Дај баш да видиме дали е така:
Регионализација ?!
Што правиме сега ? Ти остана ли друго оправдување ?
Еве малку постара вест за Бутел
Што значи дека одсекогаш во Бутел се запишувале албанци од Чаир, сигурно и во 2011-та се случило тоа , иначе од кај би се зголемил за 25% бројот на првачиња во Бутел.
Кога ти велам нешто , обиди се да ми веруваш , не ме терај вака да те натерам да ми веруваш. Од Скопје има најмало иселување на албанците (не велам нема) , запамти го ова.
Абе кој 200 деца фалат од Чаир , таму се децата , обиди се да најдеш десетина албанци во Бутел , и едно 100 македонци во Центар и ќе ти излезат бројките точни.
Се објаснивме до негде нели ?
А кај заминаа децата од Кисела Вода , Ѓорче и Гази Баба ?
Кисела вода -60 ученици
Ѓорче Петров -63 ученици
Еве тука нема албанци? а има 123 ученици минус. (5 паралелки)
Гази Баба: -65
А што се чудиш со тоа дека има 1027 родени вон брак ? За албанците не е важно бракот да се склучи во државните служби , туку пред оџата (верски брак). А за легален брак, кога ќе им текне си идат. Кој видел знае. А ти нит си знаел нит си видел.
Па и за ромите рачунале дека татковците им се непознати. Ваљда не се кинези, се знае роми се. Не е важен таткото за овие статистики , туку мајката, она си раѓа.
Добро, ај да ја оставиме регионализацијата на страна.
Зборуваш во Кисела Вода и Ѓорче фалеле 60 македончиња во прво одделение, а забораваш дека во Центар, Карпош и Аеродром има вкупно запишано околу 300 првачиња Македончиња повеќе во 2011/2012 г. отколку регистрирани како родени во 2005 година.
Меѓутоа, пак ме зачудува Чаир каде не се запишале 200 првачиња и Сарај каде не се запишале 70 првачиња годишно. Албанците пријавиле дека во
оп. Центар во 2011 г. се родиле 157 нивни новороденчиња, бидејќи во оп. Центар спаѓа Крњево до Пластичарите и Бит Пазар, потоа спаѓа и делот под Калето со ул. Самоилова и ул. Прохор Пчињски се` до Пластичарската улица, а општина Чаир како клин во тесен простор го зафаќа само просторот од Пластичарската улица, преку Бит Пазар до Старата Чаршија/Мавровка. Сега овие албански деца што се пријавуваат како родени во оп. Центар, значи да земеме бројка од 100 албанчиња годишно (мене оваа бројка ми се чини нереално голема), треба да учат во чаирските училишта кои им се најблизу, зошто со новата територијална поделба не потпадна ниту едно училиште со албански паралелки во оп. Центар. Порано општина Центар се протегаше до ул. Џон Кенеди и до парк шума Гази Баба. Со тоа, оп. Чаир треба да има околу 100-150 ученици повеќе секоја година, а не 200 ученици помалку.
Во Бутел бројот на првачиња е зголемен поради доселените Македонци во социјалните згради во Бутел, кои децата ги запишуваат во Пенко и Панајот Ѓиновски, а од друга страна поради тоа што во Пенко има 5 турски одделенија (околу 150 деца секоја година се запишуваат во прво одделение), кои се запишуваат од делот од Џон Кенеди на север до Бутел, Бутел и Гази Баба. Иако јас знам многу торбеши кои ги праќаат своите деца да учат на турски во Пенко, некои во Тефеуз.
Значи ако правиме некоја наша статистика би имале:
Центар +100 Македонски деца повеќе
Аеродром + 94 Македончиња повеќе
Карпош + 111 Македончиња повеќе
- помалку 120 деца од оп. Кисела Вода и Ѓорче, со што пак има повеќе околу 200 Македонски првачиња по училиштата. И ти велиш каде се децата од Радовиш,, по 2-3-5 деца од другите мали македонски општини. Еве ги.
Додека, ако се земе дека во општина Чаир има запишано помалку 200 првачиња од Чаир и помалку од 100 првачиња од оп. Центар (делот под калето и Крњево до Пластичарска улица) кои треба да учат во блиските училишта во Чаир, помалку 70 деца од Сарај и помалку 40на дечиња од Синѓелиќ/Гази Баба кои се селат по Швицарска, Франција и Австрија, мислам дека имало помалку од 300 албанчиња запишано во прво одделение од градските населби само од Скопје+Сарај.
Јас пак ќе поставам прашање, ако секоја година по 300 деца од секоја генерација првачиња од град Скопје само заминуваат во странство
, а како децата емигрираат фамилијарно, дали има во Скопје 20,49% Албанци , односно дали го надминуваат прагот од 20% за двојазичноста.
Инаку, децата се пријавуваат со податоци од мајка им и татко им, кои се запишуваат во матичните книги и изводите на родени.
Друга ситуација е што многу Роми се декларираат како Албанци, како во Дебар, Охрид, Струга, Скопје, оп. Петровец, Прилеп, Битола, Куманово и Велес. Ама тоа е нивно право, секој има право на мисла и изразување во Македонија.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 11:37 ---
Да видиме една многу чудна работа.
Во општина Центар според пописот од 2002 г. живеат 1465 Албанци во делот под Калето до пластичарската улица (без делот околу Бит Пазар) и Крњево, а многу малку во центарот на градот. Според информацијата што они ја пријавиле, во оп. Центар се родиле 157 деца од мајки Албанки во 2011 г.
Ако го пресметаме наталитетот на Албанците од оп. Центар, 157:1465 х 1000 = 107,2 промила, ќе забележиме нешто невозможно, зошто никаде во светот нема поголем од 35 промили наталитет, како максимален можен наталитет. Еве да земеме дека во делот на под Кале и Крњево се населиле уште 1000 албанци за последниве 10 години, ама пак не е возможен наталитет од 60 промили.