Национализација на шпанските електрани во Боливија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ако внимателно ги прочиташ моите мислења погоре, тогаш ќе видиш дека јас спомнав дека во Македонија е рајот!
.

Нема врска мојата реплика со тоа како е и каква е политиката во Македонија, туку каква е онаа на Боливија и какви ефекти носат одлуките на вакви wannabe револуционери. Моралес е од 2005-6 на власт.

Али ај, сарказмот е тренди. И не е дека секој може да го користи.
 
Прост пример како Св Банка создава колонии низ светот.
In April 2000, Hugo Banzer, the former President of Bolivia, signed a contract with Aguas del Tunari, a private consortium, to operate and improve the water supply in Bolivia's third-largest city, Cochabamba. Shortly thereafter, the company tripled the water rates in that city, an action which resulted in protests and rioting among those who could no longer afford clean water.[69][70] Amidst Bolivia's nationwide economic collapse and growing national unrest over the state of the economy, the Bolivian government was forced to withdraw the water contract.
The privatization of the water in Bolivia was a condition of loan from the World Bank.
http://www.youtube.com/watch?v=aTKn17uZRAE
http://www.democracynow.org/2006/10/5/bolivian_activist_oscar_olivera_on_bechtels
Боливија е една од најсиромашните земји на западната хемисфера со per capita колку афричка земја, со поише од 50% население под прагот на сиромаштија, со огромна нееднаквост меѓу населението (социјалистичка влада :pos:), меѓу најголемите во Јужна Америка и чиј одговор на се тоа е, пат кон изолационизам. Тоа треба да ни биде репер за успешна политика?

Кога вакви "реизданија" на Фидел Кастро и диктатори кои со пучови доаѓаат, а со воена состојба одржуваат власт, се примери за херојство на антиглобалистиве, знаеш дека има криза во политичката перспектива на светов.
затоа што се колонии, доведени се дотаму. Сите ресурси и банкарски системи ги контролираат други држави. Затоа и Македонија е во незавидна состојба. Нормално, преку СБ, ММФ и Европските и други банки за "развој". Едноставно те условуваат со затворање на индустријата и аграрот, во спротивно ќе сносиш последици (блокади, нечленување во меѓународни структури, исцрпување на економијата, стварање национални или верски конфликти...). Ама кај што има сила...
 
Ако во следниве година дена, не се случи државен удар во Боливија, тогаш Америкаците навистина ја губат доминацијата. Без разлика што се шпански компании, Америка секогаш и секаде била грб на капиталистите.
 
затоа што се колонии, доведени се дотаму. Сите ресурси и банкарски системи ги контролираат други држави. Затоа и Македонија е во незавидна состојба. Нормално, преку СБ, ММФ и Европските и други банки за "развој". Едноставно те условуваат со затворање на индустријата и аграрот, во спротивно ќе сносиш последици (блокади, нечленување во меѓународни структури, исцрпување на економијата, стварање национални или верски конфликти...). Ама кај што има сила...

Абе види и ја сум понаклонет кон критика на неолиберализмот како политичка и теоретска матрица и се согласувам со добар дел од аргументите за вградените слабости и нелогичности во системот изграден по тие "правила". Вистина, системот е дизајниран и контролиран за да заштитува интереси на развиените земји, вистина е дека и тоа е фактор за постојана недоразвиеност на некои земји, институциите, посебно финансиските се под влијание на развиените земји, постои и некоја блага варијанта на колонијализам во светот денес. И тоа се комплетно валидни аргументи.
Ама за да имаат било каква основа, треба да се знае границата до каде треба да се употребуваат и можат да се употребуваат.
Во спротивно се само алиби- инструмент за сите "угнетени" групи по светов. Средство за префрлање на одговорност за последиците на своите акции. Да не беа странците, супер ќе бевме. Toa е комплетно погрешен пристап, а за жал најчесто за тоа служи таква реторика, по земјите во развој. Се мобилизира националната гордост и се префрлаат сите негативни емоции кон надвор, совршено за да се остане на власт, кога работите не се како што треба.
Не треба да се заборави дека секогаш извршителите се домашни, а не секогаш спонзорите се странци. Не може само едните да ја сносат одговорноста, од било која страна да гледаш.

Слично и со Боливија, според мене. Еве Моралес е скоро 6 години на власт, со неговата анти-империјалистичка политика, па резултатите пак идат во обратна насока.
Нив проблемите им се внатрешни, како и кај другите држави од Латинска Америка, социјалните конфликти помеѓу малцинството потомци од шпанските колонизатори и мнозинството домородно население, политичка нестабилност и хронична неразвиеност. Ако не иде вишокот кај западот, ќе иде кај нивните 3-4% на врвот, или кај Кинезите (исти како Западот), системски ништо нема да се смени, зошто условите нема да се сменат. Се што направи фраеров е што си ги крати алтернативите и просторот за маневар и што ќе ја заглави земјата во гомна до гуша.
Не можеш, ако не си доволно силен да идеш против бранот, зошто ќе те однесе. Има многу примери за држави што успеале во системот ваков каков што е, да просперираат.

И немојте и кај нас со тој менталитет на жртва. Ние сме отворена економија по дефиниција, не не измамува или тера некој, ние мораме да играме по тие правила. Протекционизмот, држави ко нас најмногу ги погодува.
 
[quote="The privatization of the water in Bolivia was a condition of loan from the World Bank.
[/quote]
DAFUQ?! :confused:
--- надополнето: 31 декември 2012 во 01:02 ---
[quote="The privatization of the water in Bolivia was a condition of loan from the World Bank. [/quote]
DAFUQ?! :confused:
 
Слично и со Боливија, според мене. Еве Моралес е скоро 6 години на власт, со неговата анти-империјалистичка политика, па резултатите пак идат во обратна насока.
.
Шест години во однос на десетици и стотици години уназадување, колонијализација, инфилтрација на разни елементи, градење на корупција, упад на платеници од странски обавештајни служби, а преку нив и интернационални компании...се премногу кратко време за санирање на последиците. Не знам многу за Боливија ама за кај нас...дигна глава Македонија против ЕВН за веднаш да се придвижи меѓународната западна машинерија. Со закани по било какви инвестиции, лош извештај за напредок и воопшто, Македонија мислам дека се повлече, не ми е познат епилогот.
Западните амбасадори и ЕВН како Јосип Броз-Тито
Договорни обврски, 08.05.2009
Со слични методи се служеле и се служат и во Јужна Америка, Африка, Азија...
Бтв, како што најдов овде, просек плата во Ла Паз е под 400 долари што ако е точно, тука сме негде
The average monthly salary in Bolivia is under $400 a month, and most people don't make anywhere near that as the Bolivian minimum wage is currently Bs. 800 per month (about $112/month at the current exchange rate).
 
Нормално, се што постои во т.н. трет свет е за распродажба. Да не се повторувам, овде за распродажба сме и ние од балканот. Од горива, земјиште, бесплатна раб сила до водата, нешто за кое допрва ќе се водат битки. Боливија е само една од државите каде (досега) се раздаваше се и сешто по багателни цени поддржани од УСА, членки на ЕУ, дури и од судот во Хаг..., во замена за големи профити на политичарите од тие земји кои се најчесто и главни акционери во истите тие глобални компании. Под назив "инвестиции".
Уште далечната 2006, под закрила на наводни социјални проекти (колку познато звучи), ќерката на Буш, Џена Буш, патува во Парагвај и според одредени информации во Гардијан (информации кои не можат целосно да ги проверат од разбирливи причини) фамилијата Буш купува 40.000 хектари земјиште во полуаридно подрачје, северен Парагвај, близу границата со Боливија. Близу тоа земјиште се големи количества природен гас. Се шпекулира и дека се работи за контрола врз Guarani Aquifer, еден од најголемите подземни водни резервоари. Земјиште богато со вода, блиску до Бразилските блатишта (Pantanal) и боливиските резерви со гас. Покрај тоа уште 2005, во замена за финансиска помош, во Парагвај е одлучено да се дозволи оперирање на 400 маринци, според познавачите со цел контрола врз интересите на САД во Боливија. Во година кога Моралес е избран за прецедник, случајно.
Еве што значи приватизација, додуша текстот е за Еквадор но истото важи и за Боливија
Impacts of Water Privatization in Guayaquil, Ecuador:

Како човек да не навија за него кога барем пробува да се бори за својата земја, виталните ресурси и народот.
 
Шест години во однос на десетици и стотици години уназадување, колонијализација, инфилтрација на разни елементи, градење на корупција, упад на платеници од странски обавештајни служби, а преку нив и интернационални компании...се премногу кратко време за санирање на последиците. Не знам многу за Боливија ама за кај нас...дигна глава Македонија против ЕВН за веднаш да се придвижи меѓународната западна машинерија. Со закани по било какви инвестиции, лош извештај за напредок и воопшто, Македонија мислам дека се повлече, не ми е познат епилогот.
Западните амбасадори и ЕВН како Јосип Броз-Тито
Договорни обврски, 08.05.2009
Со слични методи се служеле и се служат и во Јужна Америка, Африка, Азија...
Бтв, како што најдов овде, просек плата во Ла Паз е под 400 долари што ако е точно, тука сме негде
The average monthly salary in Bolivia is under $400 a month, and most people don't make anywhere near that as the Bolivian minimum wage is currently Bs. 800 per month (about $112/month at the current exchange rate).

Боливија е независна држава повеќе од 200 години. Првите сто години потомците на конквистадорите како и низ цела Јужна Америка воделе војни за што повеќе ресурси да приграбат, а другите ради најразлични идеолошки егзибиции правеле по сто пуча, живеејќи во постојана политичка нестабилност, пак, како и во другите држави во Јужна Америка.
Оваа либерализација и приватизација на економијата почнува во 90-те години, од кога Боливија има стабилен раст на БДП, што трае со исто темпо до денес. вклучително и во овие 6 години на Моралес. А он не праи ништо поразлично или подобро од неговите претходници, растот варира со цената на суровините на светските пазари, како и претходно. Единствено различно е што им расте се повеќе и повеќе нееднаквоста и е меѓу највисоките во светот. Најбогатите 10 % земаат 50% од националниот доход. БДП пер капита имаат два пати понизок од кај нас, чисто за илустрација, колку просечна афричка земја. За се ова е крив Западот?
Работата е што ти го земаш за сигурно дека со тоа што он ќе искочи со некоја ваква неочекувана мерка со медиумски филинг, прави нешто подобро од другите. Ако ги остави национализирани, само ќе го пренасочи ќарот кон корумпираните службеници кои одлучуваат на кого ќе продаваат, ако пак ги даде на концесија на други, новите ќе бидат исти како старите. За просечните 70% што живеат како во времето на Инките, ништо не се сменило.

Ја во друга прилика би бил на другата страна, ама чудно ми е да се дава аплауз за вакви рејтинг- трикови.
Факт е дека приговорите за економска експлоатација никој не ги користи за да се анализираат слабостите внатре во некоја земја во развој и системот општо, туку служат само за да има на кого да се покаже со прст, за секое, дури и најмало незадоволство во животот. За мене детска практика.
Сигурен сум дека, дури и да си отидат сите "западни" корпорации и држави и да нема ни најмало влијание од нивна страна во земјите во развој, да се комплетно независни, они нема да влезат во некоја златна доба. Туку ќе направат десет граѓански војни, етнички чистења и масовни гробници, за кој попрв да се приграби до истите ресурсите за кои ги експоатирале и пак да им ги понуди на западњациве.

За наша Евн и сличните, лути им се на тие што ги потпишувале договорите кога се приватизирале.
Или тој што дава корупција е лошиот, ама тој што прима е невино јагне, на кое што со сила му ги бутнале парите во џеб, по закана по живот.
 
Овој Индијанецов е прав пример дека може и „без школо“ да се среди државата, ако се сака. Нашиве „магистри“ и „доктори на науки“ се целосна спротивност од Ево. Не дека ситуацијата кај нив е најсјајна, ама е далеку подобро од кај нас. Кај нас нема ниту патриотизам, ниту знаење.
Овде недостасува „ магистри “ и „ доктори на науки “ со IQ над 150.
Нашиве заборавиле, а можеби и никогаш не ни знаеле кој е основена цел на постоење на Република Македонија.
Еве како тоа се објаснува членот 2 од Déclaration des droits de l'Homme et du citoyen de 1789

Article 2 - Le but de toute association politique est la conservation des droits naturels et imprescriptibles de l'homme. Ces droits sont la liberté, la propriété, la sûreté et la résistance à l'oppression.
 
Работата е што ти го земаш за сигурно дека со тоа што он ќе искочи со некоја ваква неочекувана мерка со медиумски филинг, прави нешто подобро од другите. Ако ги остави национализирани, само ќе го пренасочи ќарот кон корумпираните службеници кои одлучуваат на кого ќе продаваат, ако пак ги даде на концесија на други, новите ќе бидат исти како старите. За просечните 70% што живеат како во времето на Инките, ништо не се сменило.

Ја во друга прилика би бил на другата страна, ама чудно ми е да се дава аплауз за вакви рејтинг- трикови..
Дали се само рејтинг трикови или грижа за својата држава, времето ќе покаже. И толку славените демократски напредни најразвиени ЕУ членки вршат национализација. Некоја страна поназад има список што е се национализирано.
Или во 2010, во ББЦ изјавата на официјално лице на ЕУ (кога во Боливија се национализирани 4 компании за струја) вели

Kenneth Bell, the head of the EU delegation to Bolivia, said nationalisation was a sovereign right of the Bolivian government.
Mr Bell was speaking a week after the Bolivian president controversially seized four electricity companies.
Two of the plants were partly owned by a British and a French firm.
Police moved into the companies' offices on May Day, following a decree by President Evo Morales ordering their nationalisation.
In an interview with the Bolivian newspaper La Prensa, Mr Bell pointed out that in Europe a number of banks had been taken into state control during the global economic crisis.

Неговото признание дека и ЕУ членките ги национализирале приватните банки во криза значи дека една држава во прав смисол има право и обврска да се грижи за својата економија, ресурсите и граѓаните со различни мерки, дури и со мерки на национализација. Тоа што немале медиумско покривање се должи на самите медиуми, кому му служат.
Пак во споредба со нас, ние немаме наши банки што е уште еден лош потег на нашите влади, корумпирани или платени од едикојси, не навлегувам.
За наша Евн и сличните, лути им се на тие што ги потпишувале договорите кога се приватизирале.
Или тој што дава корупција е лошиот, ама тој што прима е невино јагне, на кое што со сила му ги бутнале парите во џеб, по закана по живот.
на тие што потпишале може да им се суди. А може и да се национализира, како што велат, со компензација. Само кој да ги суди, кој да национализира...
Туку ќе направат десет граѓански војни, етнички чистења и масовни гробници, за кој попрв да се приграби до истите ресурсите за кои ги експоатирале и пак да им ги понуди на западњациве.
Колку за споредба, прочитај како поминаа претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска и чиј кандидат не беше пожелен па интервенираа и западните земји заедно со ММФ (непожелниот кандидат е екс човек од ММФ или од ЦИА точно не се сеќавам) и СБ, со крвави пресметки. Слични ствари се случуваат насекаде низ т.н. трет свет.
Боливија е независна држава повеќе од 200 години.
постојат достапни информации на нет, ако малку се прокопа низ архивите. Но за вакви информации и заклучоци потребна е најверојатно една цела нова тема, не само за Боливија туку и за другите држави и континенти.
 
Дали се само рејтинг трикови или грижа за својата држава, времето ќе покаже. И толку славените демократски напредни најразвиени ЕУ членки вршат национализација. Некоја страна поназад има список што е се национализирано.
Или во 2010, во ББЦ изјавата на официјално лице на ЕУ (кога во Боливија се национализирани 4 компании за струја) вели

Kenneth Bell, the head of the EU delegation to Bolivia, said nationalisation was a sovereign right of the Bolivian government.
Mr Bell was speaking a week after the Bolivian president controversially seized four electricity companies.
Two of the plants were partly owned by a British and a French firm.
Police moved into the companies' offices on May Day, following a decree by President Evo Morales ordering their nationalisation.
In an interview with the Bolivian newspaper La Prensa, Mr Bell pointed out that in Europe a number of banks had been taken into state control during the global economic crisis.

Неговото признание дека и ЕУ членките ги национализирале приватните банки во криза значи дека една држава во прав смисол има право и обврска да се грижи за својата економија, ресурсите и граѓаните со различни мерки, дури и со мерки на национализација. Тоа што немале медиумско покривање се должи на самите медиуми, кому му служат.
Пак во споредба со нас, ние немаме наши банки што е уште еден лош потег на нашите влади, корумпирани или платени од едикојси, не навлегувам.
на тие што потпишале може да им се суди. А може и да се национализира, како што велат, со компензација. Само кој да ги суди, кој да национализира...
Колку за споредба, прочитај како поминаа претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска и чиј кандидат не беше пожелен па интервенираа и западните земји заедно со ММФ (непожелниот кандидат е екс човек од ММФ или од ЦИА точно не се сеќавам) и СБ, со крвави пресметки. Слични ствари се случуваат насекаде низ т.н. трет свет.
постојат достапни информации на нет, ако малку се прокопа низ архивите. Но за вакви информации и заклучоци потребна е најверојатно една цела нова тема, не само за Боливија туку и за другите држави и континенти.

Ај да ставиме некоја рамка на дискусијата, зошто не би сакал да бранам некои позициии кои не ги застапувам, just for the sake of argument.
Моите реплики на темата беа поврзани со тоа што, се тврдеше дека Моралес и Боливија се некаков пример за успешна политика и за некој пристап што дава многу подобар резултат од пристапите на другите слични земји.
Никаде не реков дека сум категорично против национализацијата како инструмент. Не сум некој радикален нео-класичар ни австриец, за да го тврдам тоа.
Си има сериозни економски теории, теорија на јавни добра, теорија на природни монополи, што се многу актуелни и што нудат сериозни аргументи про-национализација (до некој степен), со кои што ја во голема мера се слагам. Има и политички теории (за неповредливоста на економски сувернитет и сл.), сите нудат прилично рационални и општо прифатени аргументи кога национализацијата ја зголемува ефикасноста и им оди во прилог на земјите што ја практикуваат.
Дали Моралес го прави тоа со овие мерки и дали намерата е тоа е нешто сосема друго. Не значи дека со самото тоа што некој го ставил под државна капа, обезбедувањето на тие т.н. јавни добра, прави сигурно позитивна работа за неговата држава. Посебно што во 95% од случаите емпириски се гледа дека претпријатијата во државна сопственост, работат многу понеефикасно и со поголема корупција. Еве и Моралес очигледно не се слага со тој став, зошто одма утредента објави дека го дава под концесија производството на гас или што и да беше.

Примерот со банките во Европа не ти е соодветен. Зошто тоа воопшто не беше некоја мерка на економска политика што Европјаните одлучиле онака од ништо да ја спроведат, туку беше последна опција и многу многу лоша опција, за да го спасат нивниот финансиски систем. Беа принудени да го прават тоа, ради нивните грешки во минатото. Нормално дека ќе пробаат да го рационализираат тоа за да го свртат вниманието од тоа каква катастрофа направи западниот свет со тие мерки. Најголем дел од tax payers-те во тие земји уште не се свесни што вистински се случи во тој момент во нивните земји. Тоа не беше национализација, тоа беше огромна екстернализација на трошоците на една цела индустрија, спроведена спротивно на било кои економски принципи или теории. И тоа веројатно најголема во историјата, што ќе биде во сите економски учебници, многу години.

Не е само БСК, туку има еден куп на такви држави. Ја не викам дека западот е комплетно невин во такви случаи, туку викам дека да дистрибуираш вина само на едната страна не е воопшто праведно. Скоро секаде во Африка имало граѓанска војна по неколку години или општи кризи. Не може секаде водечка кривица да има Западот.
Слободата ќе ја имаш кога ќе ја прифатиш одговорноста за своите акции.
Бившите колонии имаат многу повеќе свест на колонизирани, одколку што бившите колонизатори имаат свест на колонизатори. Јас сум сигурен во тоа.
Тоа не значи дека системот е добар ваков, или дека иде во нивен прилог. Потребна е реформа, несомнено.
Што се однесува на болдот, се слагам тоа е за посебна тема, зошто тоа е многу поширока тема од ова за што збориме овде.
Ама ако тргнеме по тој пат, да ги разводнуваме формалните дефиниции за што е независност, што е суверенитет и сл, и за многу од "лошиве" држави, ќе искочи ,дека не се баш независни и кохерентни ентитети.
 
Не значи дека со самото тоа што некој го ставил под државна капа, обезбедувањето на тие т.н. јавни добра, прави сигурно позитивна работа за неговата држава. Посебно што во 95% од случаите емпириски се гледа дека претпријатијата во државна сопственост, работат многу понеефикасно и со поголема корупција.
Ми се допаѓаат ставовите изнасени во Твојот пост освен овој кој подвлеков.
Со овој став се тврди, дека државните претпријатија се не ефикасни и се подложни на корупција, нешто што едноставно не е вистина.
Туку е став кој со години се провлекува, а наполно е без основ. Постоењето на корупцијата во државната администрација нема врска со сопственоста туку со ефикасноста на правната држава, моралот и политичката клима.
Во Франција - железницата е државна а е најефикасна железница во цел Свет.
Како спротивен пример - погледни ја наша Топлификација, и да не набројува примери на други наши претпријатија, кои од кога се приватизарани стана страв и ужас за граѓаните.
Мој став дека се е добро и прифатливо се додека се запазени правата на човекот.
 
Тоа е земја кон која Македонија се стреми изгледа, каде што не владеат закони туку Лидерот. Може на повеќето луѓе оваа мерка им изледа убаво а и таква е таа популистичка но тоа не значи дека е добра. После ваков потег ни 1 милион долари странски инвестиции нема да влезат во Боливија бидејќи никој не ви го гарантира правото на сопственост.

Последните Социјалистички диктатори на планетава Хуго Чавез(болниот од рак и во смртна постела деновиве), Ево Моралес(Индијанецот), браќата Кастро(Фидел и Раул)кои се веќе со една нога на оној свет а и осамени се им го утепаа компањеросот Че, потоа оној младиот северно Корејски лудак(Ким Јонг-Ун) лани што му почина татко му(Ким Јонг-Ил) и кој наместо да го нахрани својот народ тој фрла пари за ракетни и за нуклеарни проби :pos:

Оваа мерка на Ево Моралес е Социјалистичка, арно ама ќе ги видиме во иднина што ќе прават т.е. и нема што да прават и онака се задно дупе на свирало земја од 15ти разред исто ко и Куба и Северна Кореја и.т.н.
Куба да си останеше под Американско влијание денеска ќе беше топ земја во секој поглед, но откако победија Социјалистите(Кастро и компанија) во 1959 год. и ја освоија власта Куба се претвори во земја синоним за беда и сиромаштија т.е. Карипска лепешка !
Северна Кореја да си беше/останеше обединета со Јужна Кореја во една држава Кореја или пак да беше под Капитализам и Американско влијание денеска немаше да служи како земја за потсмев .......... каде е денеска Јужна Кореја во секој поглед, а каде е Северна Кореја ....... никаде !
 
Ми се допаѓаат ставовите изнасени во Твојот пост освен овој кој подвлеков.
Со овој став се тврди, дека државните претпријатија се не ефикасни и се подложни на корупција, нешто што едноставно не е вистина.
Туку е став кој со години се провлекува, а наполно е без основ. Постоењето на корупцијата во државната администрација нема врска со сопственоста туку со ефикасноста на правната држава, моралот и политичката клима.
Во Франција - железницата е државна а е најефикасна железница во цел Свет.
Како спротивен пример - погледни ја наша Топлификација, и да не набројува примери на други наши претпријатија, кои од кога се приватизарани стана страв и ужас за граѓаните.
Мој став дека се е добро и прифатливо се додека се запазени правата на човекот.
ОК, со ова можам да се согласам. Корупцијата, многу повеќе зависи од други фактори и има многу мала корелација со промени во сопственоста, принципиелно.

Ама ја ја спомнав зошто многу често се појавува како секундарна последица, во ситуации кога државни службеници одлучуваат за алокација на некои добра или ресурси. Не мора да значи дека секогаш е така, ама во практиката често е. Имаат, ко што викаат англичаните incentive, зошто си ја тргуваат позицијата, позиција од која можат да прават арбитрарна алокација на некои многу неопходни или вредни добра (гас, нафта, енергија, природни ресурси исл.), за некоја матерјална корист(цената- кој ќе даде највисока корупција).Споредено со кои се можните казни или трошоци, ретко кој одолева да искористи таква ситуација. (освен Кина, таму се лоши:D, ама пак имаат големи проблеми).
За ефикасноста, си останувам на своето. Во 90% од случаите продуктивната ефикасност се зголемува. Има проста логика на интерес позади тоа. Кога доволно добро може да се присвојат придобивките од приватно обезбедување на овие јавни добра, скоро секогаш државата нема да може да се рамни со приватњаците.
Имаат подобри корпоративни модели, подобра организација, подобар мотив и се побескруполозни.
Единствено во некои ретки случаеви кога државата може да понуди супериорен кадар што никој друг нема да може го има и што ќе бидат неверојатно ефикасни и ќе имаат некоја сатсифакција од тоа претпријатието да работи на најдобар можен начин.

Она што секогаш е проблем е дистрибуцијата, вклучително и кај нас. Тука се кршат копјата, зошто ако имаш приватизирано претпријатие што е недоволно добро регулирано или има лоша основа за да се регулира (пак најчесто резултат на корупција кај регулаторните тела или тие што ги потпишуваат договорите), нема ни дистрибуцијата да биде ефикасна, а тоа води кон создавање на блиски форми на монополи, од кои најмногу го јадат стапот граѓаните.
Али за жал никој на ова не се фокусира, туку на обемот. Од кај бил тој што крадел, а не зошто може да се краде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom