Србија заради споменикот на Албанците се заканува со рушење и воена интервенција

Статус
Затворена за нови мислења.

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
27. ДЕКЕМВРИ 2012 - 13:56
Дачиќ: Ако не го тргнат споменикот во Прешево, ние ќе го тргнеме

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека доколку властите во Прешево и Бујановац не го отстранат сами споменикот на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе во центарот на Прешево, тогаш државата тоа со сила ќе го направи.

Тој кажа дека за споменикот е известена и меѓународната заедница и дека е тоа отворена провокација „со која сака да се покаже дека Србија не ја контролира својата територија“.

-Тоа апсолутно не е можно и може да се заканува кој сака, државата е појака од секоја закана и очекувам дека ова прашање ќе биде решено во следниве недели. Можевме да го решиме истиот ден, но покажавме добра волја да не доливаме масло на огнот. Но ако некој не сака со убаво, тогаш ќе сака со сила, рече Дачиќ.

Поранешниот командант на расформираната ОМПМБ Лјулзим Ибиши се закани доколку се чепне споменикот тој и неговоите соборци ќе земат пушки и униформи и ќе се спротивстават.

http://www.sitel.com.mk/dachikj-ako-ne-go-trgnat-spomenikot-vo-preshevo-nie-kje-go-trgneme


И Николиќ се заканува


Николиќ: Да се урне споменикот во Прешево и тоа сред бел ден
Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека државата мора да реагира и „на сред бел ден“ да го урне споменикот во центарот на Прешево посветен на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац, доколку тоа не го направат сами Албанците.
„Србија мора да реагира и Србија сигурно ќе реагира. Споменикот треба да го тргнат самите Албанци и нивните политички водачи на југот на Србија ако сакаат да покажат дека својот народ го водат кон подобар живот. Ако тоа не се случи, Србија треба на сред бел ден да го урне со таблата и да покаже дека такво нешто не е дозоволено со законите на државата“, рече Николиќ.
„Не може да се казнува човек кој има 0,2 промили алкохол во крвта и е потполно свесен или некој што поминал на црвено светло, а да им се простува на тие што ја руѓат државата и основните постулати затоа што биле многу“, изјави српскиот претседател.
„Па и криминалци може да има многу, но дали можат да ја победат државата“, праша Николиќ.
Тој истакна дека ја поддржува Владата на Србија во оној момент кога ќе ја донесе одлуката да се отстрани споменикот, тоа и веднаш да го направи.
„Подготвен сум на целиот ризик некој од домашната и светската јавност да ја нападне државата поради тоа. Тоа никаде во светот не е дозволено, па нема да биде дозволено ниту во Србија“, рече тој.
„Србија мора да покаже одлучност како што покажува во борбата против криминалот или инвестициите, така треба да постапи и кон ваквите наизглед безначајни работи. Ова сепак не е мала работа, се однесува на тоа дали злото се сече во корен или ќе се остави да расте?
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ајде ајде, баш од наши политичари немало ултиматуми!!!

Инаку поддршка за Србите. Преку кур веќе од прозападните гачки за соживот и останати тракатанци!!!
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.523
Поени од реакции
9.393
ха ха, ке имаат многу за рушење, и таму се накотени еден куп споменици, што е пожалосно уште се градат, нема да им ништо од рушење,само празни зборови.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Ако се случи нешто во Прешево , тој настан ќе има влијание и врз србите во Македонија.

Кај смее Дачич и Николич да се мешат во работите на општина Прешево , тие луѓе придонеле за демократизирање на Србија и затоа заслужуваат споменик.

Србија никогаш нема да има пристап на Косово , токму заради ваквите мали слободанчиња четничиња.

Непоправливи се.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Српски политичари имаат повеќе муда од нашите :) па така да очекувам дека ќе го срушат тоа албанско-планинско споменик.
--- надополнето: 28 декември 2012 во 13:57 ---
Ако се случи нешто во Прешево , тој настан ќе има влијание и врз србите во Македонија.

Кај смее Дачич и Николич да се мешат во работите на општина Прешево , тие луѓе придонеле за демократизирање на Србија и затоа заслужуваат споменик.

Србија никогаш нема да има пристап на Косово , токму заради ваквите мали слободанчиња четничиња.

Непоправливи се.
Господине Dardan-ia Се пишува Дачиќ а не Дачич (y) и се пишува Николиќ :)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ако под „нас“, мислиш на Албанците, тогаш да во право си.
"Под нас" мислам цел балкан без разлика срби,албанци,македонци и така натака (Сите во бивша Југославија)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Српски политичари имаат повеќе муда од нашите :) па така да очекувам дека ќе го срушат тоа албанско-планинско споменик.
--- надополнето: 28 декември 2012 во 13:57 ---

Господине Dardan-ia Се пишува Дачиќ а не Дачич (y) и се пишува Николиќ :)
Знам бе , демек многу мушки изиграваат овие , па треба потврди презимиња да имаат , не им личи тоа ДачиЌ.

Еве и други споменици кои ДачиЧ треба да ги сруши во неговата србија , а сепак немаат муда ни да ги спомнат:











 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ако се случи нешто во Прешево , тој настан ќе има влијание и врз србите во Македонија.
Ај малце подетално објасни ми го овој дел . И дали ако србите ги срушат спомениците на Учк во јужна Србија во знак на одмазда ќе тепате Срби во Македонија. И дали пред да тепате некој ќе барате лична карта или државјанство за да утврдите националност или ќе тепате по лична проценка.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Ај малце подетално објасни ми го овој дел . И дали ако србите ги срушат спомениците на Учк во јужна Србија во знак на одмазда ќе тепате Срби во Македонија. И дали пред да тепате некој ќе барате лична карта или државјанство за да утврдите националност или ќе тепате по лична проценка.
Не знам јас што како , но нема да биде весело , тоа знам.
Тоа го знае и Дачич , патем тоа е и неговата намера , да не го остава Балканот да напредува , мора да држат тензии.
Спомениците на УЧПМБ се градат одма после војната , а се градат сеуште, од кај сега после 10 години му текнува на овој дека тоа не смее да се направи , он и порано беше на чело на МВР.





Ова е нешто од втора светска војна



Овој е музејот посветен на Командантот на УЧПМБ - Ридван Ќазими - Леши

 
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
нема да им ништо од рушење,само празни зборови.
Грешиш другар ... србиве не се ко нас на албанциве да му чутат ... ќе го направат тоа
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Грешиш другар ... србиве не се ко нас на албанциве да му чутат ... ќе го направат тоа
Со ќутење без ќутење , споменици во Прешево ќе има , очекувам и други споменици да се постават во иднина.

Еве најдов потврда , пред еден месец поставен камен темелник на голем споменик на УЧПМБ , кај и да е во 2013-та и тој ќе биде завршен.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom