лет преку суперизладени облаци, каде што капките остануваат во моменталната состојба, и покрај температурите под нула. До неодамна, вистинската врска помеѓу небеските дупки и авионите не беше позната, но тим научници кој ја проучува атмосферата тврди дека успеал да ја најде поврзаноста. Студијата е објавена во овомесечното издание на списанието Bulletin of the American Meteorological Society.

Прекопано : 900

Моментално замрзнување на суперизладените облаци

Ендру Хејмсфилд од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања, заедно со колегите летал со пробен авион низ снег кој е произведен од дупка во облакот, западно од меѓународниот аеродром во Денвер во 2007 год. Нивниот авион бил опремен со инструменти за проучување на ледените формации во облаците, а радарот на земјата забележал чуден одраз зад нив, кој индицирал необично обликувани снегулки. По направениот преглед и извештај, Хејмсфилд и колегите дошле до заклучок дека дупката и снегот во облаците биле направени од два комерцијални авиони на турбопропелерски погон и кои полетале час порано пред нивното истражување.

Сателитски снимки на феноменот “дупка во облаците”

„Движењето на суперизладените капки вода преку пропелерот на авионот доволно ги изладило за да можат во смрзната состојба да паднат на тлото на земјата во облик на снег“, изјавува Хејмсфилд. Инаку, на снегулките или на дождот им е потребна каква и да било мала честичка во воздухот, покрај дел од прашинка, околу која би се формирале. Но, суперизладената вода може моментално да замрзне ако доволно брзо нејзината температура се спушти на -37 степени Целзиусови. За да го потврдат заклучокот, научниците ги споредиле снегулките од средината на дупката со оние од крајот, па така дошле до информација дека оние од средиштето на дупката се со значајно поедноставен облик за разлика од оние од околните облаци, бидејќи овие од краевите сè уште раснеле, полнејќи се со капки вода при својот пад. Водата во средината на дупката или испарила моментално или замрзнала, па научниците дошле до заклучок дека снегулките создадени во средината на дупката не собираат други капки околу себе при паѓањето на земјата.
Феноменот ретко се појавува

До ист заклучок научниците дошле и кај млазните авиони, но истакнуваат дека тоа не значи дека при секое поминување на авион низ облак може да се генерира снег. Се работи за површина на облаците на планетата од 7,8%, кои се наоѓаат на вистинската висина за појава на овој феномен, а авионите главно не летаат на тие височини, бидејќи тие облаци се наоѓаат пониско, па авионите можат да ги пробијат и да направат дупка само при слетување или полетување. Научниците додаваат дека овој феномен не може да влијае на глобалната промена на климата, но дека може да предизвика зголемено паѓање на снег на локално ниво.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Полека за се ќе се најде објаснување. Треба само време. Како со примерот. Порано мислеле дека тоа се НЛОа, а сега убаво е објаснато што го предизвикува тоа. И за другите необјаснати случаи ќе се најде објаснување.
 
RedStar

PC GAMER
Член од
4 октомври 2009
Мислења
231
Поени од реакции
50
Еве ви линк, ме мрзеше да го преведувам од српски... Вака прочитајте го, многу е интересен... Дава различни теории на прашањето зошто до сега немаме никаков контакт со други цивилизации... Мошне интересно и сватливо дека бар една од теориите е вистинска... Прочитај те ги и кажете која ви е нај веројатна... Мене овие две теории ми се веројатни... Ќе ги пастирам...

Inteligentne civilizacije su suviše daleko u prostoru ili vremenu

Moguće je da tehnološki razvijene civilizacije postoje ali su one jednostavno suviše daleko za komunikaciju u oba pravca. Ako je neka civilizacija udaljena od nas stotinama svetlosnih godina, moguće je da ona i nestane u toku tih stotina godina pre nego sto se bilo kakav dijalog uspostavi.
Moguće je da civilizacije nastaju i nestaju periodično ali je šansa da dve civilizacije postoje u isto vreme gotovo neverovatna. Možda je bilo inteligentnih civilizacija pre nastanka inteligencije na zemlji, i možda će ih biti i posle nestanka zemaljske inteligencije, ali je takodje moguće da smo trenutno mi jedini inteligentni u svemiru.
Ljudska vrsta ne traga dovoljno dugo

Ljudska tragnja za vanzemaljskim životom traju vrlo kratko. Počevši od 1937 godine kada su u upotrebu ušli radio teleskopi. Ljudi postoje vrlo kratko, 200.000 godina je malo u odnosu na neverovatnu istoriju svemira. A radio signali se šalju u svemir od 1895. To bi moglo takodje da znači da mi ne postojimo dovoljno dugo da bi oni koji nas traže mogli da nas nađu. Problem na koji bi naišli posetioci pre ne milion godina, kad bi sleteli na zemlju bio bi potpuno odsustvo inteligentnog života, pa cek i naznake da će se on ikada razviti. A da su sleteli i pre 3000 godina, bili bi pogrešno shvaćeni kao uzvišena natprirodna bića.

Еве го и линкот...
http://www.nlosrbija.110mb.com/Teorije01.html
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Да си кажам тука каде што и други ќе ме прочитаат, друг пат, потрудете се дадете било каков превод кога постирате вакви текстови :smir:
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
Чудни облаци на Руското небо? Doomsday or Ufo?

Видеото е снимено на 7 октомври 2009 година југозападно од Москва на автопатот помеѓу Volokolamsky и Novorizhskoe... Шо мислите вие? Шо ќе да е ова?

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Видеото е снимено на 7 октомври 2009 година југозападно од Москва на автопатот помеѓу Volokolamsky и Novorizhskoe... Шо мислите вие? Шо ќе да е ова?

3 постови погоре имаш објаснување...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom