Слободната воља и религиите!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.458
Хептаграме, дечкото бара за убијците на деца - слобода.

Која е поентата да се дискутира со некој таков за слобода на изразување или воопшто слобода на воља? ... или за било што.
Секој муабет ќе биде банален, пред се заради флагрантноста на горенаведеното.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
П.С. Постои Слободна волја кај секој, некој ја открива и ја извршува други немаат време за тоа и удираат стативи постојано и прават „гужва пред гол“ за другите, тоа го знаеме многу одамна...
Не постои „Слободна“ воља кај човекот.... постои Воља.
Јас потполно те разбирам кога зборуваш дека постои „Слободна“ воља, ама и сам велиш...некој ја открива , некој не. За да откриеш таа „Слободна“ воља требе многу фурни леб да изедеш ( ништо персонално)

Религијата од друга страна го корни тој корен од каде што се крева таа наша слободна волја, куп „божествени“ закони кои го одалечуваат човекот од божественото, а го спуштаат да коленичи и да биде поблиску до земјата, како црв... Религијата го уништува тој корен кој е врзан со сомнежот, врзан со истражувањето, искуството, надминувањето... За такви, нема слободна волја, има надеж! А надежта... е за неспособните... а такви, не сакаш секако да имаат слободна волја!
Тука доаѓаш на мое..,.....затоа што религијата ја изедначуваш со монотеистичките религии.....
Не се само тие Религија
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Не постои „Слободна“ воља кај човекот.... постои Воља.
Јас потполно те разбирам кога зборуваш дека постои „Слободна“ воља, ама и сам велиш...некој ја открива , некој не. За да откриеш таа „Слободна“ воља требе многу фурни леб да изедеш ( ништо персонално)

Тука доаѓаш на мое..,.....затоа што религијата ја изедначуваш со монотеистичките религии.....
Не се само тие Религија
Така е... Земи ги Зен, Тао, Суфи и т.н... тоа се врв на религиозноста на планетава... И не никако не се секти ниту пак организирани религии... Тоа ти е нешто внатрешно, индивидуално, субјективно кое кога ке стане тотално свесно тогаш станува и космичко постоење... Сакам да кажам дека не постои материјалност и духовност во реалноста... тоа е едно те исто...
А Хептаграм XI што ти подразбираш под “Слободна„ воља...?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
Немој со тоа многу фурни леб, лебот (телото на Исус) нема врска со волјата.;) Знам многумина што се отепаа од јадење, ама ништо од чистата волја, ослободена од страст и сето останато што следи.
Бркање на премногу патеки и зајаци, нема да те однесе до целта, само ќе остане човек со празни раце... а тоа денес е на мода. Да се мешаат симболи и учења и да не се прави разлика од лево и десно... создава само дрдорковци кои прават „гужва пред гол“, го реков тоа...
Во религијата нема ништо точно, не постојат дефиниции... постои само надеж и верување? Зарем не е така...?
Ете види на мојот блог последниот пост, што убав муабет е направен...

Не може да велиш ти што е религија што не е... за тебе сешто е религија како што наброја претходно. А јас не се сложувам со тоа, иако не мислам да се расправам на таа тема.

Важно, мило ми е што имаш исти ставови со атеистите во врска со црквата и исламот, попови и хиерархии :) Бесцелно сте се расправале и навредувале... се заради различните симболи за едно та исто нешто...
На сите велеше секташи и атеисти да одат во црква, а ти си бил сето тоа во едно.Like it, ми се допаѓа твојот сарказам...
Бидејќи според религиите кои ти велиш дека немаат идентитет, ти си обичен секташ кој што не е свесен за тоа... прашај некој монах или поп ќе ти го каже истото.

Се поеќе луѓе ја осознаваат моќта на чстата волја, ослободена од страста за резултат, уживање во работата што ја вршат,патеката која ја одат... далеку од догми и верувања. Се што не дава спознание, нуди лага... :) Религијата на лавовите во името на Човекот ;)

P.S. OSHO-Lover,за суфизмот мислам дека не може да се каже дека нема хиерархии и дека не е ислам. Ама за тоа поеќе Soul-of-Space мислам дека може да даде мислење....

P.P.S. Цела тема за Слободна волја има на која сум пишувал... Телема(Волја) се вика темата, таму ќе побараш, мислам дека ќе најдеш нешто во врска со тоа.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Немој со тоа многу фурни леб, лебот (телото на Исус) нема врска со волјата.;) Знам многумина што се отепаа од јадење, ама ништо од чистата волја, ослободена од страст и сето останато што следи.
Еве за да ме сватиш како што треба...
Кога велам „требе многу фурни леб да изедеш“ ....мислам на тоа твоето....МАРШ на работа!
Само Работата доведува до „слободна “ воља....работата на Битието.
А тоа.....како се работи на Битието...нема да ви го кажам никогаш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
Не мора ништо да кажуваш... молчи си. Знам што мислиш. Твоето битие, твој проблем. Моето, мој проблем ;)

Се знае тоа дека треба работа 20 000 години пред тебе и мене... а што сите денес сакаат скратени патеки бидејќи „животот брзо се живее“, нека им биди.
Кој сум јас или било кој да им вели: Ти грешиш! Не така? Ставете се на нивно место и размислете дали вие ќе ги издржите нивните искушенија па потоа судете им и велете им дека грешат. Не дојдовме да ги судиме, ами да ги подржиме во нивните лудости :)

Религијата ќе повторам не дава слободна волја, не дава знаење, не дава божественост! Не дава ниту патокази како до таа волја ниту пак што со нејзе... догмата никогаш не дава злато, дава кал.
Затоа и велам дека Телемата не е религија.
А од кал... само еврејскиот бог создал човек :)
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Sufizmot,Tesavufot,Dervislukot,so ovie termini e del od Islamot i e graden spored Islamot. Sekoj koj sebesi se narekuva Sufija ili Dervis,mu pripagja na Islamskata religija.
Eve eden link kade na krako mozete da se zapoznaete so Sufizmot:
http://www.dzemat-oberhausen.de/index.php/tekstovi/tesavvuf/531-kratki-uvod-u-sufizam-ejh-ragib-robert-frager-el-derrahi

Sufizmot bez Fikhot (islamskoto pravo) e kako lamba bez shishe (zastita),cija svetlina moze da ja izgasi i edno malo veterce.

Duhovnost vo sekoja religija postoelo ama ne se vikala i narekuvala Sufizam nitu Tesavuf nitu pak Dervisi. Tie doagjaat i gradeni se po Islamot i nema Dervis nemusliman.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Duhovnost vo sekoja religija postoelo ama ne se vikala i narekuvala Sufizam nitu Tesavuf nitu pak Dervisi. Tie doagjaat i gradeni se po Islamot i nema Dervis nemusliman.
брат.....да не се караме сега......
Еве јас сум дервиш немуслиман........по мене ти не си ги сватил дервишите.
Имам дадено спот со дервиши како се вртат и со коментар испод..ако го разбираш,добро...ако не, пак добро
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Не мора ништо да кажуваш... молчи си. Знам што мислиш. Твоето битие, твој проблем. Моето, мој проблем ;)

Се знае тоа дека треба работа 20 000 години пред тебе и мене... а што сите денес сакаат скратени патеки бидејќи „животот брзо се живее“, нека им биди.
Кој сум јас или било кој да им вели: Ти грешиш! Не така? Ставете се на нивно место и размислете дали вие ќе ги издржите нивните искушенија па потоа судете им и велете им дека грешат. Не дојдовме да ги судиме, ами да ги подржиме во нивните лудости :)

Религијата ќе повторам не дава слободна волја, не дава знаење, не дава божественост! Не дава ниту патокази како до таа волја ниту пак што со нејзе... догмата никогаш не дава злато, дава кал.
А од кал... само еврејскиот бог создал човек :)
Нема, биле скратени или дугачки, патеки... животот е единствена патека во која ако си свесен ќе растеш со секој нареден чекор, во спротивно, како што вика Гурџи ќе тапкаш во место, наместо да бидеш река која тече според законите на Космосот, ќе бидеш вештачко езеро кое е блокирано од брана(умот) и едина можност ти е да се претвориш во трула вода, па ќе те прочистуваат со флуор(догми) и други срања...
А за да земам да ти чепкам по постови за слободната воља немам намера сега... ако можеш во кратки црти, со едноставни зборови да го искажеш мислењето ок, ако не батали... ;)
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
брат.....да не се караме сега......
Еве јас сум дервиш немуслиман........по мене ти не си ги сватил дервишите.
Имам дадено спот со дервиши како се вртат и со коментар испод..ако го разбираш,добро...ако не, пак добро
Nema nikakva potreba da se karame,bratce. No nema ni potreba da si prifakjame se i sesto za da se sakame.

Jas do den denes,da ne se falam,sekoja pofalba na Allah vozviseniot mu pripagja,imam procitano dosta literatura (Sufijska) i imam zapoznato dosta sufii i sejhovi,no ni denes nitu od poranesnite,ne sum sretnal dervis sejh nemusliman. Nitu pripadnik na bilo koj tarikat a da ne e musliman.
Mozno e da ne ste gi svatile vie nivnite zborovi.

Ke mozete li da mi kazete koja Sufijska literatura ste ja citale. Da mi kazete eden Sufiski Sejh koj ne bil Musliman i maksimalno bil pokoren vo sluzbata prema Allah dz.s ?
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 14:50 ---
Eve primer mnogu mi se dopadna komentarot na OSHO ama ne sum jas pripadnik na taa religija-dvizenje.
 
Ни јас не сум... ;)
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 14:57 ---
Не се ограничувај себе си со припадност на некаква си религија... доволно е да си припадник т.е. тотален во животот и во сите парадоксални контрадикторности кои го прават целосен...
 
W

Werther

Гостин
Eve primer mnogu mi se dopadna komentarot na OSHO ama ne sum jas pripadnik na taa religija-dvizenje.
E и мене исто,ми се допаѓа кога ќе почнеш да објаснуваш како исламот бил мирољубива религија,па некое цитатче полно со љубов,да ти е мерак да те слуша човек.

Ама кога ќе го вклучам телевизорот,спротивното.Бомбаш самоубиец,убиени деца на велигден,тепани деца во автобус...

:)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
И тогаш Бог му даде слободна воља на човекот
И тогаш Бог му рече на човекот или мене ќе ме славиш
или мене ќе ми се клањаш и ги тераш сите да го прават тоа
или ќе гориш во пеколот за век и векова...
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ни јас не сум... ;)
Bez razlika prijatele. Tuka sme znaci... Ako ti se dopagja ne znaci deka moras da bides pripadnik.Ne sum nitu jas Sufija. Nikogas vo Halka ne sum prisustvuval,nikogas zaednicki zikr ne sum pravel na glas a nemam protiv da receme i seto toa go razbiram zosto i kako go pravat,ne sum imalprilika. Sufija se postanuva so ne prestanoto robuvanje na Allah dz.s ne prestaniot zikr,post,ne oprestano razmisluvanje za Allah dz.s,obavuvanje na 5-te zadolzitelni molitvi,molitva nafile vo noknite casovi..... Ova e patot do sufizmot. Na ovoj nacin ti se trgaat zastorite na patot koi ti precat da ja vidis realnosta i nekoi od tajnite na ovoj zivot.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
И тогаш Бог му даде слободна воља на човекот
И тогаш Бог му рече на човекот или мене ќе ме славиш
или мене ќе ми се клањаш и ги тераш сите да го прават тоа
или ќе гориш во пеколот за век и векова...
И тогаш, тоа беше приказната измислена од итрите за да се плашат големите деца... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom