Според Црквата, под поимот „напредок„ се подразбира духовно приближување на верните кон доблестите од Христа Бога, т.е. се подразбира, станување подобен/сличен на Христа Бога, не толку по тело, колку по душа и по дух. Тој напредок го опфаќа исполувањето на волјата Божја од страна на секој поединец во Црквата. “Конечна ’ цел на тоа напредување е Царството Небесно и Христово.
Според Светов, кој себе си се смета за самодоволен, под поимот „напредок„,општо земено, се подразбирање движење кон некоја недефинирана и, се чини, недостижна состојба и цел, кое (движење) опфаќа (се чини...) бесконечен број на степени на восложнување, со кое (восложнување) наводно, и ѓоамити, стануваме се‘ поблиски до некоја имагинарна состојба на „бездефектност„ во сите области од секојдневното живеење.
Таа состојба на бесцелно и бесконечно усовршување,т .е. напредување, има своја подлога во учењата од овосветовните мудреци, пред се‘, кај Хегел и неговата дијалектика, превземена и од Маркса, а која (дијалектика) „совршено„ се надоврзува на Дарвина и неговото учење за усовршувањето на видовите, со нивно „преоѓање„ од поедноставни кон посложени битија.
Е сеа, пошто ја имаме разликата помеѓу црковно-духовното и световно-материјалното напредување, ајде да видиме кој кого го спречува во неговото напредување, т.е. да видиме дали религијата или науката се „напредни„ или „назадни„.
Патем кажано, поимот „напредок„ е својствен искулучиво за последниве 150-200 г., оти буквално сите претходни општества, до ренесансот, беа конзервативни општества, кои имаа свое колективно сеќавање за совршеноста на примордијалниот поредок од Светот, за разлика од поновите или денешните фантазери, кои сметаат дека „...златниот век е пред нас...„
Извол‘те...