1. Neverwhere - Neil Gaiman
Првата книга прочитана во 2013. Meh. Ништо посебно, иако има и серија по неа. Иако има ветувачки почеток, дејството беше линеарно и без цел. Фантазија која се одвива во Лондонското подземје. Веројатно да имав некои предзнаења за ангелите од религиозна страна, ќе ми беше поинтересна.
2. Where's you go, Bernadette? - Maria Semple
Преубаво книжуле. Дефинитивно must read за сите љубители на бестселери. Најтопла книга што ја имам прочитано во животот. Според корицата ќе помислите дека станува збор за чик лит, но воопшто не е така.
Авторката на книгата си има кариера во Холивуд - има пишувано за Елен ДеЏенерис, Arrested Development и Mad about you која едно време ја даваа по нашите телевизии.
Прочитајте само какви reviews има на Амазон.
Значи, се работи за Бернадет која има anxiety issues и едноставно не сака луѓе. Сопругот и е еден од најпознатите луѓе во Microsoft и има одржано TED талк. Но, Бернадет исчезнува без трага. Ќерка и, очајна по неа, собира писма, пораки, статии пишувани од личностите кои би можеле да имаат некаква врска со исчезнувањето и на тој начин ни ја открива целата приказна. На Амазон читам дека книгава многумина ги натерала да се смеат на глас, но најверојатно треба да живееш во Сиетл за да ги разбереш шегите. Мене барем ништо не ми беше смешно.