ATP 250 & 500 | најава на турнири |

Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Се одлучив за сите АТП 250 турнири да имаме една тема во која ќе дискутираме за нив. Новата сезона (2013) со официјалните турнири почнува веќе од недела (30. декември 2012) и се очекуваат многу квалитетни тениски мечеви.
B28A869369B44F079BC2FDCECC9FA99E.ashx
ATP 250 Tournaments
B28A869369B44F079BC2FDCECC9FA99E.ashx

Во првата седмица од новата сезона ќе се одиграат 3 турнири од категоријата АТП 250, и тоа :

871F0612A1AE493DB611C3ABDF641459.ashx

Brisbane International (30.12.2012-06.01.2013)
Првите 8 носители на турнирот :
  1. Andy Murray
  2. Milos Raonic
  3. Gilles Simon
  4. Alexandr Dolgopolov
  5. Kei Nishikori
  6. Florian Mayer
  7. Jurgen Melzer
  8. Lleyton Hewitt
F561E7AC06AB4FE7B9DF7AFA2ABE6226.ashx

Aircel Chennai Open (31.12.2012-06.01.2013)
Првите 8 носители на турнирот :
  1. Tomas Berdych
  2. Janko Tipsarevic
  3. Marin Cilic
  4. Stanislas Wawrinka
  5. Benoit Paire
  6. Robin Haase
  7. Go Soeda
  8. Yen-Hsun Lu
841D321E8F5C45B783ED4FCFED2FA1CA.ashx

Qatar ExxonMobil Open (31.12.2012-06.01.2013)
Првите 8 носители на турнирот :
  1. David Ferrer
  2. Richard Gasquet
  3. Philipp Kohlschreiber
  4. Mikhail Youzhny
  5. Jeremy Chardy
  6. Viktor Troicki
  7. Feliciano Lopez
  8. Nikolay Davydenko
Се надевам дека со ова ќе се развие дискусијата за секој турнир, па макар да се работи и за овие од пониска категорија, исто така ќе има посебна тема и за АТП 500 турнирите, а пред секоја недела ќе има најавување на турнирите од таа седмица од моја страна или пак од страна на некој член што ќе изрази желба. Исто така може да се дадат и подетални информации во врска со турнирот за кој станува збор. :)
 
Интересен спорт, пратам чат пат. Годинава Федерер ќе се врати во права форма, па да ги видам пријателчињава од фб дали ќе го величаат толку Ѓоковиќ!
Инаку овие од СК преку таквото веќе се тенисов!
 
Интересен спорт, пратам чат пат. Годинава Федерер ќе се врати во права форма, па да ги видам пријателчињава од фб дали ќе го величаат толку Ѓоковиќ!
Инаку овие од СК преку таквото веќе се тенисов!
Доколку пратиш ке сватиш !
Novak-Djokovic-outlasts-Roger-Federer-to-capture-title-ATP-World-Tour-Finals-2012-200671.jpg

Сори за офф пост.
 
Едно прашање само до тебе кажи ми во тоа време кој бе беше конкуренција на Роже? тоа било минато види ја иднината. Да не спамаме беспотребано обрати ми се по пп.
 
Што правиме со општата тема за АТП? Што ќе се дискутира во неа?
Оваа јас мислам да биде како информатор за турнирите, во неа да не се коментира, туку ќе се претставуваат само турнирите, оти ако се коментира, ќе е каша попара направена.
И во инфото на турнирите може да се вметне и наградниот фонт, и кој тенисер ја брани титулата, доволно ќе е.
Ако се сложува Игор Ј. со ова, може да го забрише офтопикот на темата и да се продолжи така како што предложив, оти АТП општата тема и ќе нема некоја поента.
 
Што правиме со општата тема за АТП? Што ќе се дискутира во неа?
Оваа јас мислам да биде како информатор за турнирите, во неа да не се коментира, туку ќе се претставуваат само турнирите, оти ако се коментира, ќе е каша попара направена.
И во инфото на турнирите може да се вметне и наградниот фонт, и кој тенисер ја брани титулата, доволно ќе е.
Ако се сложува Игор Ј. со ова, може да го забрише офтопикот на темата и да се продолжи така како што предложив, оти АТП општата тема и ќе нема некоја поента.

Јас мислам дека би било подобро да се развива дискусијата во оваа тема за сите АТП 250 турнири, а во општата дискусија може да се дискутира само за некои општи вести, и така овде ќе може да ги коментираме мечевите во живо од помалите турнири (АТП 250), а со таа цел нема да се трупа општата тема со такви работи...
 
Ај тука тогаш да напишам, да не остане забаталена темата.
Луѓе го гледате ли бе почетокот на сезоната? Слабо нешто ми коментирате по темите во овој потфорум. А како што тргнала ќе биде доста интересна сезона..

Денес во Доха, Давиденко го плесна Ферер, и се пласираше во финале, па утре во финалето ќе игра против Гаске, Гаске го елиминираше Брандс од Германија, изненадувањето на турнирот.
Интересен е овој пораз на Ферер, но треба да се земе во обзир и исцрпувачката сезона која ја имаше, можеби и најдобрата во неговата кариера, со фантастичен скор, а и Давиденко кога не мести меч, тогаш знае да распали баш.

Исто и во Бризбејн се игра доста добар тенис, можеби и најдобар од трите што се оваа недела, таму настапува Енди Мареј, и ќе игра во утрешното полуфинале против Нишикори, во другото полуфинале се најдоа Димитров - Багдатис, Димитров во 1/8 финалето прво го порази Раониќ, а ден потоа и Мелцер, па така наговестува добра сезона.

И во Ченаи се игра тенис, утре на програмата е исто така полуфинале, Типсаревиќ е таму како најпознат тенисер и кој остана во четирите најдобри, во полуфинале ќе игра против Бедене од Словенија, во другото полуфинале се среќаваат Баутиста - Паире, има изгледни шанси Типсаревиќ со добра игра да го освои турнирот.
 
За сите будни, уживајте во тенисот на СпортКлуб+ , играат Димитров и Багдатис... одличен тенис. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom