Како да се откажете од цигарите?

Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
најлесно да се откажеш...остави ги... само ако немаш кај да ги оставиш,дај ми ги мене ;)
 
Член од
12 август 2012
Мислења
13
Поени од реакции
1
Јас сум пушач и планирам да го оставам пушењето, проблемот е што кога маклу време ќе ги оставам цигарите веднаш почнуваат симптомите на физичката зависност од никотинот и многу сум нервозна, ме боли главата и се чувствувам напнато и лошо. Знам дека за откажување од пушење и за ублажување на овие симптоми се користат таблетки преку кои се внесува никотин, без да се пуши и внесува чад и штетни хемикалии кои се внесуваат преку чадот. Сакам да прашам колку пари се, каде можам да ги купам и дали ги делат на ленти?
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
pocni da trcas na kej ili probaj 3 pati u nedelata iskacuvaj se na vodno
besplatno e kolku sto znam dodeeka ne izmislat i za toa nekoja davacka:D
--- надополнето: 3 јануари 2013 во 13:20 ---
Јас сум пушач и планирам да го оставам пушењето, проблемот е што кога маклу време ќе ги оставам цигарите веднаш почнуваат симптомите на физичката зависност од никотинот и многу сум нервозна, ме боли главата и се чувствувам напнато и лошо. Знам дека за откажување од пушење и за ублажување на овие симптоми се користат таблетки преку кои се внесува никотин, без да се пуши и внесува чад и штетни хемикалии кои се внесуваат преку чадот. Сакам да прашам колку пари се, каде можам да ги купам и дали ги делат на ленти?
http://www.drugstore.com/medicine-and-health/stop-smoking-aids/qxg180620-0

eve link od stranstvo a kaj nas vo zegin nezz kolku se i kakvi vrsti ima

prvata opcija ti e najbolje so ti ja kazav ni apcinja ni davacki ni zavisnost probaj
you won"t be disapointed
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Точно е ова што го вика bokser_mk зависноста од цигари најефикасно се победува со физичка активност,сето друго е мижи да те лажам ова го кажувам од искуство оти и јас некогаш бев зависен од никотин.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Точно е ова што го вика bokser_mk зависноста од цигари најефикасно се победува со физичка активност,сето друго е мижи да те лажам ова го кажувам од искуство оти и јас некогаш бев зависен од никотин.
oк физичка активност..а послем коа ќе седнеш сам или со друштво не те фаќаа афтершокови и кризи ??
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
oк физичка активност..а послем коа ќе седнеш сам или со друштво не те фаќаа афтершокови и кризи ??
Не братче не ме фаќаат кризи оти зависноста од цигари успеав во потполност и во целост да ја победам со зависност од вежбање.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Не братче не ме фаќаат кризи оти зависноста од цигари успеав во потполност и во целост да ја победам со зависност од вежбање.
Што конкретно..трчање,теретана..? Вежбам и ја,малце послаб периодов,ама ипак пак ме фаќаат кризи.
 
Член од
12 август 2012
Мислења
13
Поени од реакции
1
фала ви за советите ке ги прифатам, ама ако може некој сепак да ми одговори на прашањето и да ми каже колку коштаат? :D
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Што конкретно..трчање,теретана..? Вежбам и ја,малце послаб периодов,ама ипак пак ме фаќаат кризи.
Теретана,велосипедизам,трчање,taekwondo....мора поинтензивно вежбање за да ја надминеш зависноста од цигарите.
 

Nex

Член од
31 декември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
192
Никорете се викаат последен пат кога користев беа околу 600 денари(може и повеќе зависи од аптеката од добавувачот и.т.н) значи не се голтаат туку се сублингвални(подјазик) па така го осеќате никотинот, помагаат многу бидејќи едена таблета е 2мг никотин тоа е колку 2 цигари но сепак апсорпцијата е побавна бидејќи иде преку желудник, има и мастики но не би ги препорачал, јас од таблетки преминав на никотин од инхалер и спреј зашо така 230 денари ме чини инхалерот и кога имам криза само преку нос веднаш и доволно е, али за тешките пушачи најдобри се таблетите иако малку горчат сепак нема да имате кризи гарант само ќе треба многу да јадете овошје и зеленчук посебно со витамини Е и С ако сакате да се откажете успешно без трајни последици, мој роднина ги откажа нагло па веднаш доби аритмија, никотинска зависност не е играчка, имај предвид таблетите немаат катран ниту цијановодород и нитросамин значи само никотин ако сакаш мпри откажување да ги поштедиш дробовите а така е и најдобро земи таблети оти мојата терапија со инхалер сепак како што ми објаснија минимум 60% од никотинот се апсорбира преку дробовите значи пак на некој начин е ама и не е рецидив.

Само упорност, физички вежби оние од часевите по физ. воспитување се доволно и внесување витамини но строго преку овошје и зеленчук и на крај разговор со стручно лице.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Јас ги откажав по втор пат :) во мојот живот, пушев во средно па не пушев 4 години па пак се распушив (една и пол година) и сега не пушам веќе 5 месеци.

Првиот пат ги откажав без тренинг, само престанав да палам и не запалив. Сега ги откажав со тренинг, почнав малце во теретана, и едноставно прекинав да пушам, иако ме маваа кризи тешки.

Од двете откажувања, проблемот е да ги поминеш првите 3 дена до 1 недела (1 или 2 ќе издржиш, ама третиот и натаму, да не ти излезе цигара пред тебе, оти ја еба :) ). После тоа немаш кризи, ама добро е да избегаваш пушачи. А отприлика за месец или два, ако запалиш нема да успееш да ја испушиш, оти ќе ти смета :) слично како почетник.

Ако стигнеш да размислуваш за никотински апчиња, електронски цигари и други методи, не си троши пари, купи си една пакета цигари и продужи даље. Борбата со завист е ментална, зависта постои, ама само ако ги тргнеш мислите од цигарите ќе успееш. (затоа тренинг помага, по можност да вежбаш до исцрпување, да осеќаш како цигарите низ нос ти излегуваат, така ќе се сјачаш ментално дека стварно ти сметаат и мора да ги оставиш)
 
Член од
8 ноември 2010
Мислења
22
Поени од реакции
10
Пробај со електронски цигари. Има голема шанса да престанеш да пушиш. Во најмала рака ќе ги намалиш 70-80%.
 
Член од
12 август 2012
Мислења
13
Поени од реакции
1
Побарав во повеќе поголеми аптеки во Битола и неможев никаде да најдам Никорете мастики со никотин, или лепенки за откажување од цигари. Сите ми рекоа дека порано продавале ама повеќе не. Дали некој знае дали воопшто можам да ги најдам во Македонија? Слушнав дека и во Скопје ги немало.

Единствено најдов Табекс бугарски таблети за откажување од пушење кои содржат цитизин а не никотин.
 
M

Muranyi

Гостин
oк физичка активност..а послем коа ќе седнеш сам или со друштво не те фаќаа афтершокови и кризи ??
Брат,полека ќе си навлезеш во таков филм,демек спортски живот и навистина после одредено време и ќе ти пречат цигарите.
И само да си знаете дека кризи можат да ве мавнат и после година дена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom