Пронајдени се три вида на ниски форми на живот таму. Само една е соопштена од НАСА, дека наводно постојат микроби кои се хранат со минерали во карпите на Марс. Тоа со метеорот беше навистина интересно изведено. Истите научници после 2 месеци од кога објавија живот на Марс, како доказ од метеорот, ги повлекоа своите мислења, и како изговор дадоа - потребно е потемелно испитување! Научник како научник, не избрзува во донесување на заклучок. Тоа е спротивно на постапката на научниот метод. Треба долгогодишни анализи. А имаа три години за тоа. После метеорот е "докажан" дека има бактерии кои се наоѓаат лесно на Земјата. Нити кажаа кои се тие "познати" бактерии, нити каде живеат. Ништо. Се заташка работата и се замете под тепихчето.
"којзнае што закачиле попат најверојатно во Земјината атмосфера."
- Да не ги отвориле прозорците од шатлот да се изветреат малце и да го луфтираат каменот, па закачиле некој бацил?
Во процес е тераформација на Марс, додека јас и ти збориме.