Правата на потрошувачите во Македонија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Колку добро ги знаете вашите потрошувачки права? Сте се почувствувале некогаш измамени или изманипулирани, а не сте знаеле дали и како треба да реагирате во дадената ситуација?

Купената роба не се враќа?

Сигурно досега во некоја од продавниците имате забележано натпис од типот "Купената роба не се враќа и не се заменува", или пак сте имале ситуација во која сте го замениле производот после долги караници, или воопшто не сте успеале да го замените производот... Ви го претставувам членот 50 од Законот за заштита на потрошувачите („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 38/04 од 17.06.2004 година) кој вели:

Член 50
Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.

Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:
- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен
износ или
- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.
Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.



________________

Денар по денар...


Секако, друга работа што неверојатно многу иритира е наплатувањето на 0.50 денари повеќе на фискалните сметки. Каде што, нели, продавачите секогаш ја заокружуваат повисоката сума - ДУРИ И КОГА СЕ ВРШИ БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ (преку картичка) каде што наплатувањето на трансакција со 0.50 денари е возможно.

Еве еден случај од блогот на Новица, каде што тој го опишува своето искуство со наплата на сметка во „Макпетрол“. Цитирам:


„Макпетрол“ си земаат најголема слобода во оваа работа, барем според моето искуство. Сега имам и доказ дека тоа е така, но не знам дали ќе има некое фајде од тоа. Веќе им пишав на „Макпетрол“ преку нивната страница за контакт:

Откако дома ги проверив фискалната и сметката од банката видов дека при наплатата на Вашата бензинска пумпа, вработените ми наплатиле 0,50 денари повеќе.

Не ми е јасно зошто, кога инсистирате на прецизни фискални сметки, истовремено не ги наплатувате така прецизно, особено кога безготовинското плаќање го овозможува тоа.
Имајќи доверба, не ги видов сметките кога службеничката ми ги даде, па веднаш да ја исправам ситуацијата. Очигледно мојата доверба во Вашата компанија била не треба да биде на така високо ниво.

Сега планирам да пишам и до Организацијата на потрошувачите на Македонија, а можеби и до Државниот пазарен инспекторат.
Ќе видиме дали и што ќе одговорат.

Дополнување 1 - одговор од ОПМ:
Pocituvan g-din Nakov
Vnimatelno go procitav vasiot problem i mislam deka ste vo pravo. 50 deni se platezno sredstvo vo Makedonija i kako apoeni postojat i mozat da se trebuvaat. Za zal trgovcite ne go pravat toa a cenite gi formiraat bez da bidat zaokruzeni na denari , pa uslugata ili proizvodot vi go naplatuvaat sekogas poskapo za 50 deni bidejki nemoza da vi vratat.
Za nastanatiot problem treba da se obratite do Drzavniot pazaren inspektorat na tel 3220 547 koj go ima nadzorot nad Zakonot za zastita na potrosuvaci.

Ваши искуства?

Корисни телефони:
Организација на потрошувачи на Македонија - 02 3179-592
Државен пазарен инспекторат - 02 3220 - 547
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Со среќа со жалењето што да речам....
Затоа само кеш какви картички какви сметки, парите што ги давам сакам да ги гледам и парите што ги примам сакам да ги гледам, а не да бидат бројка на монитор.
Му го заборавив името на фудбалерот во Италија каде што за автомобил од 200 000 евра мафијата му наплати преку неговата картичка 700 000 евра. Кај ќе се жали тој во земја на ЕУ?
Немој случајно да све помислиле да бркате правда преку некоја си организација или пазарен инспекторат тие се апарат на државна администрација и служат само за полнење на буџетот тоа е факт. Тужење на суд? Слободно нека тужи кој што сака, ако сака да се нервира и изгуби здравјето по судовите наши. Затоа ум и очите отворени што се купува како се купува цената заокружена на денари :toe:.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
А дали некој знае што се случува во случај одиш во продавница да речеме во поголем маркет земаш производ и ја гледаш цената на гондола... Одиш на каса ти ја наплаќаат помалку или повеќе не е битно ама различно од цената на гондолата... Какви се тогаш правата на потрошувачот еве да речеме ако ти наплатат повеќе може да се реагира и како? Бидејќи нормално ако ти наплатат помалку секој би бил среќен ;)... Значи ме интересира законски какво право имам дали е тоа ако маркетот во меѓувреме ја сменил компјутерски цената и запишал поголема а на гондола е помалата не е битно од која причина останала... Дали законски би требало да ми ја наплати по помалата бидејќи ако ми каже повисока јас можеби би одбрал друг производ.
Би сакал ако има некој вакво искуство да сподели и ако има стручен да посочи како би требало да се изреагира?
Благодарам однапред
 
Член од
27 октомври 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Pocituvani bi sakala da spodelam iskustvo a voedno i da pobaram pomos vo odnos na sledniot problem. Pred nekolku dena kupiv sukna od teranova i ja ja plativ so karticka. Presrekan sto kupiv sukna koja sto mnogu mi se dopada i mi bese tocna bidejki vprocem i tamu ja probav koga stasav doma si go praznev novcanikot od fiskalni koi sum gi sobirala so denovi i gi frliv megu koi i taa od teranova. Presrekna za suknata ja isprav so mlaka voda racno i otkako se isusi zemav da ja ispeglam i da ja oblecam.Togas imase i sto da vidam suknata od siva pocna da menuva boja rozevi ogromni krugovi. Ja odnesov na hemisko bidejki sakav da znam sto vsusnost se slucilo.Servisot ja ispral no me predupredija deka povtorno ke s epojavat i deka na toj nacin ke se sozdavaat trajni beli fleki. Suknata slucajno ja isprskav so voda i na mestata kade sto se namokri vednas stana rozeva i kako se susese tamu pak se pojavija fleki. Bev na rekalmacija vo TERANOVA i tie voopsto ne se iznenadija za problemot moj mi rekoa deka toa se slucuvalo i deka nekogas duri i sami ja zabelezuvale felericnata roba i ja povlekuvale. No mi rekoa deka nemozat nisto da storat bidejki ja nemam fiskalnata smetka. Jas i kazav deka so kartica e plateno i deka na izvod mi stoi koga e kupeno i koja e cenata tie izrazija zalene no mi rekoa ako ja najdete fiskalnata smetka dojde inaku nisto ne mozeme da storime. Jas i kazav deka smetkata ne ja cuvam bidejki koja e logikata jas da cuvam smetka koga sum kupila sukna koja tamu sum ja probala i mi bila ok sum stasala do doma so nejze i nema potreba ponatamu da ja cuvam fiskalnata. No na toa dragata prodavacka odgovori deka fiskalnite sekogas si se cuvale. Do koga dragi moi treba da gi cuvame? Do koga ke plakame visoki ceni za feler roba? Mozebi na pazar veke robata e pokvalitetna otkoku vo nasite zvuci prodavnici. Sto tuka jas mozam da storam znaci imam izvod vo koj pisuva deka sum kupvala vo TERANOVA i toa e samo toj prozivod gospodata imaat broj na smetka znaci mozat da pronajdat se ubavo kolku e naplateno i vo kolku casot duri i vo nivniot sistem no nisto od toa tie baraat fiskalna i se mrtvi ladni na toa sto prodavaat felericna roba. Sakav da go spodelam ova iskustvo so vas i dokolku imate ideja vo odnos na ovoj problem...


 
Член од
31 октомври 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Pocituvani
Toplifikacija spored moe mislenje treba i da se ispita kolku e pravilno go se meri protokot na potresena energija so vodomeri. kalorimetarot e vodomer. sto znaci deka vo zgradite kade sto se iskluceni porocuvaci kolicinata na voda sto pominuva niz pumpnata stanica e ist kako i prethodno samo pomal broj na korisnici go plakaaat.
Pozdrav
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Pocituvani
Toplifikacija spored moe mislenje treba i da se ispita kolku e pravilno go se meri protokot na potresena energija so vodomeri. kalorimetarot e vodomer. sto znaci deka vo zgradite kade sto se iskluceni porocuvaci kolicinata na voda sto pominuva niz pumpnata stanica e ist kako i prethodno samo pomal broj na korisnici go plakaaat.
Pozdrav
„ Мерењето “ на Топлификација не е точно и служи само да можат да доставуваат повисоки сметки.
Сега ќе се обидам тоа, во неколку збора да го објаснам, па ако не успеам те молам да ми поставиш дополнителни прашања.
При ова „ мерење “ се мери количината на вода која протекува низ подстаницата и разликата на температурата меѓу свежата и повратната вода. Тие што имаат постара мрежа со поголеми цевки и лиени - гусани радијатори, имаат во зградата поголемо количество на вода и кај нив температурата на повратната вода е пониска, а разликата поголема така да тие во старт „ трошат “ повеќе.
Но тоа не е крај на маките. После утринскиот старт, Топлификација ги искучува или намалува котлите и сега во подстаницата доаѓа вода со пониска температура, а од зградата во системот се враќа вода со повисока температура ( бидејќи претходно е згреана ). Практично зградата, враќа топлина во мрежата. Подоцна кога во радијаторите во зградата температурата уште ќе се намали, мрежата повторно ја враќа и регистрира оваа топлина која претходно е регистрирана и „ наплатена “ Бидејќи Топлификација перманенто цел ден ја менува температурата на водата, истата топлина ја наплатува повеќе пати.
Дека е ова така, можеш да се увериш, ако споредиш потрошувачка по метар квадратен на топлина на згради кои имаат лиени - гусани радијатори и големи профили на цевки и модерни згради со бакарни цевки и лимени радијатори кои имаат најмала количина на вода во системот. И едните и другите се оштетени и подкраднувани, но првите имаат многу поголеми сметки ( по два и повеќе пати повисоки )
Ова „ мерење “, воопшто не е точно и служи само да Топлификација наметне повисоки сметки. Мој искрен совет, за тебе и за сите други, е да се исклучиш од Топлификација. Сеедно е на што понатаму ќе се грееш, во секој слушај ќе имаш поефтино и подобро греење - бидејќи нема да те подкраднуваат.
 
Член од
28 декември 2012
Мислења
12
Поени од реакции
7
Deneska (28.12.2012) imam pazareno vo "praven" subjekt so ime "Super Srk" Market-Kumanovo Imam kupeno 4 suvomesnati proizvodi, kaskaval i sirenje i drugi proizvodi, pri sto so slucajna proverka doma voociv deka mereniot kaskavalot ima za 50grama pomala gramaza od izmerenata i naplatenata vo marketot. Otkako go voociv toa ja proveriv gramazata na site tamu kupeni proizvodi pri sto domasnata vaga pokaza za sekoj prozivod 50grama pomalku od izmerenata i naplatena vo marketot. Tocnosta na domasnata vaga ja proveriv na nacin sto na istata staviv neotpakuvan margarin "Kristal" so fabricka gramaza vpisana na proizvodot od 250grama pri sto vagata ja pokaza tocnata gramaza od 250 grama. Za da se uveram vo tocnosta na domasnata vaga izmeriv i pakuvan grasok "Pekabesko" so fabricka gramaza od 450grama, a vagata ja pokaza istata gramaza. Za mene nesomneno e deka vagata vo marketot ne e tocna, pri sto jas kako potrosuvac za kupenite proizvodi po moja procena sum ostetena za okolu 130denari. Zamislite kolku lugje imaat pazareno sega za novogodishnite i bozicnite praznici i koja suma ke se dobie ako samo jas sum oshtetena za okolu 130denari vo moeto da recam skromno pazarenje. Inaku kako dokaz gi cuvam kupenite suvomesnati i mlecni proizvodi neotpakuvani t.e neosteteni, zamotani so zalepena cena i gramaza na sekoj od niv. Fiskalnata smetka ne ja cuvam... Se mislam da podnesam prijava do Drzaven Pazaren Inspektorat, ama nekako sum skepticna deka toa neshto ke promeni... Poveke mi lici deka sebe ke se stavam vo neprijatna situacija...Mozebi poarno ke da e da se drzam do ona staroto... kako beshe ...."porano mislev deka mozam da go promenam svetot, a sega se trudam da se promenam sebe si".... i veke da ne se nerviram i zamaram koga ke vidam deka sum izmamena, da ja prifatam realnosta vo drzavava ni takva kakva shto e.... lopovska i korumpirana!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oбиди се и дади претставка во Пазарната инспекција. Тие се надлежни за контрола на мерењата во прометот.
Во Скопје интервенираат и за помали штети
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Вчера купив Кашкавал од тие вакумирани,вечерта кога го отворив беше позеленет,мувлосан...пошто сметка ја фрлив..ништо...другпат за памет.А незнам дали ќе ми го вратева.....:mad:
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
А дали некој знае што се случува во случај одиш во продавница да речеме во поголем маркет земаш производ и ја гледаш цената на гондола... Одиш на каса ти ја наплаќаат помалку или повеќе не е битно ама различно од цената на гондолата... Какви се тогаш правата на потрошувачот еве да речеме ако ти наплатат повеќе може да се реагира и како? Бидејќи нормално ако ти наплатат помалку секој би бил среќен ;)... Значи ме интересира законски какво право имам дали е тоа ако маркетот во меѓувреме ја сменил компјутерски цената и запишал поголема а на гондола е помалата не е битно од која причина останала... Дали законски би требало да ми ја наплати по помалата бидејќи ако ми каже повисока јас можеби би одбрал друг производ.
Би сакал ако има некој вакво искуство да сподели и ако има стручен да посочи како би требало да се изреагира?
Благодарам однапред
За жал, во скоро сите поголеми маркети и продавници редовна пракса е на производот на гондолата да е објавена една цена, а на каса да ти побараат повисока цена, најчесто со образложение дека уште не успеале новата цена да ја променат на гондолата. Но тоа не би требело да биде наш проблем, односно проблем на потрошувачот. Според законот, важечка е онаа цена која што е објавена, а не онаа која тие ја имаат во компјутер (односно во нивната „нова“ евиденција). Доколку тие не успеале навремено да ја променат цената таму каде што е објавена, тогаш тоа е нивни проблем, во иднина би требело да се потрудат да бидат поажурни, а не да ги ставаат потрошувачите во заблуда. Лично мене ми се има случено ваков проблем повеќе пати, скоро секогаш сум реагирал, касиерките само одмавнуваат со глава, но се случило и по интеревенција на нивните надредени (шефовите) да ја платам пониската (објавената) цена. Еве што вели Законот за заштита на потрошувачите токму на оваа тема:


Член 8
Трговецот мора на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин да ја истакне продажната цена на производите и услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава.
Продажна цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки.
Цената на производот, односно услугата, мора да биде означена во денари, освен ако со друг закон поинаку не е уредена.
Цена за единица мерка е цена за еден килограм, еден литар, еден метар, еден квадратен метар или еден кубен метар производ, или за некоја друга единица за количина која општо или вообичаено се користи при продажбата на производите.
Кај производите во рефусна состојба се истакнува само цената за единица мерка на продажното место на производот.
Цената за единица мерка не е потребно да се истакне кај претходно спакуваниот производ ако е еднаква со продажната цена на производот, како и за производите кај кои такви податоци со оглед на својствата на производите можат или би можеле да предизвикаат забуна.
Ако со друг пропис е определено истакнување на податоци за нето тежина за претходно спакувани производи, ќе се истакне цената за нето единица мерка.
Продажната цена мора да биде напишана на производот, односно амбалажата, на продажното место на производите, како и на производот во излогот. На производот, освен цената од ставот 4 на овој член, не смее да се истакнува друга цена. Цената за единица мерка за претходно спакуваниот производ се истакнува на продажното место на производот.
Трговецот мора да се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба.
Одредбите од ставот 9 на овој член не се применуваат за јавна и аукциска продажба, продажба на уметнички дела и антиквитети, како и на производите кои се набавени при нудење на некоја услуга.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Пред некое време зедов 2 млека за варење,, и двете се расипаа при варењето, и следен ден слегувам во продавница, носам опаковка од млеко, фискална сметка, во опаковките од подвареното млеко и го барам шефот... иди тој, младо дете вели не можам да ги заменам оти мене нема да ми ги признаат, му покажувам фискална (земени вчера) му покажувам опаковката (рок на траење уште 3-4 дена, и тој вели “од кај да знам јас кај ти ги чуваш млеката можеби на топло.... ме поднервира и малце подвисив тон... ми ги смени али вели ...појќе нема да ти ги менувам, а ако не ти чини - не купвај од тука млеко!! ... зошто??.... е така дојси пак па ќе видиш!, се нема пак случено но ако се случи (а одвај чекам да се случи пошто ме изнервира со понашање и ароганција) како да постапам во случајот??
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Пред некое време зедов 2 млека за варење,, и двете се расипаа при варењето, и следен ден слегувам во продавница, носам опаковка од млеко, фискална сметка, во опаковките од подвареното млеко и го барам шефот... иди тој, младо дете вели не можам да ги заменам оти мене нема да ми ги признаат, му покажувам фискална (земени вчера) му покажувам опаковката (рок на траење уште 3-4 дена, и тој вели “од кај да знам јас кај ти ги чуваш млеката можеби на топло.... ме поднервира и малце подвисив тон... ми ги смени али вели ...појќе нема да ти ги менувам, а ако не ти чини - не купвај од тука млеко!! ... зошто??.... е така дојси пак па ќе видиш!, се нема пак случено но ако се случи (а одвај чекам да се случи пошто ме изнервира со понашање и ароганција) како да постапам во случајот??
Повторно постапи остро и отсечно (но културно, без навреди), слободно повиши тон, сепак се работи за твои права, твои пари, не си ти тој што прави нешто недозволено, ТИЕ продаваат расипани продукти, ТИЕ треба да се извинуваат и да внимаваат. Обавезно пријави до пазарна инспекција и агенцијата за заштита на потрошувачи.
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Пред некое време зедов 2 млека за варење,, и двете се расипаа при варењето, и следен ден слегувам во продавница, носам опаковка од млеко, фискална сметка, во опаковките од подвареното млеко и го барам шефот... иди тој, младо дете вели не можам да ги заменам оти мене нема да ми ги признаат, му покажувам фискална (земени вчера) му покажувам опаковката (рок на траење уште 3-4 дена, и тој вели “од кај да знам јас кај ти ги чуваш млеката можеби на топло.... ме поднервира и малце подвисив тон... ми ги смени али вели ...појќе нема да ти ги менувам, а ако не ти чини - не купвај од тука млеко!! ... зошто??.... е така дојси пак па ќе видиш!, се нема пак случено но ако се случи (а одвај чекам да се случи пошто ме изнервира со понашање и ароганција) како да постапам во случајот??

Испринтај 10-20 листа и опиши го однесувањетво на шефот и залепи го на околните бандери најблиску до продавницата. Гледај да ставиш убав триаголен извичник на почеток на натписот за да привлече повеќе внимание. Ако си инает можеш да го направиш истово и со 50-100 листа. Нема да им биде сеедно на сопствениците на маркетот и луѓето ќе размислат два пати пред повторно да купат таму.


И ВЕ МОЛАМ ЛУЃЕ ДАЈ МАЛКУ БИДЕТЕ СЛОБОДНИ И ПИШУВАЈТЕ ГИ ИМИЊАТА НА ДУЌАНИТЕ КОИ ВЕ ОШТЕТУВААТ. СИТЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ЗНАЕМЕ КОИ ПРОДАВНИЦИ И МАРКЕТИ ИМААТ ЛОШ ОДНОС СО КЛИЕНТИТЕ!

Инаку јас лично често имам проблеми со Скопските продавници околу рекламација на продукти и слично, но бидејќи сум често доминантен во дискусии и си ги поткрепувам мислењата со силни аргументи десега сите ме обештетиле.
(Во Principe ГТЦ и ми имаат дадено вредносен ваучер со трикранта вредност од првичниот продукт поради лошиот однос на продавачката. Откако аргументирав со менаџерот, добив повеќе од што барав).

За да бидете успешни во дискусијата со продавницата околу обештетувањето секогаш чувајте ги фискалните сметки барем 3-4 дена. Јас моите ги чувам во новчаник по 1 до 2 недели и воопшто не ми сметаат.
Жените како поголеми шопохолици ги советувам секогаш да ги чуваат фискалните. Немаат оправдание затоа што имаат големи новчаници и ташни во кои секогаш има простор за минимум 100 фискални.
Исто така никогаш не влегувајте во конфликт со продавачите или претпоставените во продавниците. Има луѓе што долго време се бореле за својата позиција и многу лесно се навредуваат во такви ситуации. Едноставно аргументирајте и пролонгирајте ја дискусијата, обично или ќе ве обештететат без никаков проблем или ќе водат инает но после подолго пролонгирање на дискусијата ќе попуштат.

На крај ако некој дрско се однесува со вас и несака да ве обештети и покрај тоа што имате целосно право да бидете обештетени, не ја чувајте приказната за себе. Убаво опишете ја вашата приказна и постирајте ја на сите форуми, отворете блог и постирајте ја и таму. Постирајте ја и на фејсбук во Notes, нека знаат сите ваши пријатели. Многу често ваквите приказни добиваат големо внимание и имаат силен импакт врз продавниците. Неретко и менаџерите ќе ве побараат подоцна за да ви се извинат и притоа да ви надоместат неколкукратно (како неколку случаи со туристички агенции).

Ако дојде до ситуација да сакате да уништите туѓа репутација, тоа можете најевтино да го направите преку Facebook Ads адвертајзинг платформата. Добро таргетирана, негативна маркетинг кампања може да доведе било која продавница до колапс. Не за џабе во САД и многу други држави во светот важи стравотното правило Customer is always right.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Испринтај 10-20 листа и опиши го однесувањетво на шефот и залепи го на околните бандери најблиску до продавницата., добив повеќе од што барав).
Вака во МАкедонија Соња од Тата е едно од попознатите имиња од областа на измами, е таа беше казнета за измама и додека работеше во (мислам ИК или ЈИК банка) и иако сите ја знаеа како измамничка и ги доверија парите во ТАТ и иако ТАТ пропадна со стотици милони марки, и таа одлежа затвор пак се најдоа луѓе кои и доверија пари (од кога излезе од затвор) па и нив ги измами. Значи народ ќе пазаи секогаш ако мисли дека таму е поефтинко. Мислиш дека КАМ или Тинекс или ВЕРО ќе ги уништиш ако залепиш наоколу на бандери соопштение дека неќеа да ти вратат расипано млеко??!! Не би рекол. Али би ми било задоволство следен пат кога нема да ми вратат а имам уредна фискална, имам опаковка на која пиши дата и примерок од расипаното млеко, таму да се најдат 3-4 инспеекори (пазарни, санитарни, УЈП, трудова...) па да ги протресат убо да не им текне следен пат на муштерија да му кажат “ако не ти чини не купувај тука...“ или “од кај да знам јас дали ти дома го чуваш млекото во фрижидер“ или “ следен пат нема да ти сменам па макар имал и фисклална и опаковка со дата на рок на траење“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom