Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
@Hennessy - тебе ти треба екран/уред што има HDMI влез ( ако лаптопот има соодветен излез ). Иначе можеш да го повржеш на било кој монитор или модерен TV ( доколку ги има соодветните приклучоци ). Какви излези има лаптопот? Ако имаш HDMI излез ( на лаптопот ) - можеш да го поврзеш на уред со DVI ( со соодветен адаптер од 2 евра или HDMI - DVI кабел ) или HDMI влез, ако имаш VGA излез - можеш да го повржеш на уред кој има VGA или DVI-I влез ( со соодветен адаптер од 2 евра ).

@sotelashko - каква интернет конекција имаш ( од кој провајдер ) ?. Треба да се подеси ама не е тешко. Треба да му кажеш на рутерот каква конекција користиш - ако си у лан зона ( ако не ти бара user/pass - значи само го ставаш кабелот и тераш ) - DPCP - automatic, ако не - PPPoE конекција ( ќе внесеш user/pass кои ти ги дале од интернет провајдерот у рутерот пошто конекцијата се прави преку него - не може автоматски на рутерот да му "текнат" такви информации ).
Ако си у LAN зона без user/pass ќе треба да ја клонираш MAC адресата од мрежната од компјутерот што си го користел до сега за пристап на интернет у рутерт ( @wan port ) или ако рутерот нема таква опција ( генерално има ) - да се јавиш кај операторот за да ја регистрираат новата MAC адреса.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.268
@Hennessy - тебе ти треба екран/уред што има HDMI влез ( ако лаптопот има соодветен излез ). Иначе можеш да го повржеш на било кој монитор или модерен TV ( доколку ги има соодветните приклучоци ). Какви излези има лаптопот? Ако имаш HDMI излез ( на лаптопот ) - можеш да го поврзеш на уред со DVI ( со соодветен адаптер од 2 евра или HDMI - DVI кабел ) или HDMI влез, ако имаш VGA излез - можеш да го повржеш на уред кој има VGA или DVI-I влез ( со соодветен адаптер од 2 евра ).
Имам VGA излез на лаптопот, ама не е проблем лесно се наоѓа VGA-HDMI адаптер. Туку прашањето ми беше дали може да го користам таблетот како екран, сепак и тоа си има свој ОС и е комплетно функционален уред, дали ќе функционира ако го поврзам вака со адаптер и преку лаптопот го пуштам излезот од монитор ко на проектор (CTRL + f4), а кога ќе го извадам од кабел пак да си имам функционален таблет?

Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
VGA-HDMI адаптер нема да најдеш лесно, VGA - analog - HDMI - digital , значи ќе ти треба цел "склоп" - конвертер кој не е ни лесен за да се најде ни евтин. Затоа намерно у прошлиот пост напоненав дека ако имаш VGA излез можеш да го повржеш на уред со DVI-I влез. DVI-I влез за разлика од DVI-D и HDMI може да прими и аналоген и дигитален сигнал ( се користат различни пинови - зависно каков сигнал се користи ).
Не верувам дека таблетот ќе можеш да го искористиш како монитор затоа што тој најверојатно има HDMI ИЗЛЕЗ ( output ), не влез ( input ) - ама ипак прочитај спецификации за да бидеш сигурен.
 
Ахам. Фала многу. Значи ако има HDMI влез секако можам да го користам ко монитор без проблем.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
Не :).
Значи вака:

Ако имаш VGA излез ( ко у твојот случај ) - можеш да го повржеш ( најпросто/најевтино ) на монитор/уред со VGA или DVI-I влез. На уред со HDMI* влез не можеш.

Ако имаш DVI или HDMI излез ( значи не за у овој случај, рече дека имаш VGA ) - можеш да повржеш на монитор/уред со DVI ( D, I ) или HDMI влез. На VGA* не можеш.

За сите полиња со * важи ! : без соодветен скуп конвертор ( неисплатливо ! ).

p.s. постои и DVI-A ама намерно не го спомнувам пошто скоро и да не се користи.
 
sotelashko

Гинеколог
Член од
1 ноември 2010
Мислења
32
Поени од реакции
18
Имам интернет од кабелнет.. прилеп.. иамм интернет на персонален али сакав да приклучам и на лаптоп .. а одам во сервис и ми викаат дека сум имал послаб пакет не можело на пакето шо ја го користам.. и сега да прашам некој дане знај на диво како да се лупнам
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Дали има начин да се заклучи екстерниот хард диск т.е да бара пасворд при секое вклучување во лаптопот?
 
TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Дали има начин да се заклучи екстерниот хард диск т.е да бара пасворд при секое вклучување во лаптопот?
Има, на пазар катанци специјални, (зависи од видот на хард дискот), го заклучуваш, и после преку мобилен праќаш порака "отклучи" на задното бројче на катанецот што стои. Имаш и посебен аналоген шифрарник од 5 цифри (како кај велосипедите, само помал) за секој случај, ако го загубиш бројчето.
 
R1K0

the chosen one
Член од
7 јули 2012
Мислења
116
Поени од реакции
42
здраво,сакам да ми разјасните некои работи за процесорите оти мислев дека знам ама врска сум немал...сега сакам да земам нов комјутер и по што треба да ги разликувам процесорите?(имат ghz,cache,кое е по важно?)и шо е финтата со двојадрените и четиријадрените процесори?ја мислам нешто како 2 или 4 процесори залепени и на пр ако е intel celeron b800 1.50 ghz dual core тоа значи дека е 3ghz или како ? барав на гугл нешто ама ми треба конкретен одговор.фала однапред
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
Па... и све е важно и ништо не е важно :). Процесори со различна архитектура не можеш да ги споредиш дирекно ни со број на јадра, ни по фреквенција, ни по кеш меморија и од тоа да можеш да извлечеш некаков заклучок. По тие спецификации можеш да споредуваш само процесори од иста генерација. За споредба - ќе бараш benchmarks од процесорите што те интересираат да видиш како се понашаат во програмите кои тебе те интересираат ( пример - еден процесор може подобро да се покаже во една програма/игра, друг за слична цена во друга итн. ) - ќе видиш кој е најдобар во тие програми што ти требаат во одреден ценовен ранг ( зависи колку пари имаш ), ќе разгчедаш какви можности за upgrade имаш во иднина и тоа е тоа мање више.

p.s. 2 x 1.5 Ghz не е исто како еднојадрен процесор на 3 Ghz. Ако се иста архитектура, разлика само во clock speed и број на јадра - нема да се понашаат исто процесорите.
Еднјадрениот генерално би требало да биде побрз во апликации кои не користат повеќе од едно јадро ( постари програми/игри ). Во програми/игри кои користат повеќе - малце подобро би требало да се покаже двојадрениот ( повеќе thread-ови одеднаш, поефикасно користење ).

Заклучок - барај benchmarks во програми/игри кои тебе ти се битни и гледај каков upgrade path имаш ако планираш да појачаш.
 
TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Има, на пазар катанци специјални, (зависи од видот на хард дискот), го заклучуваш, и после преку мобилен праќаш порака "отклучи" на задното бројче на катанецот што стои. Имаш и посебен аналоген шифрарник од 5 цифри (како кај велосипедите, само помал) за секој случај, ако го загубиш бројчето.
Еве и линкови:
http://garyvault.en.busytrade.com/p...-Key-Lock-Portable-Car-Gun-Mini-Safe-Box.html http://www.lacie.com/products/product.htm?id=10564
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Зошто нејќе да работи вграденава камера што ми е на лаптопот? Што може да е проблемот?

Порано работеше, сега нејќе. :(
 
TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Зошто нејќе да работи вграденава камера што ми е на лаптопот? Што може да е проблемот?

Порано работеше, сега нејќе. :(
Каков модел на лаптоп имаш?
И дали камерата при стартување се уклучува (накратко) и пак се гасни?
Објасни подетално
 
Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Каков модел на лаптоп имаш?
И дали камерата при стартување се уклучува (накратко) и пак се гасни?
Објасни подетално
Проблемот било до Windows Update, бидејќи сум го реинсталирал Виндовсот не ми беа примени апдејти и веднаш кога го рестартирав проработе. ;)
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Имав WD 500gb, сега имам Хитачи 1тб.
Хитачи е многу побучен и поспор од ВД.
Вд ми беше со 16кеш на 7200. Хитачи е со 64кеш.
Што е форава?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom