СП Ракомет : 12.01.2013 Македонија - Чиле 15.45 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Вкупно гласачи
    161
Статус
Затворена за нови мислења.
Проблемот може да се најде и во малиот број контролни средби како што спомнаа погоре, Исланд имаше 5 контролки.
 
Проблемот може да се најде и во малиот број контролни средби како што спомнаа погоре, Исланд имаше 5 контролки.

Ако почнеме со проблемите кај ни е крајот. Воопшто не ми е чудно што репрезентативците се тотално демотивирани иако не е оправдување но со раководство какво што имаме во федерацијата навистина не треба да се очекуват чуда. За жал овој пат фалангата не е во толкав број за да може да ги мотивира ракометарите до таа мера да ја заборават цела голгота и услови под кои работат во репрезентацијата.
Добар пример за тоа што се може да се покрене во една репрезентација со смена на одгроворните се промените во ФФМ после кои нашата репрезентација неможе да се препознае.
Со оглед на тоа дека во ракометот имаме многу повеќе потенцијал мислам дека се можни уште поголеми задвижувања кон напред.

Е сега бидејки не е моментот за вакви муабети важно е да се концентрираме на тоа што следува и веќе утре да излеземе од денешната летаргија. Би бил пресреќен ако се испостави дека денешниот меч беше само едно посериозно загревање и темпирање на формата за следните мечеви. Неретко се случува репрезентации кои лошо стартуват на светски и европски првенства да освојуват медали. Така да денешниот меч едноставно треба да се заборави и со ладна глава да влеземе во утрешниот натпревар кој ќе биде исклучително битен.
--- надополнето: 12 јануари 2013 во 23:25 ---
Кај нас е фрката што немаме тренер кој знае да направи подготовки.

Тренерот не ги организира подготовкит туку федерацијата...Е сега кај нас ај шо тренеро не го бива туку зад него стојат една плејада „фотељаши„ кои не се способни да организират едно асално патување од Скопје до Севиља а не па да организират припреми, а не дај боже да имат некоја развојна програма или слично.
 
Ако не им е мотив што луѓе од овде со никакви финансии со комбиња тргнале да ги гледаат во Шпанија, ондак незнам што повеќе сакаат. Се кладам дека пак имаме најголема поддршка колку и да сме утепаници во поглед на стандардот.
Од Битола тргнаа неколку постари Чкембари, од Скопје тргна постара екипа на Комити со комбиња, и двете групи стигнале на време и денес беа на трибини.
Бар за нив да одиграат со срце.
НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ, атмосферата си ја рушат и ради свои каприци со носење братчиња, не е само Начевски крив.
 
stole1-640x480.jpg

Ме потсети сликава со салотејп на коленото на Столе.

Нели во еден момент падна Столе при дуел и му требаше повеќе време да стане.Правеше малце гримаси,му шприцаа со тоа спрејот но на крај стана и продужи да игра.После кратко време коментаторот кажа дека сам барал замена со Димовски.

Дај боже да не е посериозна повреда инаку може да се збогуваме и од 1/8 финале.
 
Абе луѓе,па тренеров бил ретардиран бе.Дај више не му се смеете,недај боже може и децата такви да ви бидат.
 
сликата е од вчера btw. :)
 
Проблемот може да се најде и во малиот број контролни средби како што спомнаа погоре, Исланд имаше 5 контролки.
Џабе им беа на Исланд 5 контролни кога си го папаа поштено од Русија.

Нема везе квантитетот туку квалитетот на тие припремни натпревари..
Ние и цела година да се спремаме, исто ти е. Играчите се тие, тренерот е тој. Тактиката е една иста веќе со години. Пробај на пивот неколку пати, ако не иде напрај простор за Кире да шутира.
Тоа е тоа. Немаме Б план, и ај шо немаме Б план, туку а А планот не функционира, мало дете 15 минути да гледа наш натпревар ке ни ја сфати играта а не пак професионални стручни штабови на репрезентации.
 
Воопшто целта на тие контролни натпревари е да се темпира формата, да се пробаат многу комбинации, веќе постоечките да се усовршат за да на првенство да иде како што треба.
Иако изгубија од Русија јас викам ќе го јадеме ние од двете, дај боже да грешам ама по тоа како играа двете репрезентации.....
 
Абе луѓе,па тренеров бил ретардиран бе.Дај више не му се смеете,недај боже може и децата такви да ви бидат.
Ретардиран е, ама за се е во право шо кажа.
Неможи сите статични да бидат и некоја индивидуална акција да напрај некој. Мора многу поќе трчање, поголема концентрација и поголем процент реализација.
 
Ретардиран е, ама за се е во право шо кажа.
Неможи сите статични да бидат и некоја индивидуална акција да напрај некој. Мора многу поќе трчање, поголема концентрација и поголем процент реализација.

Па затоа и тој е ставен кај што е.На тајм аут тој треба да им каже сега ќе одиграте така и така.А не само трчајте и дајте гол.Така и ја ќе бидам тренер.Кога сме у напад ќе им викам дајте гол,а кога сме у одбрана ќе им викам - сега мора да се одбраниме.И на крај на прес ќе кажам - слабо изигравме,со ваква игра не може да очекуваме победа против појаки селекции.

Абе у секој спорт правило е ако не му иде на тимот - прво лета тренерот.Само кај нас обратно е изгледа.
 
Шо ви реков дека ке вергламе у место, тоа и го очекував, тесна победа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom