Контрола врз интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата bogev4eboy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали некој го контролира интернетот ?


  • Вкупно гласачи
    53
  • Гласањето е завршено на .

bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Локација
Скопје
Здраво дечки,
Работам на семинарска работа за на факултет, па би сакал да го слушнам вашето мислење во врска со темата „Контрола врз интернет“.
Доколку сте во можност и сакате, можете да ја потполнете и анкетата.
Ви благодарам.
 
Дефинирај што мислиш под контрола на интернетот?
 
Дефинирај што мислиш под контрола на интернетот?
Дали воопшто некој го контролира интернетот и случувањата на интернет?
Дали истиот се користи за манипулација?
Што, како, зошто ... со аргументи и факти ...
 
Нормално (во оваа ситуација ќе го цитирам Дарди) тајните служби, само што нема да бидат саркастичен во овој случај.
 
1. Владите преку своите електронски информативни агенции вршат манипулација т.е. контрола на достапноста до одредена информација / цензура.
2. Секоја безбедносна служба си има свој оддел за сузбивање интернет криминал и следење. Таквата единица има бааѓи пристап до тоа кој што пребарува по Интернет
Последните истражувања покажуваат дека речиси 2/3 од содржините на интернет се штетни за младите Македонци. Регистрирани се 403 ИП-адреси кои, за помалку од една година, симнале 4.323 документа со детска порнографија.
а може и да следи муабети на чат (фејсбук, скајп, мсн...). Постојат специјални програми кои детектираат одредени зборови и негови синоними и сленг-форми (бомба, џихад, марихуана, хероин...) во скоро секоја форма на комуникација на Интернет. Големите разузнавачки служби имаат пристап до секој наш статус на фејсбук, до секој наш пратен и примен меил...
To control the world by controlling the Internet has been a dominant strategy of the US. http://www.globalresearch.ca/u-s-strategy-control-the-world-by-controlling-the-internet/20758
3. Најнова форма на следење се т.н. облак услуги (google drive, skyDrive, ubuntu one...) кои нудејќи можност за брза синхронизација на фајлови, на дофат имаат илјадници ваши документи, видеа, фотографии...
4. Google и Facebook нудејќи можност за автентикација преку мобилен ви знаат и генералии, локација, движење... и сето тоа за да вие наводно можете да имате брз пристап до вашите букмаркси, акаунти, или заради „безбедноста на вашиот профил“. Ви ги знаат сексуалните навики, здравствени проблеми, политички определби...
5. Некој чичко седнат у МВР на Димче Мирчев б.б. сега го чита ова што го напишав, а админите на форумов ја знаат и мојата точна локација...

Туку... што беше прашањето?
 
Интернетот е контролиран од својот создател - САД...
 
Ако не го контролираа интернетот тогаш како ќе ги откриваа сите оне терористи, педофили, хакери....значи контролата е добра работа.
Но што да кажат луѓето во Иран, Кина, Куба....
 
Интернетот не е создаден во САД :facepalm: Не пишувајте кога не знаете. Инаку е создаден во CERN. ;)
Го создале американците како воена мрежа така започнале развитоците на интернетот ..
 
Интернетот не е создаден во САД :facepalm: Не пишувајте кога не знаете. Инаку е создаден во CERN. ;)

Се гледа дека и ти многу знаеш па се најде и на него да го подучуваш...

Овој цитат го содржи точниот одговор, а на Википедија па да не ти кажувам колку информации имаш.
Го создале американците како воена мрежа така започнале развитоците на интернетот ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom