Пумо, многу стручно ми го објасни ова...

Те прашав за конкретни мерки, оти едукација, само како запознавање и препознавање, не значи и решавање на ваквиот проблем. Психологијата мора да има развиено некој метод за решавање на ваквиот проблем.
Имаш еден пропуст во препознавањето на проблемот. Не мора да значи дека овој проблем влече корени од едно „заостанато“ минато, па сега во „модерново“ време ние треба да вложуваме екстра напор за да го искорениме. Секој се развива различно, независно од периодот во кој живее. Не мора да значи дека овој проблем се јавува поради „традиционалното сфаќање“, причините не се секогаш во минатото.
Во моето опкружување немало ваков проблем, сум разговарала со луѓе од различни возрасти. Морам да ти кажам и дека како долгогодишен волонтер, во мојата пракса, не сум наишла на ваков проблем во семејствата, но тоа не значи дека го нема - ние не сме го регистрирале, ниту во разговорот со децата ниту во разговорот со родителите. Повторувам, ако јас не сум го сретнала проблемот кај тие семејства, не значи дека го нема кај други. Сме наишле на проблем кога за едното дете имало финансии да се обезбеди облека, а другото дете морало да чека да си дојде постарото за да ги земе патиките и да трча на школо. Но, тука проблемот не е ирационален, туку е многу реален - нема финансии за уште еден пар патики. Морам да ти нагласам дека ова не сум го видела во семејства каде некој од родителите е алкохоличар или уживател на опојни дроги, туку напротив, стабилни, но финансиски немоќни семејства. Дисфункционалните семејства намерно не ги земам како пример, оти тие се друга тема за разговор и воопшто не вклопуваат во оваа тема, иако некој може во ваквата поделбата на децата, од страна на родителите, да пронајде причина и да ги смести во дисфункционални. Последиците од ваквите поделби може да доведат до огромни проблеми, не само во семејството, туку и општеството во целина.
Ме интересира сето ова, оти, на крајот на кариштата, не можеш да ги едуцираш само малите деца... Што преземаат психолозите за родителите, оти очигледно, според воведот во темава, тие ја прават поделбата? Кај која возраст најмногу е изразен овој проблем? Како ги едуцирате? Со флаери, со разговори на релација деца - родители - психолог, а можеби и само релација деца - психолог или родители - психолог. Колку родителите се спремни и отворени за разговор? Значи те прашувам конкретно, школски да ми одговориш. Јас не сум психолог, затоа те прашувам тебе, тоа ти е струката.