Sussaro кој е твојот критериум за биртија?
Мојот е да биде на претерано лоша локација и да нема повеќе од четири маси.
Ќе наведам и пример:Биртијата "Мерак" се наоѓа одма до пазарчето во Ѓорче 1,популарно ѓорчевци ја нарекуваат "Кај Зоки".
Mизерно уредена,3 масички,но затоа е најефтина во цело Скопје.
Мој критериум за биртија е едно место во Стара Чаршија. Жени што не личат на луѓе а не па на жени, патетична узика од кои ти се ствараат nагони за самоубиство со болна и бавна смрт, мода од која кловновите Биди и Бади ќе ти делуваат како облечени во Џан Франко Фере, паразитни створења кои се само терет на општеството, пошто не продуцираат ништо а само јадат лајна и тоа го претставуваат како уметност. Местото се вика Ла Кања и е котелот на се што е гнасолтилак, неморал, дволично и одвратно. Ама дури и таму чат пат одам, ќе ме завлечат некои другари или онака чисто од љубопитство да фатам некој сеир и да си поминам убаво од тој хумористичен аспект. Според тоа мојот критериум за биртија е едно, општо-прифатениот критериум е сосем друго и тој е меродавниот и така и ќе го дискутирам.
Што е тоа биртија, и кои критериуми треба да поседува едно место за да се нарече биртија? Да се пушта исклучиво турбофолк? Да има дупки на чаршафите? Да служат само турско кафе во филџани со импринт од лицето на Гоце Делчев, филџани што секоја баба ги има дома? Да се пуши нелегално внатре? Да има барем 2-3 тепачки на вечер? Се тоа се надворешни карактеристики и се меѓу главните симптоми дека се работи за биртија. Но симптомите не се исто со дијагноза и тие работи не ја дефинираат биртијата. Ако ова не ти е јасно ќе ти дадам пример. Ако те застане полицаец откако ти си правел осмица со колата, излегуваш и не можеш да врзеш 2 реченици одозгора и се сопнуваш и паѓаш на тротоар тоа се индикации дека си пијан. Меѓутоа
ДОКАЗОТ дали навистина си пијан е само откога ќе дуваш или ќе ти земат крв. На суд ќе добиеш ти ако ти пишале казна само врз основа на тоа што не си знаел ни како се викаш.
Така е и со луѓето, биртиите ги дефинираат по тие надворешни симптоми и најчесто се во право. Меѓутоа тоа не е исправниот начин на дефинирање. И сељак и биртијата се гледаат по духот. Сељакот ти можеш да го облечеш во Армани, да го ставиш да живее во Менхетен, секој ден да оди на Опери, Балети, Премиери на филмови тој пак ќе си биде сељак по дух. Биртијата може да биде ултра луксузна, внатре да седат професори на факултет, доктори, архитекти, цените да се како во Монте Карло и да те служат батлери во фракови како Фон Карајан па пак да биде биртија. Ако човек со биртијашко искуство влезе во некој локал и ја осети биртијашката атмосфера без разлика на сите физички особини, тогаш дефинитивно е биртија. Ама тоа не го може секој. Исто како мене сега да ме прашаат дали Шатобријнадот од Бургоња берба 47-ма реално вреди 1200 евра шише, кога Мерлото од Прованса берба 54-та е сто пати подобар а кошта само 650. Ако домот е онаму каде што ти е срцето, биртијата е онаму каде што луѓето одат со цел да го извадат исконското сељачко во себе кој секој еден го поседува но не сите сакаат to acknowledge and embrace it. Во филмот Blues Brothers ќецот на пример ни е доловено како тоа изгледа во Амерички услови. Тотално различно од Балканските биртии. Различен ентериер, различен дрес код, различни пијачки, различна музика, различни танцувања. А сепак во есенцијата е биртија. Да го видиме сликовито тоа што го зборам, многу е поучно.
Од друга страна да разгледаме како тоа изгледа во Балканот
Доколку стручно се анализираат двете снимки ќе се сфати тоа што го пишувам. Тотално различни концепти од надворешен аспект а истата идеологија, или поетски-Една душа во две тела. Се надевам дека со постот ти помогнав тебе и на останатите заинтересирани во дефинирањето на биртијата и навлегувањето во сржта на нејзиниот идентитет односно-Што е биртијата во својота најчиста есенција?