Сликата подоле е само за да видите за која големина се работи, и каде се наоѓа фигурата.. го имам оригиналниот (јавен) колаж од НАСА кој тежи 78MB и е со димензии 12756 х 3487 пиксели @ 100 DPI.
Инаку, го симнав за да видам како изгледа како целина, дали има нешто слично. Ама нема. Може да биде карпа, ама тогаш е уникатна, затоа што не соодветствува со пејзажот околу неа. Плус, тоа што би било сенка на карпата не е ни приближно слична со сенките на другите карпи - нешто што е уште позабележливо по играње со филтри во Photoshop.
Јас би одел на варијантата дека се работи за некакво суштество, иако не е добра идеја да се спојат човековите очи, фантазија и непознати предели. Мене ми личи на женска фигура, затоа што ми се причинува дека гледам цицка и јасно дефинирани бедра. But that's just me.