Момчето кое се викаше Мухаммед
Се кажува дека еден од чесните халифи меѓу своите довереници имаше и едно бистро и паметно момче кое се викаше Мухаммед.
Момчето секогаш на време ги извршувал сите наредби на халифот и така се стекна со голема симпатија во дворот. Kога халифот на својот љубимец му издаваше некоја наредба, он обавезно почнувал со љубезно изговарање на името на момчето: ”Mухаммед, направи го тоа и тоа…!”.
И двајцата беа среќни: момчето што имаше таков претпоставен, а халифот што може секогаш да се потпира врз младиот човек. Сепак еден ден, се случи нешто неочекувано. Издавајќи ги своите вообичаени наредби, наместо ”Мухаммед!” халифот го нарече ”Момче!”. Мухаммед почувствува дека нешто не е во ред, халифот никогаш на таков начин не му се обратил.
Поминуваа денови, но момчето никако не можеше тој ден да го заборави. Тоа го забележа и неговиот татко, кој еден ден го праша, зошто е потиштен. Иако момчето не сакаше да каже, сепак на крајот попушти пред својот татко, и му објасни за што станува збор, која е причината , зошто он е тажен.
”Татко, ти си добар и близок пријател на халифот. Дали смеам да те замолам, кога тебе ќе ти одговара, да го прашаш халифот, зошто не ме повика по име?”, праша момчето.
Таткото со блага насмевка на лицето му вети дека набргу ќе ја разјасни целата работа.
Taка и беше. Во една прилика, на лов, таткото се најде сам со халифот и после неколку реченици го запозна халифот со ”проблемот”. Халифот внимателно го ислуша својот пријател. Наместо било какво објаснување, го замоли утредента да дојде заедно со синот. Момчето тоа уште повеќе го збуни. Внатрешниот немир од пред неколку дена што веќе беше вгнездено во неговите гради, сега како да доби крилја, а немаше начин како да искочи. Tаа ноќ, не можеше очите да ги затвори. Се раздени и Мухаммед со татко му отидоа кај халифот.
Во големата одаја останаа само они, тројца: халифот, таткото и момчето.
”Kaжувај Мухаммед, што те мачи?”, започна халифот прекинувајќи ја тишината.
”Таткото се ви раскажа”, засрамено рече момчето.
”Да, но јас сакам и од тебе да слушнам. Досега секогаш мене ме слушаше, сега јас тебе те слушам.”
Момчето засрамено го кажа својот проблем и го чекаше одговорот на халифот. Халифот стана, полека се прошета до прозорот и погледот го фрли врз минарите на блиските џамии.
”Дали знаеш, Мухаммед, дека твоето име пет пати на ден се спомнува на оние минари?”, праша халифот.
”Знам”, тивко одговори момчето.
”A, дали знаеш да ми кажеш, кој бил Мухаммед?”, повторно праша халифот.
”Нашиот Пратеник и нашата гордост, син на Амина и Абдуллах, толкувачот на Чесниот Кур'ан, пример за сите нас кои го следиме…”.
”Паметно и чесно момче си ти, мој Мухаммеде”, продолжи халифот, ” токму како што е паметен и чесен твојот татко Абдулкерим, кој ти го даде тоа убаво име. Не очекував моето повикување со ‘Момче!’ дека ќе ти предизвика толку тага, но од друга страна мило ми е што е така. Долго мислеше за тоа. Дали си наишол на некоја оправдана причина, или можеби некоја своја грешка, зошто така те нареков?”, праша халифот.
Наместо одговор, момчето ги симна рамениците и повторно ја собори главата.
”Гледаш, Мухаммед, Аллах нека ти даде секое добро, јас нема да вазам ниту ќе те критикувам, веднаш ќе ти кажам, ништо не си погрешил. Наместо тоа, ќе ти откријам една своја тајна која никому не сум ја кажал. Всушност, можеби тоа и не е некоја вистинска тајна, но ете. Се што ти кажа за Мухаммед (а.с.), убаво си кажа. Oн во една прилика кажал дека ние нема да бидеме на вистинската вера се додека он не ни биде подраг од самите нас. E сега, јас се трудам да бидам подобар колку што можам; го следам она што он го правеше, го избегнувам она што он ни го забранил, а на крајот пред Аллах ќе положам сметка колку сум успеал да го задоволам. Ќе ти кажам нешто. Твоето име и името на нашиот Пратеник е најодбрано и јас никогаш не сум го изговорил, а при тоа да немам земено абдест. Тој ден јас немав земено абдст, па затоа ти реков ”Момче!” a не ”Mухаммед!”, како што обично чинам.“
Момчето задоволно молчеше, не можејќи да ги најде вистинските зборови.
Од книгата „Кажувања од Месневија“ - Џелалуддин Руми