Национализација на шпанските електрани во Боливија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Хипотетичка ситуација: Ти како сопственик на компанија дали би ризикувал во време на светска економска криза да инвестираш во земја како Боливија во која не се почитува правото на приватна сопственост ?

Пишав и во првиот пост дека овие одлуки не се случајни туку сигурно се со „дозвола“ и од некој крупен играч, незнам какви се ете односите на Кина со Кина / Русија но сигурен сум дека имаат некаков стратешки партнер и договор со нив.. јас лично би инвестирал доколку сметам дека има можности за ова и не ме плаши национализацијата бидејки до сега нема случај да национализираат фирма која не е од директен интерес на државата а тоа се фирми кои се производствени, да сум и јас на негово место и јас исто би постапил со природните ресурси, нафта, гасот итн.

http://en.wikipedia.org/wiki/Bolivia–China_relations
http://en.wikipedia.org/wiki/Bolivia–Russia_relations

Баш ме интересира каква ќе биде соработката со овие погоре во следниот период.
 
Не, тамам работа... Ние сме држава со најуспешна приватизација и либирализација на пазарот, далеку сме ние од Боливија. Башка, нашите влади, со исклучок на првата, се составени од врвни експерти, од учени луѓе. Ние не дозволуваме некои к`о Ево да си играат држава.
Да се надоврзам малу офтопик :) ама во крајна линија завршницата е таа. Ќе плачеме ние или нашите фнуци
Сеуште ги читам (не мислам лично на тебе, иако те цитирам :) ) некои форумџии заглавени во предрасудите за приватизација на секое камче во државата. На страна начинот на преземање на компанија на страна држава (случајот од темата), еве што е се национализирано и којзнае уште што се е во државни раце дури и во оние најразвиените држави (банкарски системи, железници, пошта, рудници...)
http://en.wikipedia.org/wiki/Nationalization
Нека ни е за памет за железницата, ете и за поштата последно, едини кои ни останаа и уште некои (некогаш многу успешни) фирми кои сакаат да ги распродадат. Оти ние неаме гс како Боливија, ни сила да си ги вратиме наѕат. Само ќе кенкаме дека нема работа и дека е се поскапо.
 
Банана република....
И што се попаливте вие по Ево? Демек нешто добро направил. Луѓето инвестирале, тој зел им ја украл компанијата. Баш, потег за поздрав.
 
Пишав и во првиот пост дека овие одлуки не се случајни туку сигурно се со „дозвола“ и од некој крупен играч, незнам какви се ете односите на Кина со Кина / Русија но сигурен сум дека имаат некаков стратешки партнер и договор со нив.. јас лично би инвестирал доколку сметам дека има можности за ова и не ме плаши национализацијата бидејки до сега нема случај да национализираат фирма која не е од директен интерес на државата а тоа се фирми кои се производствени, да сум и јас на негово место и јас исто би постапил со природните ресурси, нафта, гасот итн.

http://en.wikipedia.org/wiki/Bolivia–China_relations
http://en.wikipedia.org/wiki/Bolivia–Russia_relations

Баш ме интересира каква ќе биде соработката со овие погоре во следниот период.
Јас се согласувам дека дека ова не е еднострана одлука на боливиската влада, и дека во најмала рака имале подршка и дозвола од големите светски играчи кои ти горе ги наброја за спроведување на национализацијата врз електродистрибуцијата. Во мојот прв пост кажав дека е паметен и храбар потег, и ти како што рече од корист за боливискиот народ.Вака се прекинува енергетска зависност на една земја.

Меѓутоа оваа одлука покрај тоа што има позитивна, има и негативна страна а тоа е дека земјата испраќа порака до идните инвеститори да не доаѓаат бидејќи државата може преку ноќ да им земе се што инвестирале, па после преку наводни независни судови да се врши проценка за соодветна компензација. Остај тоа ...

Ти велиш дека не би инвестирал во енергенси и ресурси како нафта и гас, сосема си во право. Дали си запознаен колкав број на инвестиции и со колкава вредност ќе изгуби енергетскиот сектор во Боливија ? Индиректно и сите останатите сектори, бидејќи не сите инвеститори како тебе размислуваат. Ќе го правиме пак истиот муабет за 5 - 6 месеци, кога ќе го споредиме бројот на странски инвестиции пред и после национализацијата.
 
Ти изгледа не си разбрал дека народот е тој што се става на прво место, бидејки народот ја прави државата.
Терминот популизам значи да се прави нешто во полза на народот, термин кој соросоидите го спомнуваа во негативна конотација.
Чија треба да биде државата, на народот или на странските корпорации?
Еби ги странските инвестиции, кога сметката за струја ми е 10000.
Странските инвестиции не секогаш се лоша работа. Што мислиш ти да останеше телеком државна фирма дали денес ке имаше оптички интернет во МКД ? Според мене продажбата на дистрибуција на EVN е одлична зделка. Цената на струјата ја контролира државата а наплатата која инаку одеше многу тешко, речиси и не постоеше во некои региони на МКД сега ја презема приватна компанија.
 
Плус на сето ова кога ќе се додат и новите автобуси и споменици - Македонија е рај! У право си, ние имавме среќа со приватизацијата. Ево неписмен ќе си играл политика и демек мислел на народот... Глупости!

Да си влеземе ние во ЕУ и НАТО, па ќе ни` биде уште подобро.
 
Приватизацијата никаде не е идеален процес има 100тина лоши примери јас спомнав дека некои од нив се добри.
Дали според тебе треба нашиот Николае да го направи ова што го направил Моралес и да ги национализира EVN или Т-Mobile мислиш дека ке живееме подобро ?
 
Странските инвестиции се добри додека се развие државата, има голема невработеност и најбитното нема силен стратешки партнер.
Странските инвестиции (бар во важните работи) не се добредојдени кога земјата има можност сама да ги управува тие, има стратешки јак партнер и невработеноста е на ниско ниво. На пример ние сме во првата група и уште далеку од тоа да треба да ги шутнеме странците ..

Едноставно :)
 
"Развиените" држави заради тоа ваљда и се развиени, не оти им тече памет. Цицаат све живо од Азија, Африка, преку нас балканците до Ј. Америка. Ќе ти ги земат ресурсите, енергијата и комуникациите, ќе ти ги затворат фирмите под изговор "непрофитабилни загубари", ќе ти стават царини, визи и граници и ќе почнат со оргијање. типични колонии.
Во текстот и Аргентина гледам си ја национализирала енергетската компанија, под изговор на недоволно вложување. Кога нашиве бар делумно би работеле вака, за својата земја...
Снимен е еден филм за приватизацијата на водата во Еквадор (добро, више филмувана драматизација). Нели се збореше и водата да ја приватизираат кај нас, големи проблеми имаа еквадорците со водата. Барем не смее да се приватизираат основните и клучните потреби на една држава.
 
Странските инвестиции не секогаш се лоша работа. Што мислиш ти да останеше телеком државна фирма дали денес ке имаше оптички интернет во МКД ? Според мене продажбата на дистрибуција на EVN е одлична зделка. Цената на струјата ја контролира државата а наплатата која инаку одеше многу тешко, речиси и не постоеше во некои региони на МКД сега ја презема приватна компанија.
Сакав нешто да реплицирам, ама овде прекинав да читам и ми се изгуби мислата.
 
Плус на сето ова кога ќе се додат и новите автобуси и споменици - Македонија е рај! У право си, ние имавме среќа со приватизацијата. Ево неписмен ќе си играл политика и демек мислел на народот... Глупости!

Да си влеземе ние во ЕУ и НАТО, па ќе ни` биде уште подобро.

Топло ти препорачувам да идеш месец или два да живееш во Ла Паз, ама онака како commoner, во такви квартови и со таков животен стандард.
Ќе го препливаш Атлантикот за да избегаш од таму, после неколку дена.
Боливија е една од најсиромашните земји на западната хемисфера со per capita колку афричка земја, со поише од 50% население под прагот на сиромаштија, со огромна нееднаквост меѓу населението (социјалистичка влада :pos:), меѓу најголемите во Јужна Америка и чиј одговор на се тоа е, пат кон изолационизам. Тоа треба да ни биде репер за успешна политика?

Кога вакви "реизданија" на Фидел Кастро и диктатори кои со пучови доаѓаат, а со воена состојба одржуваат власт, се примери за херојство на антиглобалистиве, знаеш дека има криза во политичката перспектива на светов.
 
Ако внимателно ги прочиташ моите мислења погоре, тогаш ќе видиш дека јас спомнав дека во Македонија е рајот!
--- надополнето: 30 декември 2012 во 20:23 ---
Приватизацијата никаде не е идеален процес има 100тина лоши примери јас спомнав дека некои од нив се добри.
Дали според тебе треба нашиот Николае да го направи ова што го направил Моралес и да ги национализира EVN или Т-Mobile мислиш дека ке живееме подобро ?

Па, ние и вака не живееме лошо. И ти сам рече дека со продажба на телекомот и на електродистрибуцијата ни е супер. Ти беше на некои од протестите кои беа огранизирани против поскапувањата на струјата, бензините, парното, лошиот животен стандард...? Значи нас се` ни е супер.
 
Ако внимателно ги прочиташ моите мислења погоре, тогаш ќе видиш дека јас спомнав дека во Македонија е рајот!
--- надополнето: 30 декември 2012 во 20:23 ---
Ти беше на некои од протестите кои беа огранизирани против поскапувањата на струјата, бензините, парното, лошиот животен стандард...?
Ти знаеш дека цените на сите овие што ги наброја не ги одредуваат компаниите туку регулаторна комисија. Последното покачување на струјата беше најголем дел како резултат на зголемени трошоци на ЕЛЕМ и МЕПСО (државни компании). Може си видел на што ЕЛЕМ троши пари кои потоа на нас ни ги наплака како трошоци. ЕЛЕМ троши пари на реклами и билборди (компанија која што целиот свој производ го продава директно на ЕВН се рекламира на ТВ).
 
Ау, а јас се` си мислев дека компанијата одредувала цена... :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom