Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Тешко Мареј. Нема психа тој за да игра финалиња. А коо шо ми стои ни па муда.

Пак со овој муабет. Пошто ко што се сеќавам, Мареј лани изигра две финалиња на Олимпијада и на УС Опен и ги доби мајке му. :)
 
За да излезе на старт? и јас :D
Зашто да не , го преслуша пред две недели бранителот на титулата на АО во два сета, е сега колку е спремен физички за долги мечеви тоа е друго , иначе со добар ждреб очекувам далеку да стигне :)
 
Ок супер. Значи годинава 4ка ќе сврзе :)

Да не се разбереме погрешно две му се добитни финалиња во 2012-та. Иначе го играше на пример и финалето на Вимблдон, ама го загуби. Ова другиве турнири не ги ни спомнувам.

Како и да е. Непотребно го правите лузер човекот. Ова не е истиот Мареј, ама да не го почнуваме пак истиот муабет, пред некој месец само за тоа расправавме на подфорумов. :)
 
Федерер игра финале годинава, а веројатно и ќе го добие. За Мареј сум сигурна дека нема да ја освои титулата, особено не ако игра против Федерер.
Мислам дека оваа година ќе гледаме финале меѓу Федерер - Мареј.

543093_543393825672414_1706554906_n.jpg
 
Фотос , какви се овие киксеви. Играм 1.9 квоти . Или +/- гемови , или хендикеп гемови . Претходните 3 гренд слема во првите 3 дена секогаш еднаш фаќав по 5-6 илјади денари . на 100 денари уплата. Сега поостро ќе играм, нормално.

Инаку веќе кога сме кај ова , Игор Ј. , ќе ја играме ли играта барем за Австралија Опен ? :) Да живне малку подморумот за Тенис .

Бате, јас одам на скијање Банско од 13ти до 20ти... ако некој се нафати да поставува типови во првата недела од турнирот ќе биде океј, кога ќе се вратам јас за втората недела ќе продолжам со поставувањето и ќе ја направам ранг листата. Може така? :)

Федерер игра финале годинава, а веројатно и ќе го добие. За Мареј сум сигурна дека нема да ја освои титулата, особено не ако игра против Федерер.
Мислам дека оваа година ќе гледаме финале меѓу Федерер - Мареј.

543093_543393825672414_1706554906_n.jpg
Помина времето на Федерер, мислам дека е премногу да се очекува уште една грен слем титула. Сепак се работи за напорни 2 седмици, а подлогата е доста спора.... ако евентуално би можел да забележи барем уште една грен слем титула.... тоа би било во Лондон на Вимблдон..
 
Бате, јас одам на скијање Банско од 13ти до 20ти... ако некој се нафати да поставува типови во првата недела од турнирот ќе биде океј, кога ќе се вратам јас за втората недела ќе продолжам со поставувањето и ќе ја направам ранг листата. Може така? :)

Помина времето на Федерер, мислам дека е премногу да се очекува уште една грен слем титула. Сепак се работи за напорни 2 седмици, а подлогата е доста спора.... ако евентуално би можел да забележи барем уште една грен слем титула.... тоа би било во Лондон на Вимблдон..

Знаеш ли од пред колку години го слушам истово? Уште од времето кога Федерер имаше само 10тина гренд слем титули.
И уште една информација за тебе: Федерер изјави дека годинава подлогата на АО била побрза од лани, а бидејќи тој ја сака брзата игра, ќе биде интересно.
Мислам дека воопшто не е проблем физичката спремност на Федерер, од неговата досегашна кариера можеме да забележиме константност во неговата игра, скоро секогаш стига до финале или титула, затоа и е меѓу првите во историјата на тенисот со најголем број полуфиналиња и финалиња едно подруго.

Како и да е, АО се ближи и верувам дека ќе биде интересно за гледање, единствена штета е што Надал не може да игра..
 
Не сум знаел дека ќе е подлогата побрза, а дека него му одговара брза подлога, знам за тоа, не гледам тенис од вчера.

Ама сепак се работи за грен слем, јас искрено мислам дека не може повеќе, Ѓоковиќ ќе го изеде за доручек :)
 
Дека ќе го изеде за доручек чисто се сомневам, ако Џоко го победи Федерер тоа нема да биде лесен меч, истото важи и за Федерер. Но знаеш како велат, единствен кој може да го победи Роџер Федерер, е самиот тој!:)
 
Ако така гледаш, секој самиот себе се победува, тоа е веќе потценување на играта на противникот.
 
Не го отпишувајте Федерер, сега можеби шансите не се толку како што му беа изминативе години, ама сепак да речите дека Федерер не е фаворит за освојување на титула, малце ептен го спуштате на ниско ниво, а во друг пост Дел Потро го вметнувате за фаворит за титула.
Денеска тој истиот одигра тежок меч против Матје. Едвај го победи.
 
Ако така гледаш, секој самиот себе се победува, тоа е веќе потценување на играта на противникот.

Па не би рекла. Знаеш зошто? Затоа што другите кога губат од Федерер, губат со помал број неизнудени грешки отколку што ги прави Федерер кога губи. Федерер ги победува противниците со винери, а тие него, со неговите неизнудени грешки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom