Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Уште не ми е јасно еј...Ја никад у живот не сум го видел Реал онака панично да игра, да ја рока топката само подалеку од гол да биде. И тоа против кого? Против последниот на табела...Брука еј, брука. Цела сезона сме катастрофа, ама играта од вчера го допре дното.
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ни помина прајмот. Бевме во форма кога го освоивме супер купот. Нели една титула по сезона. Успешна сезона е ова :icon_lol:
 
Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Уште не ми е јасно еј...Ја никад у живот не сум го видел Реал онака панично да игра, да ја рока топката само подалеку од гол да биде. И тоа против кого? Против последниот на табела...Брука еј, брука. Цела сезона сме катастрофа, ама играта од вчера го допре дното.
Виновник за тоа........? :mad:
 
Bobi_kr_palanka

Dwayne The Flash Wade
Член од
26 јули 2008
Мислења
350
Поени од реакции
150
Виновник за тоа........? :mad:
Речиси никогаш не пишувам тука заради преголемиот број на вистински "фанови" на Реал, ама грешката да ја барате во Мурињо е смешно, играчкиот состав е исти од лани, тактиката е иста, се е речиси исто како лани само играта не е. Кој е крив тука Мурињо? Ако се бара кривицата во некој, барајте ја во играчите. Алонсо ни А од лани, Игуаин и Бензема не ги ни спомнувам, еден од нив на лето аут, Фалкао по можност ин, Озил 1 добра утакмица 5 лоши, Ди Мариа не ми е јасно што се случи со него како некој друг играч да е. Каде му е пробивноста од лани каде му е пасот со очи, каде му е мотивираноста за игра од лани, каде е тој убиствен пресинг што го правеше на противниците, знаеше да се врати и во одбрана да помогне. Рамос како без компас е сезонава, незнае кај се наожа на теренот, има предиспозиции да биде најдобриот дефанзивен играч во светот, ама се е џабе кога нема во главата. Сезонава на ниво се само Роналдо и Кедира. Пепе исто така е добар, на моменти и тој знае да направи некоја глупост, али во глобала добар е. Арбелоа толку му се можностите, Касиљас исто не е истиот, мотивираноста кај него беше проблем, ама Мурињо го среди тоа, натаму очекувајте го оној стариот Икер што сите го знаеме. И пак ќе речам проблемот не треба да се бара во Мурињо, туку во играчите. Го имаме еден од најдобрите тренери на денешницата и пак не ви е по кеф, незнам што да ви кажам друго освен верувајте во тимот и во Мурињо. HALA MADRID.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400

Си прател задњиве денови што се пишувало,и сеа ти си го споил тоа во едно,ах што си...:)
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
494
Поени од реакции
1.700

:facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Bobi_kr_palanka

Dwayne The Flash Wade
Член од
26 јули 2008
Мислења
350
Поени од реакции
150
Си прател задњиве денови што се пишувало,и сеа ти си го споил тоа во едно,ах што си...:)
Нека биде така како што викаш ти
Демек Мурињо не е еден од најдобрите тренери во светот денеска и демек тој е крив за резултатите?
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Не е само тој крив, ама далеку од тоа и дека не е крив. Сите се криви подеднакво. Мурињо е тој што треба да ги мотивира, па и да ги казни поради ова незалагање буквално на секоја утакмица. Ама колку што е Мурињо крив, толку се и играчите.
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
15.01 Real Madrid - Valencia (Copa del Rey)
20.01 Valencia - Real Madrid (Primera Division)
23.01 Valencia - Real Madrid (Copa del Rey)

Повикани за утре:
Голмани: Касиљас, Адан, Томас Мехиас.
Одбрана: Варан, Карваљо, Албиол, Арбелоа, Марсело, Коентрао.
Средина: Алонсо, Кедира, Есиен, Озил, Модриќ, Кака, Каљехон, Ди Мариа.
Напад: Роналдо, Бензема и Игуаин.

Натпреварот се игра од 21:00.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
494
Поени од реакции
1.700
Демек Мурињо не е еден од најдобрите тренери во светот денеска и демек тој е крив за резултатите?
Здраво и поздрав до сите фанови на Реал Мадрид, ова ми е прв пост во темата, која да не речам ама секој ден ја читам последнава година и гледам се нешто се карате, се расправате ова она овој чинел овој не чинел. Е сега да си кажам и јас мислење за тимот за кој навивав уште од 1998 година (значи на мои 8-9 години), па се до моментот кога дојде Мурињо. Ќе напишам еден подолг пост, се надевам ќе опфатам доста работи во врска со тимот, не само од навивачки аспект, туку и реално како гледам на работите во клубот.

Прво да знаете дека сите ве почитувам и ценам како фанови и ценам мислење на сите, но не се сложувам со поголемиот дел од вас. Па да не должам многу да почнам.

Во периодот кога почнав да навивам за Реал, тимот газеше во Европа. Немаше ѕвезди, ама имаше РАБОТНИЦИ. И тие што ги сметаа за ѕвезди играа супер. Тимот беше одличен се до заминувањето на Дел Боске во 2003 година мислам, кога отпаднаа од Јувентус во ЛШ. Перез со неговата тактика на купување ѕвезди му правеше и лошо и добро на тимот. Добро затоа што медиумски правеше многу пари, а и самите играчи со еден потег одлучуваа натпревар што се вели, а лошо затоа што тимот немаше колективна игра - се чекаше на индивидуалците.
Дојде Роналдо 2002 после светското. Не се прослави со тимот иако отиде во Реал Мадрид да освои ЛШ, беше на чекор ама ништо. А Мориентес и Раул беа супер тандем и пред да дојде. И тука работите се сменија. Реал не беше подмачкан како претходно, ама играа супер. После си замина дел боске и дојде од Манчестер карлоз кеироз, дојде Бекам, Реал играше со мизерни 15тина играчи цела сезона, кои не знам како издржаа на сите фронта. После со Луксембурго, Камачо, Рамон, Рамос, Капело, Шустер, Реал ја купи пола Европа и пак ништо не направи (нешто што правеше Барселона пред Рајкард со ван гал, антич и кој уште не проба да ја спаси). Пари се фрлаа за џабе. Играчите ќе дојдеа за големи пари, после нов тренер и гледаш си заминале за “без пари“. Само Капело успеа да освои титула и тоа со типична италијанска игра, строго дефанзивно. Сега не се секавам точно кој беше тренер пред Пелегрини, ама кога дојде Пелегрини видов Реал за плакнење очи. Тој дојде истовремено со Роналдо, Кака, Алонсо и Бензема - летото 2009. Излегуваа момците на терен и за брзо беше решен натпреварот. Таа сезона само Роналдо и Игуаин го водеа Реал. Бензема ретко играше, Кака дојде повреден и долго беше повреден. Во таа една сезона додека беше Пелегрини (според мене тренер кој е светлосна година подобар од Мурињо, се виде и со Вилјареал и Малага сега), Реал блескаше. Нема да ги заборавам двата натпревари против барселона таа сезона каде реал на два пати ја изгази барселона во играта, значи човекот постави СВОЈА ИГРА, за разлика од ова телето сега со автобусот и тепачите. Барселона од 2-3 удари на ноу камп победи со 1-0, а реал имаше пречка и статива и безброј други шанси. Конечно си реков некој да го донесе реал на старите патеки после неколку зезнати сезони. И телето Перез го избрка и го носи ова гомното Мурињо. И јас од клубот кревам раце како навивач (нормално пратам само резултати и на кои играчи ќе фрлаат милиони без потреба). Откако дојде Мурињо имам изгледано онолку натпревари колку што играа против барса, значи десеттина.

Е сега брат за Мурињо (што те цитирав). Мурињо освои титула со Порто, АМА ако не се повредеше Жили во 8мата минута од финалето, Порто ќе го примеа. За ова сигурен сум дека порто немаше да ја освои титулата 2004 година. Монако растураја а жили беше мотор на тимот е сеа ти рачунај. После дојде во Челзи, во Англија каде реално гледано освен Манчестер Јунајтед нема конкуренција за титулата. На арсенал времето му беше поминато. Ја освои титулата во премиер лигата, ама изгуби од мојот ливерпул и мојот бенитез во ЛШ и почна да плачи. Мурињо направи добра екипа во Челзи за тоа нема збор, момците играја страшно добро, зошто тоа не го повтори во реал. Ако беше добар тренер и шевченко и балак и деко ке ги вклопеше во тимот 2008 ко избркаа, ама ништо. Е сеа може имаше притисоци од абрамович тоа не знам ама на терен ја немаше магијата од порано. Дојде во интер, во најдобр време за тимот. Јуве прави нова екипа, Милан менува генерација да речам и тие прават нова екипа и без проблем ги освојува двете титули во италија. За титулата во ЛШ на интер имам само едно да кажам дека е освоена неправедно. Од италија сум за интер, но ја победија барса со педерска игра и со гол од офсаид, а во финалето со баерн беа изедначени. После момакот иди во реал и тука почнува да се уништува онаа фантастична екипа што ја создаде Пелегрини. Не за џабе е речено дека од постарите играчи тоти е зидан со коса, а од помладите Кака е зидан со коса. Кака не е во форма, а кака за мене е сеуште играчот со најдобри квалитети во светот на фудбалот. И покрај кака во тимот, тој го купува резил. Откако дојде мурињо, реал игра некако напумпано, вештачки, за разлика од барса каде се како фамилија и можат да играат без било кој во тимот, во реал не беше а и не е така. Ако изгуби мурињо веднаш се жали ова она, а ако победи Кој сум јас муабетот. Чекај бе човече од вчера те знај светот кој си. Игра против барса со нивна игра, не со негова. е така никогаш нема да победи ако не мават играчите. колку и да глумат играчите на барса, да не речам во 70-80 проценти од стартовите на играчите на реал, имаат намера да повредат играч, а не да запрат. И половина од стартовите се за црвен картон, ама дерби е не се исклучува така тешко. И мурињо ке плаче после нека излезе барса 11 на 11 не само со играч повеке да победува. Па кој ти е крив човече кога убиваш на терен. Минатата година титулата ја освоија со мавање, пенали и мавање и пенали. Не велам не, играа добро, ама и судиите играа уште подобро за реал. Е се виде годинава реалната слика за Реал. Ако е добар Мурињо, ке го среди реал, некој рече и до играчите е. Ако е до играчите тие имаат тренер. ако не му оди на играчот има клупа, има трансфер листа, има други клубови. таа одбраната на реал е само 100тина милиони евра. и пак за ништо не чини. играчите се многу арогантни. сите се прават ѕвезди а не се, а во барса е обратно. таму го имаш меси и работници околу него. во реал се е индивидуала. е не се прави така екипа бе човече. Внеси играчи од младинците, пробај со нив кога не оди со овие кокошките. ама тоа е. Додека е мурињо тренер во реал мислам дека нема да видам игра од тимот. Титула да, ама игра која му доликува на реал не. Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom