Koj razgranici be,gledas li sto si pisal?
Rapot ne e pravec,nema umetnost,nema znaenje.Sekoj moze program da sapusti od internet i da se narece muzicar,spored rapot.
--- надополнето: 27 декември 2012 во 16:04 ---
Za tebe vazi isto i posledniot moj post.
Не ти треба програма ако знаеш да работиш со инструменти. Знаеш дека со истите инструменти метал групи што свират можеш комотно да направиш и рап песна (од музички аспект зборам)?
Што се однесува до програми, програми има кои симулираат и тапани, и бас и гитари итн., кои се толку софистицирани, што не можеш да ја познаеш разликата освен ако сесијата не е снимана, па да видиш како се придуцира звукот. Само таквите програми не ги има на нет, и коштаат бајаги пари за некој да ги набави. Затоа најчесто познати бендови само ги користат, и некој среќник, кој финансиски може да си ги дозволи.
Верувај, не знаш колку рок и метал бендови подлегнаа на технолошкиот развој и интернетот, и на пример, ги користат програмите што ги спомнав. Убаво ти кажа членот погоре, трули јаболка има меѓу сите правци музика. Да го обвиниш само рапот дека зависи од софтверски програми за креација на звук е во најмала рака заклучок врз база на неинформираност. Имам другари кои се наклонети кон метал, и такви кои се наклонети кон рап, и доволно добро ги разбирам и двата правци, и квалитетот создржан во истите.
А не почнав така. Металот ми беше нешто ново, претходно единствено рок слушав како мал. Кога прват слушав рап и мене ми беше "смешна музика", ама менуваш мислење после некое време слушање на разни примери од истиот. Почнуваш да формираш почит кон самиот правец музика. Не е се црно и бело друже

.