- Член од
- 21 декември 2012
- Мислења
- 924
- Поени од реакции
- 452
Никогаш према никој не сум бил остар кога води дискусија без навреди. Поздрав и до тебе.Одговорот искрено ми се допадна многу повеќе (од теолошки аспект) отколку тој што го знам за христијанството (Бог ќе ги воскресне тие што не им го покажал учењето свое и ќе им го понуди да го прифатат или не, нешто во тој научно-фантастичен стил беше како и повеќето други работи) ама тоа не значи дека е вистинит.
Фундаментален проблем со тоа е што иако постојат племиња кои што веруваат во еден Бог неможе да се исклучат племињата кои што веруваат во повеќе богови (сепак јас неможам да тврдам дека знам дека немало и кај нив пратеник па тие го одбиле). За нив сфатив дека Бог нема да ги казнува додека не им испрати пратеник. А тие што умреле пред да дојде тој пратеник?
Инаку прашањето не беше обид за заведување туку искрено прашање затоа што не го знаев погледот на исламот во тој однос, се надевам нема да бидеш остар.
Поздрав.