Викаш да бидеме објективни, а ми кажуваш како тоа Лејкерс нема да отидат во плејоф...
Да ми речеше дека до финале нема да стасаат или титула да освојат ајде де, ќе те разберам. Ама да ми расправаш како до плејоф нема да стасаат епа ебате објективноста ебате.
Не пцуј бе, полека ..........еееееее............ЕМ ШУТО ЕМ БОДЕ........тебе ништо не ти реков, што се јавуваш!
Mојот пост е многу пореален од твојава квази "објективност" без факти = пусти желби !
Aко сакаш да те лажам во ред, еве ке ти кажам:
ДА
... Lakers ке стигнат до финале
...............и сега поарно ти е на душичката ?!
Jас не сум крив што ти не си толку заинтересиран за другиве тимови =не ни пратиш очигледно и немаш јасна слика што се случува во лигава во моментов и кој каде е и колкав потенцијал има !
============================================================================
Aј да ти објаснам или барем ке се потрудам да ти ја доловам
ситуацијава на западов !
КЕ почнам од убедливо најголемото, позитивно изненадување во лигата оваа сезона =
Golden State Warriors. На форумов ама еден човек не видов да ги опцуе (јасно ми е дека 99 % од децава на форумов се залутани партизани колку да се умешаат у тема НБА) и преку таквото ми е да слушам само муабети за тимови ко Miami и OKC кои немаат ни Т од тимска игра, за жал , сеуште !
Никогаш не е доцна и ти да почнеш да им обрнуваш внимание и да покажеш некој респект кон тим кој на хартија беше на почетокот на сезонава смешен но досега се покажа над можностите и игра многу несебичен баскет кој носи резултати. Тоа не значи дека Warriors се претенденти за титула , но дефинитивно и да паднат во нивото на игра сепак за 8 место ке се одржат некако (би требало ) . Штета што избрзаа со Bogut...........овој е од големо значење за нив............но и без него играат без респект и исплескаа поштено многу "фаворити"............сега засега се мераци за најверојатно most underrated у лигава, со оглед дека и нема некоја звезда во тимов !
Rockets.............минатава година исто така многу не беа афирмирани на форумов...........оваа година само ради Брадава дигаат галама лугево тука и пред се дезертери од Thunder. Нема збор за брадата, покажа дека едноставно тој не е играч да дреме на клупа и дека со посолидна минутажа може да биде звер. Тука OKC може само да се сликаат ! Минатава година, Houston имаше многу подобра екипа од оваа денес. И кога распродадоа се за никакви пари сите мислеа дека готово е Rockets не ги бива.......е арно ама ко за беља на Lakers дечките ринат ! Лани тие кои следеа знаат дека Rockets испуштија плеј со катастрофална серија од 5-6 порази пред почетокот на плејот и ги почастија Utah со учество во плеј !
Utah.......... со носењето на Mo Williams ја пополнија онаа дупка во шутот за 3, кој единствено минатава година фалеше многу во играта на џезериве и се многу заебано тике.......
нема дилема дека за 8 место ке се борат и ке бидат пожилави од било кога !
В'ците од Minnesota..............имаат многу работи да наштимаат . Убаво тимче на хартија со звучни имиња и микс (не мислам на Jody meeks кој не може тројка да погоди и маа бунари ) од младо и старо.......уште Rики рибарот да не троши по 5-6 загубени топки по натпревар и да се ојача троа и да го управи шутот (со NY он ја е-а цела утамица)
и да се уиграат со тек на време ...........ете ти ја и Мiinnesota у плеј..........штета ке биде за нив да не одат............штета не штета, има многу тимови на запад ама само 8 ке одат !
Портланд .............иако со
rookie of the year кандидат , сепак многу загубија Портланд со тоа што туку така се откажаа и од Felton и пред се Crawford.......и двајцата играаат оваа година
феноменално, посебно Jamal кој е убедливо најголемо засилување на Clippers и убедливо најконзистентен играч кај нив од клупа!!!! Што е тука е , но и ПОртланд може да замрси многу работи за 8 место, а па да беа и овие двајцава од лани со оваа екипа Портланд ке газеа !!!!!
Но се си има своја цена ............Lillard е одлична работа..........но да не испадне ко Roy и Odden само на кратки стази........оти обично кај портланд се некако им идеа супер играчи со краток рок, со фабрички грешки = немаа срека ама ич !
ами
Dallas бе другарче.............Почнаа супер, без Dirk имаа супер серија на почетокот и се држеа , за да поседниве 7-8 партии многу паднаt...........Со Mayo и Collison + Дирк имаат многу кадарно
трио, уште да го служат нозите Дирк ........тука се одсекогаш потценетиот крапинец Kaman и Brand = одлично засилување на центарска позиција (е не Haywood) ..........Crоwder рукито се покажа во многу подобро светло од други рукија со набилдан рејтинг кои не вредат за к _р (бар до сега)..... Пензионерите Marion и Carter кои сеуште се доста солидни ........за Dallas e само прашање на време со толку нови играчи........кога и колку = хемија !!!!
Мене ми е јасно зошто многу фановите на OKC и Miami ги мразат Далас...........и генерално никој на форумов не ги есапи, од инат !
Првите 4 места на западот не се воопшто изненадување и не вреди за нив дискусија.................Clipps, OKC, Spurs, Memphis (иако Memphis нема клупа и ке го платат тоа у плеј а и шут за 3).....OKC таа па таа, двајца без тројца.......клупа никаква..........со 2 играчи титула не се освојува а и Westbrook, иако звер од играч, никако да контролира тоа страстите и на моменти ми оди со глааа у зид !
На некој дали му одговара играта на Clippers или не негов проблем , но вистината е дека Clippers може да биде само подобар со тек на време и тим каде на запад само Spurs е најсериозен предизвик за нив.......освен ако не се удават како у плеј минатава сезона.........само нека се ослободат од тоа плачкото LAmar Odom кој на сличен начин се лигавеше и во Далас минатава сезона ! (абе тој копук со толку годинин играње у Лејкерс не е чудно што толку е разлигавен).............Clipps се уште не го достигнале својот максимум !
Денвер е многу неконзистентен тим сега за сега а има огромен потенцијал......Кога играат играат нема пречка за нив, ама и знаат да бидат ептен со паметот на друго место.....си знаат фановите на Лејкерс минатава година кога се "заебаваа" со Денвер што ги снајде.......Многу очекувам од
Денвер , од оваа млада екипа!!!!!
============================================================================
Да резимираме = Utah, Wolves, Houston, Golden StATE, Denver, Dallas, Portland + првата четворка актуелна =
11 тимови без Лејкерс, кадарни за плејоф учество. Искрено, многу од овие тимови нааправија големи промени и за кои треба време и се уште не го достигнале оној оптимум или потенцијал кој се очекува од нивните фанови па и генерално ! Кога ке ја видиш табелата =од Memphis како 4 пласирани се до 12-13 место и нема голема разлика во моменталната состојба и учинок !
И сега бе Iceboy, ти се уште мислиш дека овие сите гореспоменати тимови нешто ке ви попуштат туку така да влезете во плејоф или се крстите некој од нив да попуштат во играта и да отидат со квалитетот за 360 па некако така да профитира Лејкерс и да ја скористи целата таа ситуација ?!
И сега како да ти гарантирам дека Лејкерс ке оделе плеј, кога ситуацијава и пред се играва на Лејкерс смрди во сите сегменти , со кој образ и аргументи ! Моето познавање едноставно не ми дозволува ! Ај баш ти, убеди ме, повели со факти : само немој оние излитени фрази "
Го знаеш ли Howard кој играч е?" или "
Знаеш ли дека и Steve NAsh игра за LA и како со Howard ке кинеле pick and roll" или KOBE бидејки давал по 40 поени = Тоа се "аргументи" на стара слава !
Го победивте NY пред некој ден и урааааа ...........готово е !
30 уткамици поминаа = речиси 40% од регуларниот дел.........ти веруј во што сакаш....во натприродни сили, можеби некој нов тренер ке ги управи ЛА, ке се уиграат можеби.......Тоа стварно не знам што ке биде со ЛА.........но дека на западот ке биде многу интересна битка за плеј и дека Лејкерс нема да бидат поштедени тоа е многу веројатно !
Clippers И NY ако не ја искористат оваа година шансата........................