Иван користи стара психолошка тактика која навистина има ефект врз неговите пациенти - "јас пари за лечење не зимам, колку душата ти милува толку". Класика ! Како дете 13-14 години забегани роднини ме имаат однесено кај овој Иван исцелител, уште кога лечеше кај нова железничка, демек на детето за учење да му тргнело.
Значи сум бил кај него и сум видел, не бара пари ама не одбива ако му оставиш, а на масата одма пред тебе има ставено чинија на која се оставаат пари. Нормално, никој од општа култура нема да ја скокне или игнорира чинијата кога тој веќе ти ја ставил, секој пациент ќе му остави барем по 100 денари, на крај краева човекот им "помогнал".
Бидејќи ти спомна цифри дека 20 000 луѓе чекале кај него, просечно секој по 100 ден. (немој да си се дрзнал да кажеш дека не прима пари, затоа што лично со свои очи сум видел!! ) да му оставал доаѓаме доаѓаме до сума од 200 000 ден. односно 3.273 евра. За таа сума на пари и јас ќе глумам пророк, месија и исцелител.