Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.208
- Поени од реакции
- 34.448
Колку добро ги знаете вашите потрошувачки права? Сте се почувствувале некогаш измамени или изманипулирани, а не сте знаеле дали и како треба да реагирате во дадената ситуација?
Купената роба не се враќа?
Сигурно досега во некоја од продавниците имате забележано натпис од типот "Купената роба не се враќа и не се заменува", или пак сте имале ситуација во која сте го замениле производот после долги караници, или воопшто не сте успеале да го замените производот... Ви го претставувам членот 50 од Законот за заштита на потрошувачите („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 38/04 од 17.06.2004 година) кој вели:
Член 50
Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.
Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:
- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен
износ или
- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.
Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
________________
Денар по денар...
Секако, друга работа што неверојатно многу иритира е наплатувањето на 0.50 денари повеќе на фискалните сметки. Каде што, нели, продавачите секогаш ја заокружуваат повисоката сума - ДУРИ И КОГА СЕ ВРШИ БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ (преку картичка) каде што наплатувањето на трансакција со 0.50 денари е возможно.
Еве еден случај од блогот на Новица, каде што тој го опишува своето искуство со наплата на сметка во „Макпетрол“. Цитирам:
„Макпетрол“ си земаат најголема слобода во оваа работа, барем според моето искуство. Сега имам и доказ дека тоа е така, но не знам дали ќе има некое фајде од тоа. Веќе им пишав на „Макпетрол“ преку нивната страница за контакт:
Откако дома ги проверив фискалната и сметката од банката видов дека при наплатата на Вашата бензинска пумпа, вработените ми наплатиле 0,50 денари повеќе.
Не ми е јасно зошто, кога инсистирате на прецизни фискални сметки, истовремено не ги наплатувате така прецизно, особено кога безготовинското плаќање го овозможува тоа.
Имајќи доверба, не ги видов сметките кога службеничката ми ги даде, па веднаш да ја исправам ситуацијата. Очигледно мојата доверба во Вашата компанија била не треба да биде на така високо ниво.
Сега планирам да пишам и до Организацијата на потрошувачите на Македонија, а можеби и до Државниот пазарен инспекторат.
Ќе видиме дали и што ќе одговорат.
Дополнување 1 - одговор од ОПМ:
Pocituvan g-din Nakov
Vnimatelno go procitav vasiot problem i mislam deka ste vo pravo. 50 deni se platezno sredstvo vo Makedonija i kako apoeni postojat i mozat da se trebuvaat. Za zal trgovcite ne go pravat toa a cenite gi formiraat bez da bidat zaokruzeni na denari , pa uslugata ili proizvodot vi go naplatuvaat sekogas poskapo za 50 deni bidejki nemoza da vi vratat.
Za nastanatiot problem treba da se obratite do Drzavniot pazaren inspektorat na tel 3220 547 koj go ima nadzorot nad Zakonot za zastita na potrosuvaci.
Ваши искуства?
Корисни телефони:
Организација на потрошувачи на Македонија - 02 3179-592
Државен пазарен инспекторат - 02 3220 - 547