Атеизам vs Религија

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
А кој кај знајш дека не знаеле шо зборуваат?...Ето, отец Игор, кого го знам од видување, сметам дека е јако и ретко писмен теолог од поновиве генерации свештеници, иако по некои теми забегива од црковното учење.

Не знаат, поради тоа што секој од нив на дебатава под „религија“ ја подразбираше само својата деноминација на христијанството (а такви се, нели, повеќе од 38000). Од другата страна, пак, дебатерите зборуваа за религиите воопшто.

Ето ти и јасна манифестација на егоцентричност која е директен производ на монотеистичките религии - секој верник си мисли дека неговата е једна и једина, единствена вистинита религија. Сите други се глупи и заведени. Бајрам до 101 и назад.
 
Не знаат, поради тоа што секој од нив на дебатава под „религија“ ја подразбираше само својата деноминација на христијанството (а такви се, нели, повеќе од 38000).
.

Под категоријата „деноминација„ спаѓаат сите заедници, кои се самоименуваат за „христијански„ и за „цркви„, а кои се редовно од американско-протестантско „подријекло„ и кои се создадени од точно познати човечки ликови, а не од самиот Бог, Господ Исус Христос, Кој ја создаде „...едната, Света, соборна и Апостолска Црква...„.

Така, Црквата е една и Христова, оти Еден Е и Христос, а деноминациите може да бидат 38 000 на број, исто како што можат да бидат 56 827.
--- надополнето: 23 декември 2012 во 16:03 ---
Ето ти и јасна манифестација на егоцентричност која е директен производ на монотеистичките религии - секој верник си мисли дека неговата е једна и једина, единствена вистинита религија. Сите други се глупи и заведени. Бајрам до 101 и назад.

Егоцентрична може да биде само религијата, која е производ од човековата гордост/егоцентричност/суетност, па така сворената религија навистина е суетно приврзана за своите творци, а и творците кон нивната религија, но не и религијата која ни‘ е откриена и дадена од Небесата.

Така, имам(е) два типа религии: поставени на релација „од горе кон долу„ (од Небесата кон Светот/од Бога кон човекот) и религии поставени до „долу кон горе„ (од Светот ко Небесата/од човекот кон неговиот идол).
 
Така, имам(е) два типа религии: поставени на релација „од горе кон долу„ (од Небесата кон Светот/од Бога кон човекот) и религии поставени до „долу кон горе„ (од Светот ко Небесата/од човекот кон неговиот идол).
Така, де. Баш твојата е вистинската. Нивните се бош. Јасно ми е.

Нема верник кој не верува дека токму неговата варијанта е највистинската. Затоа сте верници, нели.
 
Така, де. Баш твојата е вистинската. .

Од кај знајш?...:D
И ја така би гласал...
--- надополнето: 24 декември 2012 во 12:57 ---
Нема верник кој не верува дека токму неговата варијанта е највистинската. Затоа сте верници, нели.

Тачно!

Е сеа, едноставна споредба помеѓу религиите, можи да дајт поубаа слика за нивните суштински разлики и да се видит зашто некоја е вистинска, а некои се поприлично сумљиви и тра лажни.
 
Од кај знајш?...:D
И ја така би гласал...

* * *

Тачно!
Е сеа, едноставна споредба помеѓу религиите, можи да дајт поубаа слика за нивните суштински разлики и да се видит зашто некоја е вистинска, а некои се поприлично сумљиви и тра лажни.
Џабе. Што ќе споредуваш кога погоре самиот си викаш дека само твојата чини - другите не.

Затоа, MIKI1, верник не може да дискутира за религии. Верник може само да коленичи и да се моли. Да резонира или аргументира - слабо.
 
Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; но лесно ќе разбереш дека светските религии се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто како и философиите. За посветеникот, кој сиве овие работи ги гледа одозгора, не постои потреба за избор меѓу Буда и Мухамед, меѓу Атеизам и Теизам. Liber X
 
Затоа, MIKI1, верник не може да дискутира за религии. Верник може само да коленичи и да се моли. Да резонира или аргументира - слабо.

Да, да..... атеистите можат да дискутираат за биологија и наука....за религија само ќе се глупирате...
 
Во денешно време, религијата многу често е посочувана како корен на војните и конфликтите. Но замислете се, што се ни има дадено религијата и вербата. Таа е родното место на училиштата и универзитетите, болниците, долго време претставувала помагач на развојот на науката, и ако човештвото се стреми кон осовршување на веќе она што го имаме, зошто таа некому му пречи?

Како резултат на модерните влијанија на западот, кои се почесто и со зголемен интензитет ги присвојуваме и ние европејците, се повеќе се’ соочуваме со ‘проблемот’ наречен Атеизам. Кои се атеистите, дали атеизмот претставува вера или мода која не прави да изгледаме ‘фенси’ во очите на опкружувањето. Јас гарантирам дека 80% од т.н. атеисти не знаат што всушност тоа значи.Тоа се индивидуи кои пласираат демек издржани тези дека религијата не чини за човештвото. Посебно е невкусно, кога тоа го прават со доза на потсмев кон верниците, не сметајќи дека претставува навреда за нешто највредно, што тие никогаш нема да го имаат.

„Религијата имаше шанса да управува со светот, тој период е наречен ‘Темните векови’“. – Ова е еден од атеистичките цитати кои можат да се сретнат денес. Тоа го велат луѓе, кои многу тешко прават дистинкција од теологијата и религијата. Теолозите се тие што креираат догми врз грбот на религијата за да постигнат лични цели и интереси. Да, јас избирам да бидам религиозен, но избирам дали и од кого ќе слушам проповеди, а секогаш тоа суштинското сум доволно разумен да го разберам и сам. Секој е способен сам да извлече поука од Светото Писмо. Толку јасно и недвосмислено не’ учи на доброто кое треба сите да го правиме. Не, ние сме луѓе и неможеме да се потпреме на методот на елиминација, посилните преживуваат а послабите мора да го дадат тоа што им е побарано, пред БОГА СМЕ СИТЕ ЕДНАКВИ!

Науката НЕ МОЖЕ, да ни докаже зошто сме овде! Кое е објаснувањето што било кога ни е дадено како настанал светот, зошто се случил Биг Бенг, зошто настанала транзиција од нежива во жива материја, науката е ЗАМОЛЧЕНА. Во секое време постои решение за речиси сите научни проблеми, но проблемите на животот остануваат недопрени. Тоа е тоа што религијата значи. Лично јас не ја гледам како материјал од кој е изграден универзумот, туку како хармонија која придонесува тој универзум да функционира.

Потрагата по биолошка основа за религијата дојде до високо ниво и наеднаш беше прекината. Со бројните експеримент со мозочни скенирања, кои беа спроведувани после 2000-та година, научниците објаснија дека постои регион во мозокот кој ги предизвиккува религиозните верувања. Во 2004 година откриениот ген VMAT2, беше прогласен за одговорен за религиозноста и беше наречен „Господов ген“, но, резултатите од понатамошните истражувања кои го поддржуваат ова тврдење никогаш не беа објавени.

Ниедна книга напишана од психолози нема да влијае врз вас, на начин кој што ќе влијае Библијата. Единствено таа е што може да промени човек кон подобро во секоја смисла. Факт е дека луѓето кои кои читаат филозовска и духовна литература се склони кон правење ДОБРО. Црквите се домовите кои ни овозможуваат духовно да се храниме, да ја зголемиме вербата и сопствената самодоверба. Секако, некој ќе ми каже дека за тоа постојат стручни лица, да, но тие неможат да ми простат и да ме вратат на местото каде сум ја направил грешката за да можам сам да продолжам по вистинскиот пат, без да ме прогонува мислата дека сум грешник.

За да можеме да сватиме од каде потекнуваат тие наши вредности, мораме да се вратиме малку назад во времето. Интересен факт е дека пред христијанството да дојде во Рим, 40% од луѓето биле робови, мажи и жени биле каменувани до смрт, жените немале никакви права, благородните семејства не секале женски деца, но сето тоа било подоцна сменето, токму под влијанието на верата. Таа била пресудна за аболицирање на робувањето, еманципирањето на жената и почетокот на рамноправноста во општеството.

ИЗВОР : http://www.bezpardon.mk/ateizam-vs-religija/
Како тоа науката не ни дава одговори на тоа како сме настанале, демек приказните за Господ ни даваат. Не тие се само утеха и сите знааме дека се лага, но ние веруваме во нив за да се чувствуваме подобро, затоа што со една приказна дека Господ се појавил од ништо и почнал да ја создава земјата, тоа ни звучи интересно и затоа одбираме да веруваме во него, затоа што во нашето семејство сите веруваат па тоа ти го наметнуваат на тебе. Да се навратам на тоа каде што викаш декаљ нуката не придонела ништо за човекот, дека науката не може да ни каже зошто сме овде? Мора да се зезаш, затоа што науката има факти-докази за тоа како настанала земјата. Да не беше љубопитноста на науката за тоа како настанал светот и се‘ околу нас немаше денеска да го имаме сето ова. Да веруваа сите во Господ немаше денес да го имаме сево ова, затоа што црквите и сите верници би ни кажувале дека прашината настанала кога Господ дувнал силно по земјата за таа да се врта па поради вртењето се создало прашината. Немаше да знаеме од што е создадена земјата да не беше науката, не викам дека науката го создала сето добро на земјата(да таа има и свои лоши страни, но има и добри), но и религијата не е баш најмирна и најетичка коа станува збор. Велат дека заред науката се создале пушките со кои се убиваат луѓе, пред пушките биле создадени огнометите, а потоа човековата алчност за пари и моќ го натерала да ги создаде пушките. Ете на блискиот исток има спојување на религијата и науката, но на лош начин. Во Сирија малкумина од лугето во целиот свет знаат што се случува, таму дојдат од Америка има дадат пушки и им кажат „твојот брат/сестра, такто/мајка, приајтел работи против дрзавата и не верува во нашиот бог“ и тој веднаш зема пушки и ги убива затоа што се неверници, да не била религијата ова немало да се случи. Сето ова се случува со помош на Америка која јавно дава причини за одење во војна со Сирија, додека Турција ги кнтролира медиумите и не дозволува веста(бомбардирањата во Сирија) да се рашири на глобално ниво, додека од Израел еверите навлегуваат во Сирија и вршат терор и масакар врз населението, а Турција ова го пренесува како Ал Каеда врши терор врз населението.Всушност америка ги поддржува терористите, ја поддржува Ал Каеда. Ако не ми веруваш имат од Русија 1 направено 45 минутна документарна емисија за тоа што се случува во Сирија(ја има на ју туб со превод). Нели господ не им давал на Адам и ЕВа да јадат од јаболкото(кое давало знаење), едноставно кажано не им давал да се стекнат со знаење, затоа што се плашел ако дознаат дека ќе најдат начин како да го победат, а тие го пробале јаболкото и се здобиле со знаење и господ веднаш се исплашил и ги казнил. ОД истото се плашат и денешните диктатори, ако народот дознае што се случува во светот, ќе направат толку силен бран што ни власта ни никој не може да ги спречи, затоа власта ги кнтролира медиумите за светот и народодот да не знаат што се случува, ЗА ДА НЕ СЕ СТЕКНАТ СО ЗНАЕЊЕ И ИНФО, а истото го прави и господ со тоа што не им дава да се информираат. Има многу интересен мит/приказна за тоа како настанале повеќето јазици во светот. Се вели дека луѓето толку многу верувале во господ па и многу го сакале и заот апочнале да ја градат кулата во Пиза.. Господ кога видел дека тие најнакрај ќе пристигнат кај него тој им ги измешал јазиците(тоа го направил од страв) и така кулата Пиза се иксривила, истото го прават и диктаторите. малку избегав од темата , но мислам дека ми ја свати поентата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom