Тие биле овде многу пред пирамидите. Грубо 700.000 години п.н.е.
Зависи за која цивилизација станува збор. Тоа ќе варира од вид до вид. Некои имаат три пола каде третиот е комбинација од претходните два (хермафродит?). Некој вид се базира чисто само на хермафродитни единки. Некои се размножуваат со партеногенеза, или спори, несење "јајца" и слично. Некои немаат полови бидејќи немаат ни физички тела. Ти викам, различно за секој вид.
Има 23 системи во биското стеларно соседство каде има цивилизации попримитивни или отприлика на наше ниво. Останатите се понапред од нас.
Таквите вонземјани претставуваат само една цивилизација, но се премногу популаризирани, и Холивуд и медиските гиганти постојано ги промовираат во филмови, ТВ серии и документарци.
А за тие да бидат исти како нас? Па, шансите се скоро никакви, освен ако ние не сме производ кој ете личи на нив. Што е популарно тврдење од страна на луѓе кои наводни имале контакт со вонземјани.
Еве дел од цивилизациите кои наводно не посетувале/посетуваат, кои изгледаат скоро исто како нас (викам скоро), наведени по системи или соѕвездија:
Pleiadеs (Merope, Atlas, Alcyone, Taygeta, Maia и многу други)
Lyra Vega
Lyra - M57 - поранешна цивилизација, веројатно веќе не постои.
Tau Ceti
Epsilon Eridani
Aldebaran
Alpha Centauri
Proxima Centari
Procyon
Rigel Orion - поранешна цивилизација
Delta Orionis - поранешна цивилизација
Antares I и II
Sirius A, B и C
Arcturus
Hyades
Andromeda Constellation
Wolf 424
И многу други
Бидејќи шансите да сретнеме вонземска раса идентична како нас се скоро непостоечки. Тоа што наводниве вонземјани изгледаат како нас (т.е. ние изгледаме како нив), е зошто наводно тие не создале. Но вонземска раса потполно идентична како нас, независно и спонтано да "никне" на некој друг ѕвезден систем е невозможно.
Ако на нашата планета има толкава разновидност, други планети во најмала рака би имале слични особини, ако не и поголема разновидност на животни форми во некои случаи.
Светлина би било само еден пример. Топлина?
Има милион работи кои би можеле да ги интересираат. Нашата технологија би била само една работа. Тоа што сме да речеме, слабо развиени, во споредба со нив, не значи дека не би биле интересни за нив, баш спротивното, би било интересно да се следи технолошкиот прогрес и каде би не довел.
Нашата разновидност во културата е една друга доста богата материја за изучување. Со оглед на фактот дека и ние сме вонземјани за нив, сигурно и културата доста ни се разликува, и сигурно би била мета на истражувања и изучувања. Сигурен сум дека не спаѓаме во конвенционалната група цивилизации кои постојат таму некаде
.
Ова значи дека во иднина можеме да создаваме животни форми по наша замисла.
Доволно напредна цивилизација може да си создаде свои животни форми, нели? Кој вели дека можеби и ние не сме продукт од нечиј експеримент
?
Зошто не?
"Боговите" од минатото е сосема логично да се земат како вонземјани. Примитивна култура ќе го гледа вонземјаните како богови а нивната технологија како магија
"Доволно напредна технологија е нераспознатлива од магија."
~ Arthus C. Clark ~
Доволно напредна цивилизација