Биртии

W

Werther

Гостин
Sussaro кој е твојот критериум за биртија?
Мојот е да биде на претерано лоша локација и да нема повеќе од четири маси.

Ќе наведам и пример:Биртијата "Мерак" се наоѓа одма до пазарчето во Ѓорче 1,популарно ѓорчевци ја нарекуваат "Кај Зоки".
Mизерно уредена,3 масички,но затоа е најефтина во цело Скопје.

:)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062

Биртија е место каде има добра храна, добра кафанска музика, добра и ефтина пијачка, и не е ексклузивно место за помодари, туку ретко познато место за пријатно уживање, со пријатно друштво. Бритијашење ти е начин на живот.
 
L

Luki Junior

Јас може дома да си отворам биртија. Добра пијачка имам у подрум. Храна исто. Атмосфера закон. Требе да преградам од гаражата некој ќош... Маси имам, ѕвушници исто... Еј, добра идеја... :)
Ќе биде некој ден...
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас може дома да си отворам биртија. Добра пијачка имам у подрум. Храна исто. Атмосфера закон. Требе да преградам од гаражата некој ќош... Маси имам, ѕвушници исто... Еј, добра идеја... :)
Ќе биде некој ден...
Дуваџам! Јавуј.

Ќе зеам и 7.9-ката за на лов ак требе.
Татети има чифте некои или манлихер?
 
L

Luki Junior

Гостин
Дуваџам! Јавуј.

Ќе зеам и 7.9-ката за на лов ак требе.
Татети има чифте некои или манлихер?
Море некна за викнед едно 50 и кусур килца младо младо свинче, коа му запнааме другарите, песни, песни, сечи, печи, пржи, комшиите аман кажаа од нас... Слика би ставил како висе на чингел, ама тука има ного слабодушни, ќе ме пријават оти ставам несоодветни слики со крвишта..

Сега е модерно диви свинченца да се тепат...
Имал Кар98ца германцка на времето од дедо ми. Ама мама коа дојдела, морал да се оставе сос неа. Иначе дома ми се наваѓаа пачки со по 5, една бомба и еден пиштол, ама и них ги собра полиција (коа растурааме племјата да прааме гаража, цел сандак муниција најдееме за недај боже, оставен од дедо). Тетин ми зема нешто, и може да му ги потерам. Да се испукаме малко... Брачед ми е Волк, и кај него нешто се наваѓа....
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Тамам, среди ќошо и одиме...ја ваков ќе зеам, не е оваа, ама слична.

Па...и за волци и за гудиња ја бива.

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.027
Поени од реакции
24.639
Sussaro кој е твојот критериум за биртија?
Мојот е да биде на претерано лоша локација и да нема повеќе од четири маси.

Ќе наведам и пример:Биртијата "Мерак" се наоѓа одма до пазарчето во Ѓорче 1,популарно ѓорчевци ја нарекуваат "Кај Зоки".
Mизерно уредена,3 масички,но затоа е најефтина во цело Скопје.

:)
Мој критериум за биртија е едно место во Стара Чаршија. Жени што не личат на луѓе а не па на жени, патетична узика од кои ти се ствараат nагони за самоубиство со болна и бавна смрт, мода од која кловновите Биди и Бади ќе ти делуваат како облечени во Џан Франко Фере, паразитни створења кои се само терет на општеството, пошто не продуцираат ништо а само јадат лајна и тоа го претставуваат како уметност. Местото се вика Ла Кања и е котелот на се што е гнасолтилак, неморал, дволично и одвратно. Ама дури и таму чат пат одам, ќе ме завлечат некои другари или онака чисто од љубопитство да фатам некој сеир и да си поминам убаво од тој хумористичен аспект. Според тоа мојот критериум за биртија е едно, општо-прифатениот критериум е сосем друго и тој е меродавниот и така и ќе го дискутирам.

Што е тоа биртија, и кои критериуми треба да поседува едно место за да се нарече биртија? Да се пушта исклучиво турбофолк? Да има дупки на чаршафите? Да служат само турско кафе во филџани со импринт од лицето на Гоце Делчев, филџани што секоја баба ги има дома? Да се пуши нелегално внатре? Да има барем 2-3 тепачки на вечер? Се тоа се надворешни карактеристики и се меѓу главните симптоми дека се работи за биртија. Но симптомите не се исто со дијагноза и тие работи не ја дефинираат биртијата. Ако ова не ти е јасно ќе ти дадам пример. Ако те застане полицаец откако ти си правел осмица со колата, излегуваш и не можеш да врзеш 2 реченици одозгора и се сопнуваш и паѓаш на тротоар тоа се индикации дека си пијан. Меѓутоа ДОКАЗОТ дали навистина си пијан е само откога ќе дуваш или ќе ти земат крв. На суд ќе добиеш ти ако ти пишале казна само врз основа на тоа што не си знаел ни како се викаш.

Така е и со луѓето, биртиите ги дефинираат по тие надворешни симптоми и најчесто се во право. Меѓутоа тоа не е исправниот начин на дефинирање. И сељак и биртијата се гледаат по духот. Сељакот ти можеш да го облечеш во Армани, да го ставиш да живее во Менхетен, секој ден да оди на Опери, Балети, Премиери на филмови тој пак ќе си биде сељак по дух. Биртијата може да биде ултра луксузна, внатре да седат професори на факултет, доктори, архитекти, цените да се како во Монте Карло и да те служат батлери во фракови како Фон Карајан па пак да биде биртија. Ако човек со биртијашко искуство влезе во некој локал и ја осети биртијашката атмосфера без разлика на сите физички особини, тогаш дефинитивно е биртија. Ама тоа не го може секој. Исто како мене сега да ме прашаат дали Шатобријнадот од Бургоња берба 47-ма реално вреди 1200 евра шише, кога Мерлото од Прованса берба 54-та е сто пати подобар а кошта само 650. Ако домот е онаму каде што ти е срцето, биртијата е онаму каде што луѓето одат со цел да го извадат исконското сељачко во себе кој секој еден го поседува но не сите сакаат to acknowledge and embrace it. Во филмот Blues Brothers ќецот на пример ни е доловено како тоа изгледа во Амерички услови. Тотално различно од Балканските биртии. Различен ентериер, различен дрес код, различни пијачки, различна музика, различни танцувања. А сепак во есенцијата е биртија. Да го видиме сликовито тоа што го зборам, многу е поучно.

Од друга страна да разгледаме како тоа изгледа во Балканот

Доколку стручно се анализираат двете снимки ќе се сфати тоа што го пишувам. Тотално различни концепти од надворешен аспект а истата идеологија, или поетски-Една душа во две тела. Се надевам дека со постот ти помогнав тебе и на останатите заинтересирани во дефинирањето на биртијата и навлегувањето во сржта на нејзиниот идентитет односно-Што е биртијата во својота најчиста есенција?
 
A

AnFem

Гостин
Мој критериум за биртија е едно место во Стара Чаршија. Жени што не личат на луѓе а не па на жени
Ти си луд! Не знаеш каква жена сум запознала во Ла Кања, долга црвена коса, зелени очи кои те скаменуваат кога ќе те погледнат... :love:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ти си луд! Не знаеш каква жена сум запознала во Ла Кања, долга црвена коса, зелени очи кои те скаменуваат кога ќе те погледнат... :love:
Па тоа на чоек ли ти личи? ВЕШТИЦА МОР. НЕЧОЕК!
 
T

Tamora

Гостин
Еснаф кафаната на почетокот во пазарот во Битола после Гоцева порта мислам дека се вика е тука и дење и ноќе има жива музика , гостите сами го вртат местото на скара салати прат све е пијано мочано од газда до певаљки :D , + има два влеза во случај да се степат гостите да има секој од кај да излези .
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

Гоцева порта е ептен олд скул... непознавам некој под 35 години шо оди таму - читај не е за млади.

Мада зато жежо во влезо на пазаро, е ептен младалачка биртија, цените се поприлично нормални, сабота/недела е топ, музика има, амбиентот поприлично нормален...
 
Се искурназија и тие последниот пат кога бев Жежо не испокрадија ни натпишаја на сметката 1000 денари , башка плескавицата како Србија им е кога и да одиш се помала и помала е шо се однесува до гостите мнозинството се чеклази млади и тинејџерки пијани ;)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Се искурназија и тие последниот пат кога бев Жежо не испокрадија ни натпишаја на сметката 1000 денари , башка плескавицата како Србија им е кога и да одиш се помала и помала е шо се однесува до гостите мнозинството се чеклази млади и тинејџерки пијани ;)
Бројте си... за курнази, курнази се. Особено ако видат дека има поголема екипа собрана, и пивнуваат тро појќе. Охооо, точат ножојте. Се има случено да се пребројме кој шо пиел и да излези дека ни пишале пример 6 пива во сметката, а пиво на маса никој да не пиел...

За плескавица незнам, не сум љубител на мелено, и го избегавам. Пилешко/џигери/ребра/сирење, горе долу истото е.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
кажете ми само зашто стомна ја спомнавте во биртија???? и од кога сите толку шетачи по кафани станавте ???
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Orhideja vo Zdanec...

Jare vo Kozle....

Toa se kultni meani koi gi vikaat skotovite skopski deka se birtii.

Spored ociglednosta na nestaat, karakterno po lugjeto, Menada e kretenski bircuz kade izleguvaat istite faci od rani dveesti, sedat po kjosijna so pivo, go cuclaat i cekaat nesto da ebnat. Ocajnici, koi ostanaa ocajnici.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom