Вртевме, вртевме... кај кого се падна паричката?

Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иако некои вртат на Василица, поголемиот дел од луѓето лепчето го вртат денес.
Некои за ручек, некои за вечера го прават овој обичај.
И како што е редот, да си прашаме:

Кај кого се падна паричката?

Се верува дека кај тој што ќе се падне паричката ќе го следи среќа и бериќет цела година...

П.С Ве замолувам да покажете почит на овој ден и без досетки ала Хаус или некои обиди за циничен хумор, затоа што ќе има санкции. Ако не празнувате, прескокнете ја темата...
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
Кај нас вртиме денеска на бадник ама на вечера...

последниве 3 години кај мене се паѓаше :D вечер ќе видиме :)
 
Член од
28 јули 2012
Мислења
106
Поени од реакции
62
Кај нас обавезно на бадник на вечера,а на василица поретко дали 4-5 пати имаме правено лепче.
Денес со надеж дека јас ќе сум тој со паричката :D
 
А

Анноун

Гостин
Ги нема нашите од Оустрелија да се пофалат , толку ли немаме форумџии од таму?
Ние накај 6-7 ќе вечераме , па очекувајте убави вести од мене после . :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
ние на василица вртиме. и викав денеска на мама да стави паричка ама таа почна да ми кажува приказни за св. Василиј кој им ставал парички на сиромасите во лепчиња, за да ги израдува, не знам што, не знам како и затоа во негова чест на 14ти ќе вртиме.
а сега да ставевме и после пак на василица не чинело два пати во годината да се става паричка (y) (ова е од баба)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Кај мене нема се паднато паричката одамна, да не речам од коа прекинаа да ми ја местат. Ќе пишам ако биде вчерва.:)
 
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Кај нас на бадник лепче вртиме а на василица бурек со паре :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Сите мои роднини и пријатели колку што знам денеска на вечера вртат паричка. Последниве 7-8 години постојано се паѓа кај мене секоја година, и тоа без местенки:cuc:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
секоја година на овој ден иста песна,
еве жена ми,сега се спрема да го замеси лепчето и ми бара париче.Јас имам некој минијатурни многу мали за оваа намена ама никако кога ми треба да ги најдам.Изгледа и денес ќе мора да ставиме еден денар.А утре ќе ми излезат тие негде.
Инаку кај нас дома од секогаш за Бадник се “вртело“лепчето.
------
Прашање: какво париче вие ставате во лепчето.
 
L

Luki Junior

Гостин
Полани у мен, лани у една драга гостинка од Америка, мама ја благослови да се маже и се вери пред 1 недела.
Иначе шо пара, 10 американски центи.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Прав христијански обичај е да се крши лепче со паричка за василица, а не бадник. Во Скопје од каде што сум и јас исто како и цела северна Македонија (Куманово,Паланка,Тетово и тн) лепче со паричка се крши денес, а додека пак надоле Прилеп,Битола и тн го имаат задржано правиот православен обичај за василица да кршат кравајче.

Дома со моите со буквално со години војувам да им објаснам некои работи, дека ако сме христијани и верници верата треба да ја практикуваме на вистински начин онака како што налага црквата и библијата, а не како што на нив им останало од родителите во комунизмот. Традиција е опасна работа, посебно ако е неправилна.

Затоа решив првпат оваа година за бадник да го бојкотирам семејното кршење на лепче со паричка за Бадник. Во знак на протест кон нехристијанските обичаи што се задржани во рамките на моето семејство. Секој си има право да избере да слави што сака, јас избирам да славам како што налага христијанството. Гајле ми е за моите, нека се лутат и тие самите знаат дека е неправилно ама го задржале затоа што така останало од нивните стари. Не сум мало дете да ме фатат за уши и на маса да ме седнат.

Така што оваа година дефинитивно паричката за Бадник нема да падне кај мене. Честит празник.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom