^ Пишав и на претходната страна, учеше од најдобрите Џовинко.Во едно негово интервју,баш има изјавено дека во годините кога играа заедно со Дел Пиеро,останувал на тренинг за да вежбаат слободни со Алекс.
Што се однесува до натпреварот вчера,секоја чест за момците.Искрено кога видов дека Милан ќе стартува со прв тим,а Јуве со комбиниран(втор тим),знаев дека ќе пружат отпор,али не бев многу оптимист дека ќе идат понатаму,особено што се работеше за натпревар од купот.
Друга работа,не знам зошто толку го критикувате Мароне,кога и не изигра толку лошо.Не можете да очекувате да игра како Пирло само затоа што игра на неговата позиција.Башка до вчера цело време Конте го играше како централен бек.
А и мислам дека друга беше идејата на Конте со Мароне.Ако сакаше замена за Пирло многу по логично беше да почне со Погба,отколку со Мароне.Друга задача имаше Мароне вчера,играше многу по дефанзивно додека организацијата на нападите главно идеше преку Видал,Џакерини и Џовинко кој се враќаше поназад да прими топка.