Ако сите овие не ја доловуваат вољата на Албанците, тогаш кој?
Сите у глас викаа амнестија за хашките случаи.
Добро што сакаш да постигнеш мене не ми е јасно, ги убедуваш македонците да не дружат и да не им веруват на своите пријатели албанци?
Од кај знаеш ти дали нечиј пријател албанец лаже и не е искрен кога кажува дека хашките случаи се злосторства и не заслужуват да бидат амнестирани, ги познаваш сите албанци во земјава им правеше анкета? како дозна? на протестот излегоа 10 000 албанци со скандирања учк етничка албанија умрете каури итн, и тоа се сите албанци во државава така? такви будали има со лопата да ринеш по земјава и албанци и македонци, дали кога групи македонци скандират мртов албанец добар албанец тоа значи дека секој македонец ги подржува во намерата сапун да ги варат? дали оние празноглави пиуни пред и во собрание што се глупираа се репер за сите останати граѓани?
Мнозинството во една група си влече на својата страна и тоа е неоспорен факт, војната остави тешки последици и недоверба помеѓу едните и другите но еј тука се сите на едно место, нема бегање, на работа, на улица, во школо, во сендвичара во зоолошка насекаде...
Има неколку начини да се реши проблемот:
Да се испоубиеме мегусебно...
Да се поделиме со граници и изградиме кинески зидови (само незнам како би идела таа поделба по шо у некои згради има и албанци и македонци, па ако има два лифта едниот ке биде македонски а у другиот со пасош ке треба да идат лугето)
Или да живееме како останатите луге во цивилизираниот свет....а коако би го постигнале тоа ако не се дружиме, социјализираме?
Училиштата во земјава се поделени на албанси и македонски паралелки, што направија властите за да ги здружат тие деца? ниту еден ебан заеднички час на најмалите ученици за колку толку да не се гледат како душмани...
Се родил нов член во хардкор албанска фамилија и му го врежиле во глава божјиот заповед број еден: ти си албанец, ти си муслиман, ова џамија е храм на твојот креатор еден и единствен алах олмајти, тие се каури и најголеми непријатели и душмани, ова е карта на голема албанија и твоја животна цел е таа теорија да стане реалност во пракса....
Се родил македонец во хардкор македонска фамилија, ти си македонец наследник на александар македонски и таканатаму сите тие храбри историски ликови, оваа карта е голема македонија и за неа живееме и ке умреме, ти си православен христијанин, оваа црква е божјиот храм на твојот еден и еденствен бог, друг нема, тие таму се Албанци кучиња, муслимани и за нив само гасна комора...
и овие два лика одат у школо каде продолжува перењето мозок во проширена и надградена форма...(памтам у основно историја имаше една слика каде е прикажана поделбата на македонија во минатиот век, карта на етничка македонија и четири раце од страна како грабат за да биде нели посликовито страшно, за да всади омраза кон останатите уште во најмала возраст, демек ако сега државава ги има тие територии мојот живот ке цвета, немаше да мора да станувам у 6 сабајле за на работа, ниту пак да плаќам данок на рекетарите од влада
И ајде сега наведи ми една причина зошто не би требало да се дружам со албанци? дека се лицемери, и да се што ми менува тоа?
и демек македонците не се, тие нема никогаш да те заебат, да ти забијат нож во грб, да те истепат невин на улица, јас еве немам пари за нова година да идам некаде, дајте браќа македонци ве молам како ваш сонародник, барем еден од цел форум илјадарка да ми прати по пп ке му оставам број на сметка...има ли таков браќа?
Национализмот е продолжена рака на религијата за перење мозоци, ретардирани идеологии со цел уназадување на човечкиот разум..