Не може да се заплени толку дрога колку што Албанија може да произведе

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Не може да се заплени толку дрога колку што Албанија може да произведе


Секоја педа земја во ова албанско село е засадена со марихуана. Стеблата се извишуваат како елки, меѓу куќите и ја играат улогата на огради меѓу имотите. Класични ѕидови нема, децата си играат во шума од канабис сатива. Според албанските новинари, полицијата прави рации не за да го реши проблемот, туку само колку да покаже ангажираност пред ЕУ




Македонската полиција во почетокот на неделава се пофали со запленети 350 килограми марихуана на граничниот премин Меџитлија, спакувани во 15 душеци. Вчера српските служби, пак, фатија речиси тројно повеќе канабис (908) килограми, на граничниот премин Батровци, во камион со македонски таблички, што го возел наш државјанин. Го претресле затоа што се движел од Македонија кон Западна Европа, а во последно време шверцот на наркотици по оваа траса зачестил. Се паметат и запленетите околу 500 килограми минатата година на преминот Ќафасан. Стотици и стотици килограми запленета марихуана, кои речиси не го погодуваат наркопазарот. И постојано се појавуваат нови запленети количини. Од каде „извира“ толку марихуана?
Со години е познато дека Албанија е најголемиот производител на марихуана во регионот, а Лазарат е најпознатиот производствен центар, наречен „главниот град на канабисот“. Лазарат е навидум обично село во јужниот дел од Албанија, многу блиску до градот Ѓирокастро, познат по своите историски градби. Но додека со помош на мапите на Гугл човек се обидува да ги најде тврдините и музеите во Ѓирокастро, му треба само еден потег појужно за да ги види огромните плантажи со марихуана околу секоја куќа во Лазарат. Не само во селото туку и насекаде околу него. Насадите се гледаат дури и од вселената. Албански новинари што ја следат трговијата со дрога велат дека ни оддалеку не може да се заплени толку канабис колку што ова село може да произведе.
Нема оперативна потврда за регионот на бербата на марихуаната што деновиве беше запленета, но сомневањата се дека и таа доаѓа од Лазарат. Ова, малку и зачудува, бидејќи претходно, вакви големи количества не беа запленувани на територијата на Македонија, а транспортот на марихуаната одеше по друга рута, директно од Албанија за Италија, па понатаму до Западна Европа, и преку Грција, по морски пат до Италија или Шпанија до крајните дестинации. Но зачестените акции на италијанската, грчката и на албанската полиција, минатата година, во кои беа запленувани тони албанска марихуана, веројатно ги натерале организаторите на шверцот да ја менуваат стратегијата околу транспортот.
МЕКСИКАНСКА ШЕМА
Не се одгледува канабис само во Лазарат, но тоа е центарот, чии жители со децении наназад се занимаваат со тоа. Главниот град на канабисот, царството на марихуаната, гнездото на зелениот змеј, се само дел од епитетите и имињата што се однесуваат на Лазарат, од каде што наркопазарите во Западна Европа се снабдуваат со марихуана. Холандија е главниот пазар. Популарните „кофи-шопови“ во ниската земја, на локалните љубители на марихуана, и аџиите, кои во својство на туристи, доаѓаат на раат да ја консумираат, меѓу другото, им се нуди и основниот земјоделски производ од Лазарат.
Некои го опишуваат Лазарат како место каде што има сонце, вода, сиромаштија и владее анархија. Сѐ што е потребно за стационирање база за организирано одгледување марихуана, на многу сличен начин како што тоа се прави во Мексико, каде што картелите владеат со своите региони како државна власт, а не само како подземје што ги контролира исклучиво криминалните активности. Фотографиите и видеоснимките што можат да се видат во селото се направени од полицијата, при акциите, две во последните петнаесет години. Полицијата од Ѓирокастро нема никаков пристап. Селаните љубоморно си ја гледаат работата, а ако некој залута натаму, сигурно ќе се соочи со цевка од „калашников“.
Секоја педа земја во селото е засадена со марихуана. Стеблата се извишуваат како елки, меѓу куќите и ја играат улогата на огради меѓу имотите. Класични ѕидови нема, децата си играат во шума од канабис сатива. Според некои патописи, дури и пред полициската станица во селото расте марихуана.
- Во периодите кога марихуаната се сади и се одгледува, се ангажираат околу 1.500 работници од поширокиот регион, кои одат таму на работа. Сега нема толкави работни ангажмани, затоа што е сезоната за транспорт, за шверцување. Затоа и се бележат големи заплени. Но многу повеќе се одгледува отколку што се запленува. Има процени дека за една година се произведуваат 245 тони - раскажува Кристина Фиди, новинарка од Ѓирокастро и дописничка на телевизијата Топ ченел, која често се занимава со приказната за Лазарат.
Пред извесно време на Јутјуб вниманието го привлече снимка на двајца Холанѓани, кои, откако дознале за селото, решиле да го посетат. Само серија среќни околности ги спасиле да извлечат жива глава оттаму. На снимката може да се видат како се радуваат како мали деца, додека со рацете, небаре галат женско тело, помиваат низ листовите и цветовите на растенијата. Лозинката, со која се влегувало во селото била „Дач“ - придавка со која Холанѓаните ја кажуваат својата национална припадност. Кога се доближиле до селото и биле пресретнати од населението и „војската“ задолжена за чување на поседите, почнале да викаат - дач, дач.
Имале водич низ селото, кој зборувал беспрекорно англиски, благодарение на студиите во странство, платени, нормално со пари од семејниот бизнис - одгледувањето марихуана. Тој им раскажал дека полицијата нема никакво пристап, а сѐ што гледаат зелено наоколу е канабис.
- Не ни беше дозволено да сликаме, но можевме да пушиме марихуана колку што сакаме, без пари, дури и во оние делови каде што марихуаната е многу евтина - раскажале Холанѓаните во разговор за една италијанска новинска агенција.
Новинарката Фиди вели дека во секоја куќа има барем по еден задолжен за обезбедување на плантажите, со што се создава вистинска армија против која локалната полиција е немоќна.
ЗАПЛЕНИ ЗА ПОКАЖУВАЊЕ ПРЕД ЕУ
Според процените на службите за борба против трговијата со дрога, годишната заработката од бизнисот со марихуана во Лазарат е од 50 до 60 милиони евра, а мештаните што ја одгледуваат добиваат една десетина од годишниот приход.
Одгледувањето марихуана, според полициски информации, во Лазарат е децениска традиција, но во оваа форма, организирана, зачетоците ги има во 1997 година, по немирите во Албанија. Оттогаш, во секоја куќа, домаќинство, се одгледува марихуана, вооружени тимови ги чуваат, а организаторите се грижат за пласманот и набавката на семиња, најчесто од Холандија.
Досега се направени неколку обиди да се реши состојбата со марихуаната во Лазарат, еднаш засекогаш да се искорнат стеблата, но во најголемиот број случаи останало само на зборови, иницијативи на политички партии и сл.
Еден обид за дисциплинирање на Лазарат имаше во 2010 година. Полицијата влезе во селото, но не најде ништо, заплени само мало количество марихуана. Уште во почетокот на акцијата беше јасно дека не што не е во ред, оти на вооружените до заби полициски сили, не им беше даден никаков отпор. Мирно беа пуштени да влезат во селото. Слика, многу невообичаена, ако се земат предвид претходните искуства, како она во 2007 година, кога селаните влегоа и запалија полициска станица во Ѓирокастро, па албанското МВР мораше да испраќа специјалци од Тирана да ја нормализираат состојбата.
Една година подоцна, од селото беше пукано во хеликоптери на италијанската полиција, кои се обидувале да го скенираат теренот.
Лани беше изведена последната акција. Три специјални полициски типа, инспектори од Ѓирокастро и од Тирана, влегоа во селото, но не од патот што води кон Ѓирокастро, туку преку терени на планината Сопот. Уште со првите метри и искорнати стебла, кон нив бил отворен оган од „калашникови“. Полицијата, како што пренесоа албанските медиуми, морала да им каже на мештаните да се оддалечат од вооружените лица, давајќи им до знаење дека се подготвени да пукаат.
- Ништо не се смени со последната акција, ниту со некоја друга. Во Лазарат е сѐ по старо. Владата не прави доволно за вистински да се справи со проблемот. Ако се соберат запленетите количества, тоа изгледа многу, но ако се споредат со вкупното производство, не е ниту десет отсто - додава Кристина Фиди.
Лазарат, со аспирациите на Албанија да стане членка на ЕУ, стана и политички проблем. Советот на Европа ја притиска Албанија да го реши проблемот. Впечаток дека Тирана сериозно решила да послуша беше и оваа операција.
- Војната против одгледувањето канабис останува еден од нашите најголеми приоритети, а тоа е елиминација на плантажите не само во Лазарат туку и низ целата земја - изјавил Хисни Бургај, директор на албанската полиција.
Албанските новинари раскажуваат дека постојат врски меѓу наркомафијата и властите, поради што отсуствува решителност за да се реши овој проблем. Според Фиди, и акциите на полицијата главно служат само колку да ѝ се покаже на Европа дека државата прави нешто околу случајот Лазарат, а не за навистина да ѝ се стави крај на оваа дејност.
- Еден од критериумите за Албанија е справувањето со организираниот криминал, а тоа значи и сузбивање на Лазарат. Затоа се организираат акции, се прават заплени. Но се запленуваат количества што дури и не се наменети за пазарот - додава таа.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111132016261&id=9&prilog=0&setIzdanie=22777
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Нема врска статијава, се е лага....еве чекајте да дојде Dardan-ia он ќе ви каже дека ова е пропаганда за да се зацрни прекрасното и питомо албанско население.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Посредувам при наоѓање на работа за берење на плантажите со марихуана, контактирајте ме на телефон 077-590-452.
Условите за работа може да ги погледнете подоле ..

1.jpg
2.jpg
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Според албанските новинари, полицијата прави рации не за да го реши проблемот, туку само колку да покаже ангажираност пред ЕУ
Браво ..
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Една година подоцна, од селото беше пукано во хеликоптери на италијанската полиција, кои се обидувале да го скенираат теренот.
Лани беше изведена последната акција. Три специјални полициски типа, инспектори од Ѓирокастро и од Тирана, влегоа во селото, но не од патот што води кон Ѓирокастро, туку преку терени на планината Сопот. Уште со првите метри и искорнати стебла, кон нив бил отворен оган од „калашникови“.
Па шо мајка бараат италијанците во туѓа држава,коза ностра нека си ја средат па после на други да опинаат

А то марихуаната таму за нивна потреба си ја садат само за медицински потреби на некои фамилии.:D:P
Интересна понуда имаат за работа 1 саат 10 евра се исплаќа да се печиш за тие пари (y)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Па шо мајка бараат италијанците во туѓа држава,коза ностра нека си ја средат па после на други да опинаат

А то марихуаната таму за нивна потреба си ја садат само за медицински потреби на некои фамилии.:D:P
Интересна понуда имаат за работа 1 саат 10 евра се исплаќа да се печиш за тие пари (y)
Оди среди ја ти коза ностра ;)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.123
Поени од реакции
5.838
им испотребала ЕУ на Албанија покрај вакви села
Ја мислам дека е обратното... Албанија има треба на ЕУ заради селово. Особено Холандија и Чешка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom