За или против книжевни предизвици?

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Luki Junior не сакав да те навредам, немав ни таква намера, си го кажав само моето мислење.
Овие два дена прв пат среќавам на тебе и малку тешко ми е да го сварам твојот лик :cautious:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Ооо напето во темава. Прво како прво треба да знаеме која е причината некој да чита. Има различни човеци па така се различни и причините за читање различни. Едни читаат од лезет затоа што едноставно им е кеиф ете одвреме навреме да прочитаат некоја книга, па да направат муабет за книгата или слично. Исто како што на некој друг му се прави кеифот да вози точак, да гледа фудбал итн. Но 50 книги од лезет ми е малку несфатливо. Ајде две - три книги годината кога човек нема што да прави па да поужива во книгите тоа разбирам. Има и луѓе кои си го вадат лебот од читањето, тоа се разни писатели и критичари, но тие се сосема друга категорија. Што значи дека доаѓаме до теоријата на Луки, дека се чита од некаков си интелектуален снобизам или недајбоже некакви си фрустрации. А ако се чита за да се научи нешто корисно од книгите (се мисли повеќе на книжевноста, а не на стручните книги) не е тоа лошо, но има и поефективни начини да се научи нешто корисно.
Ренди, начитаните луѓе се двојат од оние кои не се дружат скоро воопшто со книгите, дека тоа и‘ е угодно на суетата никој не може да негира, а оправданиот интелектуален снобизам е дури и симпатичен. Ама не секогаш мотивацијата е позерство, туку е и вид интелектуална зависност или интелектуален порок, непресушната потреба од нови знаења и кај некои луѓе таа зависност се ,,лечи,, само со конзумација на што поголем број книги... Околу користа и тоа не можеш да го ставиш на вага, како што ми биле корисни од практична гледна точка книги за одгој на пиперки и домати од Земјоделски факултет (сериозно сум ги читала), ми биле корисни и одредени класици кои даваат насоки за практични животни дилеми...
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419

Ја сум еден од тие што упорно се двојат од прости и неначитани луѓе. Штом сретнам човек одма го прашувам за некои опскурни книги, музики и филмови. Ако не ги знае, ајт здраво. Овој сељаков тука што се прави интелектуалец мисли прочитал некое книжуле и мислел после два дена што пишувало и се просветлил. Ама тоа ти е, неука раја од сите страни.
 
kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Читањето не е натпревар, читањето не е бројка на книги, ниту пак штуро прелистување и вртење на страниците.
Читањето според мене е нешто интимно, мое, лек и душевна храна.
Читањето книги ја губи својата смисла се до оној момент кога ќе добие димензија „читање заради читање“.
Има книги кои се читаат 2 години, а има книги кои се читаат за 2 дена.
Пробајте да се натпреварувате со прочитани дела од Шолохов, Достоевски, Ремарк, Салман Ружди и други светски класици.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
А добро зошто некој да биде признаен и прифатен во литературните кругови, мора да ги има прочитано светските класици? Тие се мерка за кој колку е начитан? Јас читам тоа што ме привлекува, фантастика и крими. Се друго, ќе го земам во рака и без воља ќе минувам низ страниците, се додека не се стане дел од украсите покрај креветот.
За да можеш да го оствариш предизвикот, треба да имаш време за читање. Се додека не ми се јави потреба од Толстој, Достоевски и т.н не ни почнувам да ги читам на сила. Сега за сега ќе се задржам на Зафон, Кристи, Легберг и останати слаткиши, со цел да направам разлика зошто едните се светски класици, а другите се само романи на годината.
 
R

Randy

Гостин
Ренди, начитаните луѓе се двојат од оние кои не се дружат скоро воопшто со книгите, дека тоа и‘ е угодно на суетата никој не може да негира, а оправданиот интелектуален снобизам е дури и симпатичен. Ама не секогаш мотивацијата е позерство, туку е и вид интелектуална зависност или интелектуален порок, непресушната потреба од нови знаења и кај некои луѓе таа зависност се ,,лечи,, само со конзумација на што поголем број книги... Околу користа и тоа не можеш да го ставиш на вага, како што ми биле корисни од практична гледна точка книги за одгој на пиперки и домати од Земјоделски факултет (сериозно сум ги читала), ми биле корисни и одредени класици кои даваат насоки за практични животни дилеми...
Тој снобизам воопшто не се разликува од онаа фаза кај децата кога побогатото дете му се смее на сиромашното затоа што е со искинати патики. Едноставно не сме сите исти и различни работи ни го прават кеифот. Еден сака спорт, друг сака филмови... Големината на еден човек е да знае со секого да се разбере и да има различити интереси во слободно време. И какво е тоа двоење?
А за користа е малку лошо да се расправа ама ај кога веќе се фатив за орото. Практични животни совети и од баби и тетки се добиваат со пола саат муабет на кафе не мора човек да троши цели денови читајќи книги. Да не бидам погрешно разбран, не велам дека не треба да се чита, треба барем лектирите на училиште да се прочитаат ако веќе некој нема желба за нешто повеќе на тоа поле. Но нема никаква супериорност во читањето многу книги.
 
L

Luki Junior

Гостин
Luki Junior не сакав да те навредам, немав ни таква намера, си го кажав само моето мислење.
Овие два дена прв пат среќавам на тебе и малку тешко ми е да го сварам твојот лик :cautious:
Поарно не пробувај. Најискрено. :)

Ја сум еден од тие што упорно се двојат од прости и неначитани луѓе. Штом сретнам човек одма го прашувам за некои опскурни книги, музики и филмови. Ако не ги знае, ајт здраво. Овој сељаков тука што се прави интелектуалец мисли прочитал некое книжуле и мислел после два дена што пишувало и се просветлил. Ама тоа ти е, неука раја од сите страни.
Сизиф. Шо да прааш.

Само знаеш, многу книги = пичиња слабо...
У слободно време имам шанса да работам како избацивач... Балгами вадам од петици, како Аца Лукас после концерт. :icon_mrgr: :icon_mrgr:

Не бе срце, јас не членувам, ни па сам признаен у некаков литературен круг. Повеќето од светските класици са досадни. Исто как шо е досаден и неинтересен човечкио живот генерално гледан. Забавата у целата гимнастика иде у ного посуптилен аспект. А ти шо ги читаш тија другите, супер интересно ти мине времето. :)

Пичиња се за сељаци.
Десанка Шакич за тебе само. И некоја сабрутина да ја контролира за максимално задоволство.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Тој снобизам воопшто не се разликува од онаа фаза кај децата кога побогатото дете му се смее на сиромашното затоа што е со искинати патики. Едноставно не сме сите исти и различни работи ни го прават кеифот. Еден сака спорт, друг сака филмови... Големината на еден човек е да знае со секого да се разбере и да има различити интереси во слободно време. И какво е тоа двоење?
А за користа е малку лошо да се расправа ама ај кога веќе се фатив за орото. Практични животни совети и од баби и тетки се добиваат со пола саат муабет на кафе не мора човек да троши цели денови читајќи книги. Да не бидам погрешно разбран, не велам дека не треба да се чита, треба барем лектирите на училиште да се прочитаат ако веќе некој нема желба за нешто повеќе на тоа поле. Но нема никаква супериорност во читањето многу книги.
Фактот дека ќе се разберат луѓето ако пројават интерес и желба за тоа нема никаква врска со тоа дека и натаму едниот ќе биде интелектуално посупериорен на литературен план, другиот да речеме ќе биде супериорен по познавање на фудбал... Нема комичен, ни трагичен ефект тука, затоа не важи примерот со исмевањето на богатото дете, различни сме, а тоа значи дека некој во однос на другите е по(не)убав, по(не)начитан или земи било кој рандом епитет и употреби го... Нештата се едноставно така поставени и ќе бидат такви засекогаш, некои поединци по некои карактеристики ќе предничат, признавањето на тоа не го прави човека зол или сноб, само објективен реалист.
--- надополнето: 8 јануари 2013 во 00:13 ---
Повеќето од светските класици са досадни. Исто как шо е досаден и неинтересен човечкио живот генерално гледан.
Она што мене ми се допаѓа најмногу кај класиците е што имаат онакви исходи на настаните и ликовите кои се најблиску до она што би се случило во реалниот живот. Кога сакам таква егзистенцијално отрезнувачка нота, бирам класици, кога сакам бегство од реалноста, тука е широката лепеза жанрови од фантастиката... :)
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
А добро зошто некој да биде признаен и прифатен во литературните кругови, мора да ги има прочитано светските класици? Тие се мерка за кој колку е начитан? Јас читам тоа што ме привлекува, фантастика и крими. Се друго, ќе го земам во рака и без воља ќе минувам низ страниците, се додека не се стане дел од украсите покрај креветот.
За да можеш да го оствариш предизвикот, треба да имаш време за читање. Се додека не ми се јави потреба од Толстој, Достоевски и т.н не ни почнувам да ги читам на сила. Сега за сега ќе се задржам на Зафон, Кристи, Легберг и останати слаткиши, со цел да направам разлика зошто едните се светски класици, а другите се само романи на годината.
Све зависи од видот/жанрот на литература што се чита. Ти може да ги читаш Зафон, Коељо, Мајер, твое право. И ке успееш во предизвикот, ке прочиташ 30-40-50 книги. Можеш да ги читаш и Шекспир, Молиер. Па ке го исполниш предизвикот. Јас читам друг тип литература. Пример за брзо време планирам да го почнам Роберт Мантран - 950 страници, после Ставријанос - 1000 стр., па Чедомир Попов - Граѓанска Европа, 3 тома, 1500 стр. и тн. Практично е невозможно, ако продолжам по истиот терк, со ваква литература, ја да стигнам до бројка 50 книги на година. Треба да се мрднам жив. Тоа не значи дека мојата литература е нешто по спешл од книгите ти што ги читаш, нит па те потценувам. Секој човек чита различен тип литература, а аналогно на тоа зависи и бројот на годишно прочитани книги. :)
 
Па никој не те тера бре човек да прочиташ 50 книги. Муабетот е како ни влијаат предизвиците поставени овде. Мене лично ме натераа пак да почнам да читам. Ако ти на крај на година се разочараш зошто не си прочитал 50 книги, твој проблем. Никој овде нема да те осуди или да ти каже браво за трите тома од Попов. Читањето е лично задоволство. Ама штом сме кај фалење кој која грамажа на книги ќе ја чита годинава ајде ќе си ги мериме, јас планирам после сите изданија на Зафон да ја почнам серијата на Мартин (704, 969, 992, 753, 1056 стр. 6тата и 7мата уште не се издадени). И те молам не ме потценувај со Коељо, да не се расправаме. :)
 
Не ме разбра што сакам да кажам. Нејсе, не е битно. :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Не ме разбра што сакам да кажам. Нејсе, не е битно. :)
Те разбрав, ама сакав и јас да се испофалам. :P
Само не знам зошто толку лошо се сфаќаат предизвиците. Никој не не тера на ништо, ако сакаш читај ако не сакаш не читај. Едноставно е. Никој на крај на година нема да ти каже дека си прост ако не си успеал да прочиташ 50 книги. И навистина ти симнувам капа за изборот на книги за оваа година, сигурно се тешки четива. Но ако тебе те исполнува читањето на тие книги, не ти треба признание од луѓево на Кајгана. :) Уживај и пливај, т.е. читај.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ако ги читате коментарите од 2012, се гледа дека не се работеше за билдање его, туку баш секој за себе си гледаше колку чита.
Новиот предизвик е малку претеран-50 книги се многу.

пс: Уживам да читам полукараница која не е на дневно-политичка база! Ве сакам сите! :love:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Лепо кажано, ова нешто го зборам со години наназад.
Читањето книги те прави паметен исто колку што шутирање слободни те прави кошаркар, глупости...

Квантитетот нема благе везе во големата слика. Но ете, пусто его и желба од гледање на фрчковски на тебе добивање на разно разни прагматични оргазми како слушање џез и читаше 198 книги во една година. Се што ќе добиеш од ова е еден голем знак прашалник и браво проследено со тапшање по рамо од некого кого кур не го боли за тоа пошо пак знае дека си јебан глуп ко бурекот што го м"цнал сабајлето.
 
Така се тешите вие што не читате ништо?

Игонирајќи ги сите работи што не ти одговараат, исто ко воопшто да не си ги прочитал претходните коментари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom